Наполеон Бонапарт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Наполеон I
Napoleon in His Study.jpg
„Императорот Наполеон во неговата работна соба во Тујлери“ од Жак-Луј Давид (1812)
Император на Французите
На престол 18 мај 1804 – 11 април 1814
(&100000000000000090000009 години и &10000000000000328000000328 дена)
20 март 1815 – 22 June 1815 (94 дена)
Франција 2 декември 1804
Претходник нема (самиот како Прв конзул на Првата Француска Република; претходниот владетел бил Луј XVI)
Наследник Луј XVIII (дејуре во 1814)
Крал на Италија
На престол 17 март 1805 – 11 април 1814
Крунисување 26 мај 1805
Претходник нема (самиот како претседател на Италијанската Република; претходниот владетел бил светиот римски цар Карло V)
Наследник нема (кралството се распаднало; следен крал на Италија бил Виктор Емануел II)
Сопружник Жозефина де Боарне
Марија Луиза Австриска
Деца
Наполеон II
Полно име
Неполеон Бонапарт
Династија Бонапарти
Татко Карло Буонапарте
Мајка Летиција Рамолино
Роден(а) 15 август 1769(1769-08-15)
Ајачо, Корзика
Починал(а) 5 мај 1821(1821-05-05) (воз. 51 г.)
Лонгвуд, Света Елена (Британска Империја)
Почивалиште Инвалидски дом, Париз
Потпис
Вероисповед формално католик, а впрочем деист

Наполеон Бонапарт (француски: Napoléon Bonaparte, 15 август 1769 - 5 мај 1821) — француски император, основоположник на многу реформи на Француската Револуција. Тој е еден од најголемите воени генијалци во XIX век; ја освоил цела Западна Европа и Египет, додека воведувал реформи во овие нови територии, цело време им гарантирал слобода на народите и дека ќе го подобри начинот на живеење. Тој самиот се крунисал за император на Франција во 1804 година и вовел реформи очекувајќи да го обедини незадоволниот народ. Неколку од Наполеоновите реформи се во употреба и денес.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Наполеон ги преминува Алпите од Жак-Луј Давид

Наполеон e роден на 15 август 1769 г. во Ајачо, на островот Корзика и e крстен како Наполеонe ди Бонапарте (во Франција неговото име станало Наполеон Бонапарт[1]). Тој е второто дете (од осумте деца) на Карло (Шарл) Бонапарт и Летиција Рамолино Бонапарт, и двајцата од повисоката корзиканско-италијанска класа. Но, Наполеон никогаш не бил професионален војник. Карло бил адвокат кој се борел за корзиканската независност, но откако Французите го освоиле островот во 1768, тој служел како обвинител и судија, и влегол во француската аристократија како гроф. За време на влијанието на татко му, Наполеон се изучувал на трошок на кралот Луј XVI, во Брине и Военото училиште, во Париз. Наполеон матурирал во 1785, на возраст од 16 години, и се приклучил на артилеријата како втор наредник.

Пред започнувањето на револуцијата, тој станал поручник (1791) во Корзиканската национална гарда. Во 1793, Корзика се декларирала како независна, а Бонапарт, француски патриот и републиканец, побегнал во Франција со своето семејство. Тој бил унапреден во капетан, за опседнувањето на армијата на Тулун, врз основа на тоа морнарицата, потпомогната од Британската флота, Жозефина де Боарне, првата жена на Наполеон предизвикала револт во републиката. Заменувајќи го повредениот генерал на артилеријата, тој со голема војска ја истерал Британската флота од пристаништето, а Тулун паднал. Како резултат, Бонапарт бил промовиран како бригаден генерал на возраст од 25 години. Во 1795, тој ја зачувал револуционерната управа со разделување на бунтовничките толпи во Париз. Во 1796 тој се оженил со Жозефина де Боарне, вдовица на аристократ, кој бил гилотиниран во Револуцијата, и мајка на две деца. Умрел на 5 мај 1821 година.

