Прејди на содржината

Илија Милчин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илија Милчин
Роден 19 јуни 1918
Прилеп, Македонија
Починал 11 март 2002(2002-03-11) (возр. 83)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Мис Стон
Македонска крвава свадба
Црвениот коњ
Јазол
Републиката во пламен
Курирот на Гоце
Време, живот
Бог да ги убие шпионите
Наши години
Занимање глумец, режисер
Деца Владимир Милчин

Илија Милчин (роден на 19 јуни 1918 во Прилеп - починал на 11 март 2002 во Скопје) — македонски глумец, режисер, јазичар и преведувач, почесен член на ДПМ.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Милчин е роден во Прилеп во 1918 година. Завршил право на Софискиот универзитет во 1942 година. Во периодот од 1944 до 1947 година работел како драматург, а потоа како глумец и режисер во Македонскиот народен театар во Скопје. Бил уметнички раководител и режисер на Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја, Пиринскиот дел на Македонија (1947-1948).

Од 1965 до 1968 година бил директор на Драмата на Македонскиот народен театар во Скопје. Неговиот преведувачки опус опфаќа голем број значајни дела од руски, хрватски, бугарски и француски автори. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Јован Стерија Поповиќ“, „13 Ноември“, „Војдан Чернодрински“.

Негов син е режисерот Владимир Милчин.

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Милчин има остварено бројни филмски улоги:[1]

Филмографија на глумецот Илија Милчин
Год.НазивУлога

|- style="background: Lavender; text-align:center; "

1950-ти
1958Мис Стон ТВ-филмЈане Сандански
1960-ти
1961Мирно лето ТВ-филмПрофесорот Нестор Гиевски
1961Пресметка ТВ-филмХасан-бег
1966До победата и по неа ТВ-филмАдвокат Страсев
1967Македонска крвава свадба ТВ-филмВалија
1968Стотиот чекор ТВ-филм/
1969Враќање од рајот ТВ-филм/
1969Републиката во пламен ТВ-филмЈаја Ефенди
1970-ти
1970Слики на дрво ТВ филм/
1970Човекот во црно Краток филм/
1970Александра ТВ филм/
1971Македонски дел од пеколот ТВ филмПолицискиот началник
1971Понижени и навредени ТВ филм
1973Залез зад езерската земја ТВ серија/
1975Парадоксот на Диоген ТВ филмВладимир Крстин-Борски
1975Волшебното самарче ТВ серија
1975Картотека ТВ-филм/
1976Последниот ден на Мистер Порфириј ТВ-филм
1977Исправи се, Делфина ТВ-филм
1977Пресуда ТВ филмГерманец
1978Златни години ТВ серија/
1978Курирот на Гоце ТВ серија/
1979Наши години ТВ серијаПолковникот
1979Хихирику Радио-емисија
1980-ти
1980Учителот ТВ филм/
1981Црвениот коњ ТВ-филмЛефтер
1981Булки крај шините ТВ серија/
1982Илинден ТВ серијаОмер Ружди-паша
1983Премиера ТВ филм/
1983Кога тетин Клименте шеташе над градот ТВ филмАнатол Шулц
1983Црвениот коњ ТВ серија/
1983Комедијанти ТВ серијаУправникот
1984Хихирику - 5 години ТВ-филм
1984Јуначко колено ТВ серијаКајмакамот
1984Белото Циганче ТВ серија
1985На наш начин ТВ серија/
1985Јазол ТВ серијаСтариот рабин
1986Климент Охридски ТВ филмЧеслав
1987Трето доба ТВ филм/
1987Ѕвездите на 42-таДавчев
1988-1993Еурека ТВ-серијаАлберт Швајцер
1988-1993Тврдокорни ТВ-серијаЕдип Паша
1990-ти
1992Заминување од Пасквелија ТВ филмСтариот Аргил
1992Време, живот ТВ филм/
1993Бог да ги убие шпионите ТВ филмЖан Дивалје
1993Крик на немиот индијанец ТВ филмСтариот хотелџија
1994Прекалени ТВ серијаМихаил
1995Ангели на отпадПрофесорот
1999Време, живот ТВ-филм
2000-ти
2001Агенција осамени срца ТВ-серија
  1. „Ilija Milcin“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]