Божиќна приказна
Корица на првото издание (1843) | |
| Автор | Чарлс Дикенс |
|---|---|
| Изворен наслов | A Christmas Carol. In Prose. Being a Ghost Story of Christmas. |
| Илустратор | Џон Лич |
| Земја | Англија |
| Објавена | 19 декември 1843 |
| Издавач | Чепман & Хал |
| Текст | Божиќна приказна A Christmas Carol на Викиизвор |
Божиќна приказна (англиски: A Christmas Carol), познатa и како Божиќна песна — новела од Чарлс Дикенс, првпат објавена во Лондон во 1843 година, илустрирана од Џон Лич. Книгата ја раскажува приказната за Ебенезер Скруџ, скржав старец кого го посетува духот на неговиот поранешен деловен партнер Џејкоб Марли, како и за духовите на минатите, сегашниот и Божиќот што допрва доаѓа. По нивните посети, Скруџ станува пољубезен и поблаг човек.
Дикенс ја напишал Божиќна приказна во текот на раздобјето кога Британците ги истражувале и преоценувале минатите божиќни традиции, вклучително и песните, заедно со поновите обичаи како што се божиќните честитки и елките. На него влијаеле неговите сопствени искуства од младоста и божиќните приказни на други автори, вклучувајќи ги Вашингтон Ирвинг и Даглас Џеролд. Дикенс напишал три божиќни приказни пред оваа новела и бил вдахновен од посетата на едно од неколкуте лондонски училишта за сиромашни деца. Однесувањето кон сиромашните и способноста на себичниот човек да се откупи себеси со тоа што ќе стане посочувствителен лик се клучните теми на приказната. Меѓу академиците се дебатира дали ова е чисто секуларна приказна или христијанска алегорија.
Објавено на 19 декември, првото издание било распродадено до Бадник; до крајот на 1844 година биле објавени тринаесет изданија. Повеќето критичари ја оцениле новелата позитивно. Приказната била нелегално копирана во јануари 1844 година; Дикенс презел правна постапка против издавачите, кои банкротирале, дополнително намалувајќи ја малата добивка на Дикенс од објавувањето. Тој напишал уште четири божиќни приказни во следните години. Во 1849 година започнал јавно да ја чита оваа приказна, што се покажало толку успешно што учествувал во 127 понатамошни изведби до 1870 година, годината на неговата смрт. Божиќна приказна никогаш не излегла од печатот и е преведена на неколку јазици; приказната е адаптирана неколку пати за филм, театар, опера и други медиуми.
Божиќна приказна ја доловила викторијанската обнова на божиќниот празници. Дикенс го признал влијанието на модерната западна прослава на Божиќ и подоцна инспирирал неколку аспекти на Божиќ, вклучувајќи семејни собири, сезонска храна и пијалаци, танцување, игри и празнична великодушност на духот.
Содржина
[уреди | уреди извор]
Приказната е поделена во пет поглавја.
Прво поглавје
[уреди | уреди извор]Приказната започнува една мрачна, студена Бадникова вечер во Лондон, седум години по смртта на деловниот партнер на Ебенезер Скруџ, Џејкоб Марли. Скруџ, скржав старец, не го сака Божиќ и ја одбива поканата за вечера на неговиот внук Фред. Тој одбива двајца мажи кои бараат донација од него за да обезбеди храна и греење за сиромашните и само неволно му дозволува на неговиот превработен, недоволно платен службеник, Боб Крачит, платен слободен ден за Божиќ за да се усогласи со општествените обичаи.
Таа ноќ, духот на Марли, кој талка по Земјата заплеткан во тешки синџири и каси исковани за време на животот исполнет со алчност и себичност, го посетува Скруџ дома. Марли му кажува на Скруџ дека има една шанса да ја избегне истата судбина: ќе го посетат три духови и мора да ги послуша или да биде проколнат да носи свои, многу потешки синџири.
Второ поглавје
[уреди | уреди извор]Првиот дух, Духот на минатите празници Божиќ, го спроведува Скруџ низ божиќните сцени од детството на Скруџ, потсетувајќи го на времето кога бил поневин. Сцените го откриваат осаменото интернатско детство на Скруџ, неговата врска со неговата сакана сестра Фан и божиќната забава што ја организирал неговиот прв работодавец, господин Фезивиг, кој кон него се однесувал како со син. Запоставената свршеница на Скруџ, Бел, е прикажана како ја завршува нивната врска, сфаќајќи дека никогаш нема да може да ја сака толку колку што сака пари. Конечно, тие ја посетуваат сега веќе мажената Бел со нејзиното големо, среќно семејство на Бадник кога Марли умира. Скруџ, вознемирен откако го слушнал Бел како го опишува, бара духот да го отстрани од куќата.
Трето поглавје
[уреди | уреди извор]Вториот дух, Духот на сегашниот Божиќ, го носи Скруџ на пазарот каде веселите луѓе купуваат намирници за Божиќна вечера. Духот потоа го носи Скруџ на семејната гозба на Боб Крачит и го запознава со најмладиот син на Боб, малиот Тим, среќно момче кое е тешко болно. Духот го известува Скруџ дека малиот Тим веројатно нема да преживее доколку не се промени текот на настаните. Потоа, духот и Скруџ патуваат на божиќните прослави во рударска колиба, во светилник и на брод на море. Скруџ и духот потоа ја посетуваат Божиќната забава на Фред. Пред да исчезне, духот му покажува на Скруџ две грозни, изнемоштени деца по име Незнаење и Желба. Тој му вели на Скруџ да внимава на нив и ја исмева грижата на Скруџ за нивната благосостојба.
Четврто поглавје
[уреди | уреди извор]
Третиот дух, Духот на Божиќ кој допрва ќе дојде, му го покажува на Скруџ Божиќ во иднината. Тивкиот дух прикажува сцени каде умрел несакан човек, на чиј погреб присуствуваат локални стопанственици само под услов да си обезбедат ручек. Неговиот чистач, перачката и месниот гробар го крадат неговиот имот за да го продадат на препродавач. Кога Скруџ го замолува духот да му покаже една личност која покажува емоции зарди неговата смрт, тој го добива само задоволството на сиромашниот пар кој се радува што неговата смрт им дава повеќе време да ги средат своите финансии. Кога Скруџ бара да ја види нежноста поврзана со чија било смрт, духот му го покажува Боб Крачит и неговото семејство како тагуваат по смртта на малиот Тим. Духот потоа му дозволува на Скруџ да види занемарен гроб, со надгробна плоча со името на Скруџ. Липајќи, Скруџ вети дека ќе си го промени животот.
Петто поглавје
[уреди | уреди извор]Скруџ се буди на Божиќното утро како променет човек. Дава голема донација во добротворна организација што ја одбил претходниот ден, анонимно испраќа голема мисирка во куќата на Крачит за Божиќната вечера и попладнето го поминува со семејството на Фред. Следниот ден, на Крачит му дава покачување на платата, а подоцна станува татковска фигура на малиот Тим. Оттогаш, Скруџ се однесува кон сите со добрина, великодушност и сочувство, отелотворувајќи го духот на Божиќ.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Божиќна приказна на Standard Ebooks
- A Christmas Carol at Internet Archive
- A Christmas Carol e-book with illustrations
- A Christmas Carol Project Gutenberg free online book
- Using Textual Clues to Understand A Christmas Carol Архивирано на 21 декември 2018 г.