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Битката кај реката Нил[уреди | уреди извор]

Во август 1798 Француската флота под контрола на вицеадмиралот Франсоа Пол Бруе де Агаилие била разбиена од малата британска армада предводена од Хорацио Нелсон во битката кај Нил, кај местото Абу Оир Бај во Египет. Разбивањето го пропуштил Бонапарт, кој ја предводел експедицијата, а бил оставен во Египет. Во исто време разрушувањето на француската флота ја гарантирало поморската власт на Британците на Средоземното Море.

Империјата на Наполеон во 1811 година (Франција е прикажана со темносина, а земјите-сателити со светлосина боја)

Исто така во 1796, Бонапарт бил ставен за командант на француската армија во Италија. Неговата моќ и популарност во Франција го заплашиле Директориумот (тогашната влада), па затоа во 1798 година го упатиле во Египет каде што требало да ја попречи британската трговија со Индија. Но, оваа акција била осуетена со Нелсоновата победа кај утоката на Нил. Тој победил четири австриски генерали последователно, секој со супериорна надмоќност, и ги принудил Австрија и нејзините покраини да склучат мир. Склучил договор со Кампо Формио со услов Франција да ја задржи завладеаната територија. Во северна Италија тој ја пронашол Кизалпинската (Италијанска) Република (подоцна позната како Кралството на Италија) и си ја засилил својата позиција во Франција со праќањето на милиони франци како богатство за владата. Во 1798, за да ја спречи трговијата на Британците со Истокот, тој водел експедиција на отоманскиот Египет, кој го освоил. Неговата флота била уништена од британскиот адмирал Хорацио Нелсон, без негово присуство. Без размислување тој вовел реформи во eгипетските права и закони, укинувајќи го ропството и феудализмот со гаранција за основните права. Француските образовани луѓе тој ги водел со себе на почетокот на научното учење за старата египетска историја. Во 1799 тој не успеал да ја освои Сирија, но победил во една битка над Отоманците во Абу Оир (Абукир). На Франција, во меѓувреме, и се спротивставувала нова коалиција; Австрија, Русија, и помалку моќната поддршка од Британија.

Правилата на Наполеон во Франција[уреди | уреди извор]

Наполеон како Прв конзул.

Бонапарт, не толку скромно, решил да ја остави својата армија и се вратил назад да ја спаси Франција. Во Париз, тој се вклучил во заговорот против владата. Во државниот удар на 9-10 ноември, 1799 тој и неговите колеги ја презеле власта и установиле нов режим - Конзулатот. По негово уредување, Бонапарт, како прв конзул, имал речиси диктаторска сила. Уредувањето било променето во 1802 година за Бонапарт цел да живот биде конзул и во 1804 година се прогласил за император. Секоја промена што ја вршел добивал голема согласност од избирачкото тело. Во 1800 година тој ја осигурал својата власт со преминувањето на Алпите и разбивајќи ги Австријците кај Маренџо. Потоа тој преговарал за европски мир што ја установува реката Рајна за источна граница на Франција. Исто така се согласувал со папата (Конкорд од 1801 година), што придонело Французите да имаат домашна спокојност и да ја прекинат расправијата со Римската католичка црква за време на Револуцијата. Во Франција, администрацијата била обновена, внатрешниот систем бил упростен, а сите училишта биле под централна власт. Француските закони биле стандардизирани со Наполеоновиот кодекс, или народен кодекс, и уште шест кодекси. Тие ги гарантирале правата и слободата од Револуцијата, вклучувајќи рамноправност пред законот и слобода во религијата.

Воени подвизи[уреди | уреди извор]

Во aприл 1803 година, Британија, испровоцирана од агресивното однесување на Наполеон, ја продолжила војната на море. Две години подоцна Русија и Австрија се придружиле на Британија во нова коалиција. Наполеон тогаш ги оставил своите планови да завладее со Англија и ги насочил своите сили кон австро-руските трупи, победувајќи ги кај Аустерлиц на 2 декември 1805 година. Во 1806 година го зазел кралството Наполи и за крал го поставил својот постар брат Жозеф, ја конвертира Холандската Република во кралство за неговиот брат Луј, и ја установил Конфедерацијата на Рајна (повеќето германски покраини) со која што тој управувал. Прусија тогаш стапила во сојуз со Русија и ја нападнале конфедерацијата. Наполеон ги разрушил пруските трупи кај Сена и Ауерштед (1806) и руските трупи кај Фриланд. Во Тилсит (јули 1807), Наполеон направил сојуз со цар Александар и значително ги намалил границите на Прусија. Тој уште направил и помали државички во својата империја: кралството Вестфалија за неговиот брат Жером, војводството Варшава и др.

