Чарлс Дикенс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чарлс Дикенс

Чарлс Дикенс (7 февруари 1812 - 9 јуни 1870), англиски писател, типичен претставник на реализмот во литературата. Писателите и уметниците настојувале да дадат што поверодостојна слика за жиботот. Во Франција реализмот во литературата бил претставен од страна на извонредни писатели како Оноре де Балзак и Гистав Флобер. Во Русија, но и во светот голема слава ќе достигне Лав Толстој, а во Велика Британија се појавил Чарлс Дикенс.Чарлс Дикенс бил извонреден познавач и хроничар на најсиромашните слоеви и борец против општествените неправди. Негови најпознати дела се романите „Оливер Твист“, „Давид Коперфилд“, „Николас Никлби“, „Големите очекувања“, „Мрачна куќа“ и „Малечката Дорис“ и други романи. Англискиот писател Чарлс Дикенс (1812-1870) е еден од најпознатите романсиери во светот. Во своите романи создал низа ликови со кои читателите се соживуваат и предизвикуваат сочуство кај нив. Тоа се ликови кои живеат бедно, понижено и обесправено и за нив како никој во општеството да не води грижа.Чарлс Дикенс бил исто така и новинар кој некои од своите дела ги објавувал во весниците како што го објавил и романот „Запис“.