Оливер Твист
„Оливер Твист“ (англиски: Oliver Twist) — роман на англискиот писател Чарлс Дикенс. Во него се опишува едно младо момче кое се соочува со секојдневните тешкотии на животот. Со оваа книга Чарлс Дикенс достигнал голема популарност, а врз основа на неа се снимени неколку филмови.[1],[2].
Содржина[уреди | уреди извор]
Романот содржи 28 глави.
Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]
- Во 2004 година, романот бил објавен од издавачката куќа „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“ во рамките на библиотеката „Лектирни изданија“. Преводот го извршил Димче Билјаноски, автор на илустрациите е Томе Манески, лектурата и коректурата ги направила Оливера Ќорвезироска, а дизајнот и графичкото уредување се дело на Жарко Туниќ. Книгата, со обем од 164 страници и со димензии од 21 сантиметар, е испечатена во печатницата „Напредок“. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-553-6.[3]
Осврт кон делото[уреди | уреди извор]
Во романот „Оливер Твист“ авторот пишува за судбината на сиромашните деца, укажувајќи на едно општествено зло, на рамнодушноста кон малите и незаштитени сирачиња. Главниот лик во романот, Оливер Твист, минува многу ускушенија во домот за сираци. далеку од родителската љубов и заштита, Оливер набрзо ќе ги почувствува суровиот однос на бексрупулозниот Бамбл и гладот како опомена за неговата неизведна и тешка судбина. На тој пат, Оливер треба многу нешта да издржи стоички, но и да промени многу нешта, и по цена на ризик, за да може да си обезбеди пристоен живот. Првото искушение на неговиот животен пат е сцената кога бара уште малку каша, а поради тоа е фрлен в затвор, а утредента за него е распишан оглас со награда за оној што ќе го преземе. Со тоа почнува новата епизода во животот на Оливер, кога тој работи како чирак во погребното претпријатие Сурбери, поднесувајќи ја тиранијата на сопственикот Ноа Клејпул. меѓутоа, кога Клејпул погрдно се изразува за неговата мајка, Оливер покажува ново, бунтовно лице. До оваа точка се одвиваат први два композициски елемента: експозицијата и заплетот, кои понатаму водат кон кулминацијата на дејствието. Бегството во Лондон отвора ново поглавје во животот на Оливер, кој станува дел од криминалното подземје под власта на изопачените злосторници Фејгин и Сајкс. Опишувајќи ги тие луѓе и настани, Дикенс мајсторски го води дејствието кон прашањето: Како натаму ќе тече судбината на малиот јунак? Пишувајќи за неправдата, Дикенс ја слави победата на правдата, а нејзините носители ги слика со голема љубов. Оттука, во романот има и позитивни ликови, како добриот Браунлоу кој прави сè да го докаже потеклото на Оливер и најпосле го посвојува, исполнувајќи ја последната желба на татко му на Оливер. Тоа е расплетот на романот во кој се открива дека „без голема љубов и благодарност на срцето никогаш не може да се почувствува среќата“. Опишувајќи го напатеното, горчливо детство на Оливер Твист, Дикенс покажал голема љубов кон сите обесправени деца, со порака дека неправдата може да се победи и дека мора да се стигне до вистината. Оттука, основната порака во романот е: да се верува во среќата и да се истрае на тешкиот пат до неа.[4]
Настаните во романот се опишани реалистично, со оглема животна уверливост при што авторот особено се задржува на оние моменти од животот на главниот лик кои треба да го доближат неговите карактерни црти, сфаќања и желби. Сентиментален по природа, Дикенс често го слика насолзеното лице на Оливер, верувајќи дека сочувството на читателот со малиот јунак ќе му помогне да се избори со тешкотиите. Во таа смисла, авторот верува дека нашето сочувство и љубов се израз на толку потребната хуманост која луѓето ќе ги направи многу посреќни.[5]
Онлајн текстови[уреди | уреди извор]
- Оливер Твист на Семрежниот архив.
- Oliver Twist на Проектот „Гутенберг“
- Oliver Twist — easy to read HTML version
- Oliver Twist Архивирано на 10 март 2007 г.—searchable HTML version
- Oliver Twist Архивирано на 28 ноември 2010 г. with various translations (French, Spanish, Italian, German).
- Oliver Twist - free user friendly PDF Архивирано на 21 мај 2010 г.
Критички анализи[уреди | уреди извор]
- When Is a Book Not a Book? Oliver Twist in Context, a seminar by Robert Patten from the New York Public Library
- Background information and plot summary for Oliver Twist, with links to other resources
- Article in British Medical Journal on Oliver Twist's diet
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Oliver Twist“. Архивирано од изворникот на 2021-01-05. Посетено на 2021-02-03.
- ↑ Oliver Twist
- ↑ Чарлс Дикенс, Оливер Твист. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 163-164.
- ↑ Веле Смилевски, „Роман за несреќното детство“, во: Чарлс Дикенс, Оливер Твист. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 157-160.
- ↑ Веле Смилевски, „Роман за несреќното детство“, во: Чарлс Дикенс, Оливер Твист. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 161.
|