Наполеон пред сфингите во Египет.

Наполеон во меѓувреме го утврдил континенталниот систем, француско наметнување на блокада во Европа против британските добра, создаден за да банкротираат, како што тој ги нарекувал „нацијата на дуќанџиите”. Во 1807 година Наполеон ја освоил Португалија. Во 1808 година неговиот брат Жозеф го направил крал на Шпанија и му го доделил Неапол на неговиот зет, Жоашен Мира. По пристигнувањето во Шпанија Жозеф наишол на отпор, кој бил познат како Полуостровски војни. Наполеон кратко учествувал и постигнал победи, но по неговото заминување борбите продолжиле уште пет години, со британската поддршка на шпанската армија и герилите. Полуостровските војни ја чинеле Франција 300.000 несреќни случаи, неискажана сума на пари и придонеле за евентуалното слабнење на Наполеоновата империја.

Во 1809 година Наполеон ги победил Австријците кај Ваграм, припојувајќи ги и илирските покраини (сега делови од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора), а воедно ги укинал и папските земји. Исто така, се развел со Жозефина и во 1810 година се оженил со надвојвотката Марија Луиза, ќерка на австрискиот император. Според поврзувањето на неговата династија со старите правила во Европа тој се надевал дека неговиот син, кој се родил набргу во 1811 година, ќе биде со поголемо задоволство прифатен од афирмираните монаси. Во 1810 година, неговата империја го добила своето најголемо ширење со завладувањето на Бремен, Либек и други делови од Северна Германија, заедно со кралството на Холандија, следејќи ја силната абдикација на Луј Бонапарт.

Битката кај Аустерлиц[уреди | уреди извор]

Битката кај Аустерлиц е една од најдобрите воени судири предводена од Наполеон. Се одвивала на местото близу селото Аустерлиц (сега Славков, Чешка Република) на 2 декември 1805 година, меѓу француската војска од околу 68.000 и австро-руската војска околу 90.000. Некои ја нарекуваат „битката на тројцата императори”, бидејќи Наполеон, Францис I од Австрија и Александар I од Русија биле присутни на бојното поле.

Наполеон ги победил Австријците кај Улм во октомври и ја окупирал Виена, австрискиот главен град, во ноември, но дел од австриската војска останала недопрена и продолжила на север да му се придружи на рускиот сојузник кај Олмутц во Моравија. Наполеон бил предводен од идејата за брза победа, пред Прусија да може да ѝ се придружи на антифранцуската коалиција и да ги зголемат силите против него.

Наполеон напредувал сè до Брно во крајот на ноември и тогаш се повлекол на неколку милји, надевајќи се дека рускиот командант, принцот Михаил Иларионович Кутузов, ќе се обиде да го нападне, да му ја нападне страничната линија и дека ќе му ја пресече неговата линија на повлекување кон Виена. Антифранцуските сојузници тогаш го зазеле полето Процен западно од Аустерлиц, а на 2 декември Русите успеале да го нападнат десното крило на војската на Наполеон, како што и се надевал. Овој напад и уште еден од Австријците на левото крило биле одбиени. Од оваа гледна точка, Наполеон ја испратил неговата централна сила, под команда на маршалот Никола Султ, против сојузничкиот центар, кој бил слаб за да ги издржи страничните потези. По жестоката борба, Французите ја разбиле австриската и руската борбена линија и ја комплетирале маршрутата. Французите изгубиле 9.000 луѓе, а сојузниците околу 25.000. Како резултат од оваа победа тројната коалиција против Наполеон се распаднала.

