Офицер
Изглед
Офицер е член на воените сили или на друга униформирана служба (на пример, полиција) кој има наредбодавна положба.
Застапеност
[уреди | уреди извор]Процентуалното учество на офицерите во воените сили е различно од земја до земја. На пример, во 2013 година, офицерите учествувале со 17% во британските воени сили[1] и 13,7% во француската армија.[2] Во 2012 година, 18% од германските воени сили биле офицери[3] и 17,2% од воените сили на САД.[4]
Меѓутоа, во минатото, офицерите биле значително помалубројни. Така, за време на Првата светска војна, помалку од 5% од британските воени сили биле офицери. На почетокот на XX век, само шпанската армија имала големо учество на офицерите од 12,5%.
Офицерски чинови
[уреди | уреди извор]Офицерите како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Офицерите како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Генерал“ — расказ на јапонскиот писател Рјуносуке Акутагава од 1922 година.[5]
- „Во сеќавање на мајорот Роберт Грегори“ (англиски: In Memory of Major Robert Gregory) — песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[6]
- „Адмирал“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски.[7]
- „Генералот на мртвата војска“ — роман на албанскиот писател Исмаил Кадаре.
- „Генерал во библиотеката“ (италијански: Un generale in biblioteca) - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[8]
- „На полковникот нема кој да му пишува“ — новела на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес од 1961 година.[9]
- „Поручникот Смит“ — поема на рускиот поет Борис Пастернак од 1926 година.[10]
Офицерите како тема во филмот
[уреди | уреди извор]- „Офицер и џентлмен“ — американски филм од 1982 година, во режија на Тејлор Хекфорд.[11]
- „Полковникот Редл“ — филм на режисерот Иштван Сабо (István Szabó) од 1985 година.[12]
- „Офицерот со роза“ — југословенски филм од 1987 година, во режија на Дејан Шорак.[13]
Офицерите како тема во музиката
[уреди | уреди извор]- „Храбриот капетан“ (англиски: Brave Captain) — песна на американската рок-група fIREHOSE од 1986 година.[14]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „UK Armed Forces Annual Personnel Report“ (PDF). Ministry of Defence. 1 April 2013. Посетено на 25 December 2015.
- ↑ „Défense : Jean-Yves Le Drian supprime 580 postes d'officiers de l'armée française en 2013“. Latribune.fr. Посетено на 2017-08-20.
- ↑ Pike, John. „Germany - Military Personnel“. Globalsecurity.org. Посетено на 2017-08-20.
- ↑ „2012 Demographics Report“ (PDF). Militaryonesource.mil. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-04-18. Посетено на 2017-08-20.
- ↑ „General“, во: Riunosuke Akutagava, Rašomon. Beograd: Plavi krug; Zemun: Neven, 2003, стр. 159-166.
- ↑ Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 92-96.
- ↑ Славко Јаневски, Како така? Зошто така? Сè да знае светов сакал! (Песните за деца). Скопје: Темплум, 2014, стр. 75.
- ↑ Italo Kalvino, Pre nego što kažeš „halo“. Beograd: Rad, 2001, стр. 41-46.
- ↑ Gabrijel Garsija Markes, Pukovniku nema ko da piše. Beograd: Sezam Book, 2012.
- ↑ Миливоје Јовановић, „Песник Борис Пастернак“, во: Борис Леонидович Пастернак, Песме и поеме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. IV.
- ↑ IMDb, An Officer and a Gentleman (1982) (пристапено на 4.3.2018)
- ↑ Pukovnik Redl, mađarsko-njemačko-austrijski film (пристапено на 23.11.2024)
- ↑ IMDb, Oficir s ruzom (1987) (пристапено на 4.3.2018)
- ↑ Discogs, fIREHOSE – Ragin', Full-On (пристапено на 4.12.2021)