Фридрих Хелдерлин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фридрих Хелдерлин (германски: Friedrich Hölderlin) (20 март 1770, Лауфен на Некар, Германија - 7 јуни 1843, Тибинген, Германија) - бил еден од најзначајните германски лирски поети од времето на романтизмот.

Портрет на Хелдерлин, дело на Франц Карл Хајмер

Во денешно време Хелдерлиновата поезија се смета за едно од најголемите достигнувања на германската книжевност. Во негово време таа била малку позната и веднаш по неговата смрт заминала во заборав. Исто како и Гете и Шилер, неговите постари колеги, и тој бил искрен обожавател на древната грчка култура. Хелдерлин пишувал оди, химни и легии. Од 1805 година бил во лоша психичка состојба и останатите години од животот ги поминал живеејќи во една соба во поранешната градска кула во Тибинген. За тоа време пишувал поедноставна и поформална поезија за разлика од порано.

Значајнни дела[уреди | уреди извор]

  • Патмос (Patmos), ова дело е химна
  • Рајна (Der Rhein), химна
  • Емпедоклеовата смрт (Der Tod des Empedokles), ова дело претставува недовршена драма.
Гробот на Хелдерлин


Дел од делото „An die Madonna“, напишано со ракописот на Хелдерлин.

Влијание[уреди | уреди извор]

Хледерлин извршил непосредно влијание или претставувал инспирација за бројни поети. Така, неговто име го носи една песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 102-104.