Битката кај Маренџо[уреди | уреди извор]

Битката кај Маренџо, е победата на Наполеон Бонапарт над австриската армија во Војната на Првата коалиција (1792 - 1801). Пролетта 1800 година, Бонапарт, првиот конзул на Француската Репубика, предводел офанзива против Австријците, кои ја окупирале Северна Италија. На 14 јуни, австрискиот генерал Михаил фон Мелас со војска од околу 30.000 војници и стотина топови, го нападнале Наполеон кај Маренџо, северно од Џенова. Бонапарт, кој имал само 19.000 војници и 14 топа, бил принуден да се повлече. Мелас не успеал да ја продолжи неговата предност и Французите по добивањето на засилување, контранападнале и победиле. Тоа била прва од серијата победи на Французите што довело до завршување на војната, следната година.

Битката кај Лајпциг[уреди | уреди извор]

Битката кај Лајпциг, наречена Битка на нациите, била одлучувачкиот судир на француската армија на Наполеон, со оние на Австрија, Прусија, Русија и Шведска, водена од 16-19 oктомври, 1813 година, кај Лајпциг, Германија. Исплашен од коалицијата со загубата на виталната комуникација низ градот, Наполеон го чекал нападот на 16 октомври, но наредните денови на коалицијата, која била со огромна супериорност во однос на силата, ѝ се приклучиле новодојдени сили. Нападот започнал на 18 oктомври и рано изутрината наредниот ден, по девет часа борба, Наполеон наредил повлекување преку реката Вајсе Елстер. Во конфузијата, мостот на реката се кренал предвремено, пред да заврши повлекувањето, оставајќи 30.000 француски војници да бидат земени во притвор во градот. Последиците на двете страни се проценети меѓу 90.000 и 120.000 жртви. Сепак битката кај Лајпциг ефективно ја елиминирала Наполеоновата моќ источно од Конфедерацијата на Рајна.

Владеењето на Наполеон во Европа[уреди | уреди извор]

Феудализмот и искористувањето на селаните со владеењето на Наполеон биле искоренети и била воспоставена слобода на религијата (освен во Шпанија). На секоја земја и бил дозволен устав и парламент со закон. Бил воведен француски систем на администрација и правосудство. Школите биле ставени под централна администрација, а јавните школи биле во замисла. Високото образование било отворено за сите оние кои ќе се квалификуваат, без разлика на класа или религија. Секоја држава имала академија за промовирање на науките и уметностите. Плати биле обезбедени за еминентни образовани луѓе, особено за научниците. Уставната влада останала само ветување, но се реализирал голем напредок и зголемена ефикасност.

Дури по падот на Наполеон, народите на Европа почнале да ги ценат бенефициите кои неговиот систем им ги овозможувал.

Падот на Наполеон[уреди | уреди извор]

Инвазија на Русија[уреди | уреди извор]

Наполеоновото повлекување од Москва.

Во 1812 година, Наполеон, чие сојузништво со Александар I пропаднало, лансирал инвазија на Русија. Напаѓачката армија располагала со околу 530.000 луѓе и 1.000 топови. Наполеоновата војска успеала да навлезе во Москва, која ја напуштиле руските единици и голем дел од цивилното население. Наместо мир, напаѓачите доживеале отпор и зимското невреме сосема ги уништило. Кампањата завршила во катастрофално повлекување од Москва во 1813 година.

Првото прогонство[уреди | уреди извор]

По повлекувањето од Русија, цела Европа се здружила против Наполеон. Иако тој брилијантно се спротивставувал, сепак, немал никакви шанси на успех.

Абдикацијата.

Во април 1814 година, неговите маршали одбиле да продолжат со отпорот. Откако сојузниците го одбиле неговото доброволно симнување од тронот во корист на неговиот син, Наполеон безусловно абдицирал и бил прогонет на медитеранскиот остров Елба. Марија Луиза и неговиот син биле ставени во притвор на нејзиниот татко, императорот на Австрија. Наполеон никогаш повеќе не ги видел.

Битката кај Ватерло[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Битка кај Ватерло.
Враќањето од Елба.

Наполеон сепак успеал да направи драматично враќање. Во март 1815 година, тој побегнал од Елба, стасал до Франција и ги придобил силите испратени да го заробат. Во Париз, тој донел нов, подемократски устав и неговите ветерани од претходните битки го поддржале. Наполеон барал мир од сојузниците, но тие го одбиле, па тој нападнал прв. Резултатот бил пораз во Битката кај Ватерло, Белгија, на 18 јуни 1815 година.

