19 јуни
Изглед
Предлошка:Јуни 2026 19 јуни — 170-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (171-ви во престапна година). Остануваат 195 дена до крајот на годината.
Настани:
| 1819 | Американскиот пароброд „Савана“ пристигнал на пристаништето во Ливерпул. Ова е првиот брод на водена пареа кој преминал Атлантикот. |
| 1862 | Конгресот на САД донел решение за укинување на ропството на својата територија. |
| 1913 | Започнало Тиквешкото востание — организиран масовен народен вооружен отпор против српската окупација на Македонија и посрбувањето. |
| 2014 | Филип VI бил крунисан за крал на Шпанија. |
Родени:
| 551 п.н.е. | Конфуциј — кинески филозоф. |
| 1269 | Елеонора — грофица од Бар. |
| 1623 | Блез Паскал — француски математичар, физичар, книжевник и филозоф. |
| 1781 | Џорџ Стивенсон — англиски инженер и пронаоѓач. |
| 1834 | Едгар Дега — француски сликар, графичар и вајар. |
| 1896 | Волис Симпсон — сопруга на кралот Едвард VIII. |
| 1906 | Ернст Борис Чејн — британски физиолог и биохемичар, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1945 година. |
| 1918 | Илија Милчин — македонски глумец, режисер, јазичар и преведувач. |
| 1933 | Ото Бариќ — австриско-хрватски фудбалер и тренер. |
| 1937 | Вилијам Пул — американски економист. |
| 1947 | Салман Ружди — британски писател со индиско потекло. |
| 1948 | Ник Дрејк — англиски музичар. |
| 1954 | Александар Стојановиќ — српски и југословенски фудбалски голман. |
| 1958 | Сергеј Макаров — руски и советски хокеар. |
| 1962 | Пола Абдул — американска поп-пејачка, |
| 1966 | Марјан Додовски — македонски политичар. |
| 1967 | Бјорн Дели — норвешки скијач. |
| 1970 | Владимир Пешевски — македонски политичар. |
| 1971 | Андреа Сарторети — италијански одбојкар. |
| 1972 | Брајан Мекбрајд — американски фудбалер. |
| 1975 | Берт Грабш — германски велосипедист. |
| 1978 | Дирк Новицки — германски кошаркар. |
| 1984 | Пол Дејно — американски глумец, режисер и продуцент. |
| 1987 | Саша Модоло — италијански велосипедист. |
| 1991 | Андреј Крамариќ — хрватски фудбалер. |
| 1996 | Лоренцо Пелегрини — италијански фудбалер. |
| 2002 | Нуно Мендеш — португалски фудбалер. |
Починале:
| 1500 | Едмунд — војвода од Сомерсет. |
| 1747 | Алесандро Марчело — италијански благородник, поет, филозоф, математичар и композитор. |
| 1820 | Џозеф Бенкс — англиски ботаничар. |
| 1867 | Максимилијан I — австриски надвојвода и цар на Мексико. |
| 1876 | Михаил Бакунин — руски револуционер. |
| 1946 | Хенри Сајмонс — американски економист. |
| 1949 | Владимир Назор — хрватски писател. |
| 1993 | Вилијам Голдинг — англиски писател, добитник на Нобеловата награда за литература. |
| 1997 | Георги Арсовски — македонски поет. |
| 2012 | Тале Огненовски — мекодонски музичар и композитор. |