9 јуни

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Јуни 2024 9 јуни — 160-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (161-ви во престапна година). Остануваат 205 дена до крајот на годината.

Настани:

68  Римскиот цар Нерон извршил самоубиство за да ја избегне смртната казна со која му била изречена од Римскиот сенат.
1534  Жак Картие станал првиот европеец кој пловел по реката Сент Лоренс.
1815  Завршил Виенскиот конгрес на кој е прекроена картата на Европа по поразот на Наполеон.
1967  На петтиот ден од Шестдневната војна Израел ја окупирал Голанската Висорамнина во Сирија и стигнал до Суецкиот Канал на територијата на Египет.
1999  По 78-дневно бомбардирање, СР Југославија потпишалa мировна спогодба со НАТО.

Родени:

1508  Примож Трубар — словенечки протестански преродбеник († 1586.).
1661  Фјодор IIIруски цар.
1672  Петар I — руски цар († 1725.).
1781  Џорџ Стивенсон — англиски инженер и пронаоѓач на парната локомотива († 1848.).
1891  Кол Портер — американски композитор.
1939  Чарлс Веб — американски писател.
1941  Џон Лорд — англиски рок-музичар, член на групата „Дип парпл“ (Deep Purple).
1943  Кени Барон — американски џез-музичар.
1961  Мајкл Џеј Фокс — канадски глумец.
1963  Џони Деп — американски глумец.
1963  Дејвид Коеп — американски сценарист и режисер.
1977  Предраг Стојаковиќ — српски кошаркар.
1978  Мирослав Клозе — германски фудбалер.
1980  Антони Геслен — француски велосипедист.
1981  Натали Портман — израелско-американска глумица.
1983  Теодора — принцеза на Грција.
1984  Весли Снејдер — холандски фудбалер.
1984  Алекс Расмусен — дански велосипедист.
1988  Сократис Папастатопулос — грчки фудбалер.

Починале:

68  Нерон — римски цар (р. 37).
1870  Чарлс Дикенс — англиски писател (р. 1812).
1994  Јан Тинберген — холандски економист, добитник на Нобеловата награда во 1969 година.
2011  Јосип Каталински — босански и југословенски фудбалер (р. 1948).
2016  Дарко Марковиќ — македонски карикатурист.
2018  Фадил Вокри — југословенски фудбалер од албанско потекло.
2022  Мет Цимерман — канадски глумец. (р. 1934).