Второто прогонство[уреди | уреди извор]

По поразот кај Ватерло, во Париз, толпите го молеле да продолжи со борбата, но политичарите не му пружиле поддршка. Наполеон побегнал во Рошфор, каде му се предал на капетанот на англискиот воен брод Белерефон.

Наполеон ја потпишал својата втора абдикација на 22 јуни; на 28 јуни кралот Луј XVIII бил вратен на францускиот трон, со што завршиле т.н. Сто дена. Британските власти го прифатиле предавањето на поранешниот император на 15 јули; подоцна бил протеран на островот Света Елена. Толку бил голем поразот на Наполеон, што Ватерло останал како синоним за огромен пораз.

Тој бил прогонет на Св. Елена, изолиран остров во југот на Атлантскиот Океан, каде останал до неговата смрт на 5 мај 1821.

Причина за смрт[уреди | уреди извор]

Гробот на Наполеон I

Причината за смртта на Наполеон била оспорувана во бројни прилики и контроверзноста останува до ден-денес. Франческо Анотомарки, докторот на Наполеон, како причина за смртта на Наполеон наведува рак на стомакот. Во 1955, во дневникот на Луис Мархенд, во значајна улога се појавува собарот на Наполеон. Неговите описи за Наполеон неколку месеци пред неговата смрт, остави многу заклучоци, но најмногу забележливите Стен Форшвуд и Бен Вајдер заклучиле дека тој е убиен со труење од арсен. Арсенот во тоа време се употребувал како отров кој не се забележува. Арсенот, исто така, се употребувал во тапети, како зелен пигмент, а се употребувал и во медицината. Во 2001 година Паскал Кинц, од стразбуршкиот судски институт во Франција, дал истражување за арсенската теорија со проучување на стадиумите на арсенот најдени во косата на Наполеон: тие биле 7-38 пати поголеми од нормалните.

Сечењето на коса во мали сегменти и анализирањето на секој сегмент поединечно доведува до тврдење за постоење на арсен во телото. Овие анализи од косата на Наполеон сугерираат на тоа дека големи, но не наеднаш дози биле консумирани во одреден интервал. Арсенот го ослабувал Наполеон и останувал во неговиот систем. Поскорашните анализи во журналот „Science et vie” покажуваат за зголемени концентрации од арсен, кои биле пронајдени во влакната на Наполеон и за кои се смета дека биле земени од 1805, 1814 и 1821 година. Главниот истражувач Иван Рикордел објавил статија дека ако арсенот е причина за смртта, Наполеон ќе умрел години порано. Арсенот во тоа време се употребувал како третман против сифилис. Овие откритија водат кон шпекулации дека можеби и Наполеон страдал од таа болест. Лекарскиот режим на Наполеон од неговите доктори бил третман со антимониум калиум титрид и доза од 600mg жива хлорид за да ги намали неговите болки во деновите пред неговата смрт. Група од истражувачи од Сан Франциско шпекулирале дека неговиот третман доведува до негова смрт со предизвикување на сериозни недостатоци на калиум.

Во мај 2005 година, тим од швајцарски лекари тврделе дека причина за смртта на Наполеон бил рак во стомакот, која е истата причина за смртта и на неговиот татко. Неколку судски извештаи тврделе дека Наполеон пред да умре тежел 76 килограми, а година порано тој тежел отприлика 91 килограм, потврдувајќи го резултатот на аутопсијата на Анто Марки. Тим од лекари од универзитетот Монт-тер-Спертоли, предводени од професор Вионди, ги потврдиле овие претпоставки. Во октомври 2005 година, се појавува ненадејно документ во Шкотска кој претставува документ за аутопсија, кој повторно го потврдува Анто Марки. Поскорашните анализи од етимологија и патологија, тврдат дека болеста на Наполеон била рак на желудникот.

