Роберт Шуман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роберт Шуман од1850 дагеротипија

Роберт Шуман (германски: Robert Schumann; Цвикау, 8 јуни 1810 - 29 јули 1856), германски композитор и музичар, еден од најзначајните претставници на романтизмот во музиката. Особено се истакнува како автор на клавирски минијатури и соло-песни, а компонира и камерна и сценска музика, четири симфонии и една опера[1].

Тој е роден во 1810 година во малото место Цвикау во фамилија на татко којшто имал книжарница, факт којшто рано го насочува малдиот Шуман кон книжевноста на поблиското и поддалечното минато на неговата земја. Во гимназиските денови тој е еден од основачите на литературниот кружок но од друга страна не го напушта пијаното кое што почна рано да го изучува. Од последните денови од гимназиското школување се јавуваат особености на неговата природа, повлеченсост, склоност кон фантазијата и чести промени на расположението што ќе бидат и главни особености на неговиот опуст во целина. Во 1830г. Шуман учи пијано кај познатиот педагог Фридрих Виг во чија класа се наоѓа и ќерката на Виг Клара чие свирење заедно со она на Игнац Мошелес и Паганини делуваат врз сето она што се труди да стане Шуман на тој план. Но од друга страна таквите стремежи паѓаат во вода кога Шуман доживеал несреќен случај со десната рака што трајно го оддалечува од пијаното и го насочува кон композиторската дејност. Утехата шуман ја наоѓа во творештвото и во љубовта кон Клара ќерката на неговиот учител 1840г. се жени со Клара, а првите оп. На Шумановото творештво сведочат за неговата инспирација која што потекнува од личноста на Клара. Првите 23 оп. Се посветени само на пијаното, од 1840г. настануваат бројни соло песни и само во рвата година од барокот напишал повеќе од 130 соло песни. Претходно во 1834г. Шуман го основал списанието “Нов муз. весник”,списание кое станува медиум за напредните идеи и за промоција на млади комоз. На пр-делото на Ј.Брамс. Во 1843г. Шуман станал проф. На конзерваториумот во Лајпциг а следната год. ја придружува Клара во Русија каде таа приредува низа на триумфални концерти што им обезбедуваат голема слава. По враќањето од Русија, Шуман претрпува нервни кризи, пати од несоница и исцрпеност и по совет од лекарите се сли во Дрезден каде го запознава Вагнер, но до некој позначаен контакт не дошле никогаш заради идеолошките разлии и различните карактери. Во 1850г. Шуман оди во Диселдорф каде го презема местото на диригент на тамошното муз. друштво но болеста го натерала да си замини. Во 1854г. болеста се развила до тој степен што тоје преместен во сенаториум за умноболни, а 1856г. умира во местото Енденик кај Бон. Иако млад како и бројните композ. на крајот од животот тој остава голем и разнороден опус. Пред сè неговите дела за пијано се многу значајни бидејќи во нив тој ја открива целата своја природа, и неговите интимни желби, и неговата љубов не само кон Клара. Меѓу делата за пијано не се истакнуваат оние апсолутни фрорми, туку циклусите на минијатури кои повеќе или помалку се идејно поврзани во изградена целина. Монотематизмот т.е принципот на варирање е главен во тие дела почнувајќи од оп.1 т.е варијации на тема “Абек”тонови изградени врз името на бившата љубов на Шуман. Најзначајното дело од овој вид се неговите етиди оп.13. во нив Шуман. техника на пијаното достигнува најголем врв. Границите на звучностана инстр. Се поместуваат до оркестарските размери.варијациите создаваат низа разнородни слики со етиден карактер и од таму доаѓа насловот на самотодело. Но лиот на Ш. е најпотполно потцртан во циклусот “Карневал” оп.9, низа од сцени врз 4 ноти. Во ова дело Шуман. На програмска основа вклопува бројни постоечки и непостоечки лиови како Пјеро, Харлекин, еизбегиус, Флорестан, но и ликови како Шопен или Паганини, творејќи една вистинска фреска за неговиот личен животен и творечки пат. Карактеристични се неговите циклуси-Албум за млади и „Детски сцени[2]. Првиот е наменет за изведба од страна на деца, но вториот циклус е сложена творба која зборува за детскиот свет. Тој остава и три сонати за пијано во кои ја покажува слободата во / таа класична форма каде внесува бројни романтични содржини во формата каде што Бетовен ја донесува до најголем врв. Шуман ја збогатува тех.во пијаното како и тех, за компонирање. Неговите богати хармонии,и неговата смисла за смели модлации и третманот на енхаронијата се негови знаци на личен пристап во изградувањето на делниците за пијано. Шуман е автор соло песната во градењето на тој жар нему му помага големото познавање на Герм. Култура, а својот врв во оваа форма да дававо 1840г. кога се жени со клара и кога меѓу другите настануваатпрочуените циклуси-Љубовта на жената и животот, Љубовта на поетот[3]. Во тие ремек дела, Шуман изнвонредно ги спојува тоно и зборот во една нераскинлива целина, а пијаното ја дополнува разновидноста на атмосферата потенцирајќи ја богатата хармонија врз основа на една драмска експресивност. Во таа смисла пијаното секогаш е завршен збор посли настапот на вокалот. Во камерните дела на Шуман. се истакнуваат неговите 3-гуд. квартети оп.41, пијано квартет оп.47 и пијано квинтет оп.44, 3 триа за пијано и 2 сонати за виолина. Ш. напишал 4 симфонии I-B-dur op.38,III-C op.61, III-Es op.97-Ранска и IV-d-op.120.Напишал и бројни увертири(Манфрад, Фауст, Геновева), а од конц. Дела најуспешни се конц. За виолина во g-moll и за пијано во a-moll, можеби најубавиот концерт за пијано од епохата на романтизмот во кој улогата на оркест. Стои во блиска врска со солистото, градеќи ја длабоката врска на тоа инспиративно дело. На планот на операта Шуман ја дава единствената “Геновева” опера од типот легендарно витешки опери. Гледано во целина неговиот оп. Дава траен придонес кон музиката,а неговиотуметнички став во времето во кое живее Шуман. задава голем удар на конзервативизмот и назадните сфаќања во муз. што неговото влијание се шири и надвор од границите на Германија[4].

Значење и влијание[уреди | уреди извор]

Еден кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година носи наслов „Како Роберт Шуман“.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Robert Schumann“. Архивирано од изворникот на 2021-01-27. Посетено на 2021-02-03.
  2. „Biography“. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Посетено на 2021-02-03.
  3. Robert Schumann (8 June 1810 – 29 July 1856)
  4. Biographical Listening: Intimacy, Madness and the Music of Robert Schumann
  5. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 153.