Наследство[уреди | уреди извор]

Статуата на Наполеон во Париз

Наполеоновото влијание во Франција се забележува дури и денес. Спомени од него има насекаде низ Париз, посебно Триумфалната порта и центарот на градот кој биле изградени да ги одбележуваат сите негови победи. Исто така, државниот закон се нарекува кодексот на Наполеон, а и административниот и судскиот систем главно потекнуваат од Наполеон. Наполеоновите радикални реформи во сите делови на Европа и ја подготвувале земјата за револуција.

Во 1806 Наполеон Бонапарт, императорот на Франција ја започнува конструкцијата на Триумфалната порта како спомен за неговите победи. Триумфалната порта е висока 50 м и широка 45 м и се наоѓа во западниот дел на Елисејските полиња, во Париз. На ѕидовите од портата се испишани имињата на Наполеоновите генерали и неговите победи.

Наполеон бил отмен човек, никогаш сигурен, никогаш задоволен. „Моќта е мојата господарка” велел тој. Тој знаел да биде шармантен, но посебно се ценела неговата лојалност кон својата фамилија и кон неговите постари соработници. Не дозволувал никому да му се меша во работата. Наполеон бил понекогаш тиран но секогаш со голем авторитет, и еден кој верувал во водење на власта со мандат на народот. Тој бил голем просветен монарх, голем генијалец кој ги променил француските институции и се обидел да направи реформи во сите институции во Европа. Тој се обидел на Европа да ѝ подари постојан закон. Наполеон бил голем стратешки генијалец. Во Света Елена тој рекол „Ватерло ќе ги избрише спомените од сите мои победи“. Тој не бил во право, за добро или за лошо, тој е најзапаметен како генерал, а не по неговата напредна власт, и со право е наречен Наполеон Велики.

Легендата за Наполеон[уреди | уреди извор]

Култот за Наполеон како „човек од судбината” започнало уште во времето на неговиот живот. Всушност тој неговиот култ го започнал за време на неговата прва италијанска кампања со систематско публицирање на неговите победи. Како прв конзул и император ги повикува најдобрите писатели, артисти и уметници да ги величаат неговите дела и придонел за градење на култот во кој самиот се претставува како најголемата слава на Франција. Тој главно ја започнал револуцијата во Франција и понудил бенефиции кон Европа. Неговата цел била да ги пронајде европските држави „федерации од слободни луѓе”. Како и да е, тој станува херој на Франција и маченик на светот. Во 1840 неговите останки биле вратени во Париз на барање од кралот Луј Филип и биле погребани со голема помпезност и церемонија.

Поважни настани:

  • Во 1793 година тој имал инструментална улога во француското разбивање на Британците кај Тулон, по што тој бил промовиран во титула генерал-бригадир.
  • На 9-10 ноември, 1799 година бил пренасочен од француската влада и станал првиот конзул на покраинската влада.
  • На 18 мај 1804 година ја установил Франција како империја со него како император.
  • На 2 декември, 1805 година ги предводел француските трупи во победата над австриските и руските армии кај Аустерлиц (сега Славков, Република Чешка).
  • Во 1808 година завладеал со Шпанија и го прогласил својот брат Жозеф за крал, допирајќи до шестгодишните Полуостровски војни.
  • Во 1812 година завладеал со Русија, но бил принуден да ја отстапи по губењето на речиси 4/5 од својата армија.
  • На 11 април 1814 година бил принуден да го напушти престолот безусловно, откако коалицијата на европските земји го освоиле Париз, и бил пренесен како затвореник на островот Елба.
  • На 20 март 1815 година тој се враќа во Париз, откако претходно успеал да избега од Елба, и уште еднаш самиот се прогласил за император.
  • На 18 јуни 1815 година бил поразен за време на финалната битка кај Ватерло.
  • На 22 јуни 1815 година повторно го напуштил престолот и бил пренесен како затвореник на островот Света Елена.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Napoléon 1er, Empereur des Français

Извори[уреди | уреди извор]

  • Microsoft® Encarta® 1 (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:


Организации кои го проучуваат Наполеон[уреди | уреди извор]



Претходник
Луј XVI
Крал на Франција
Цар на Французите
1804-1814
Наследник
Луј XVIII
Крал на Франција
Претходник
нова титула
Цар на Французите
1814-1815
Наследник
Наполеон II
Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Наполеон Бонапарт“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).