Време, живот (филм)
„Време, живот“ | |
---|---|
Режисер | Иван Митевски |
Сценарист | Русомир Богдановски |
Главни улоги | Кирил Ќортошев Таска Балабанова Ненад Стојановски Петре Прличко Силвија Стојановска Тодор Николовски Душко Костовски Драги Крстевски Добрила Пуцкова Ванчо Петрушевски Нада Гешоска Панче Васоски - Камџик Илко Стефановски Гоце Тодоровски |
Жанр | мелодрама |
Музика | Љупчо Константинов |
Дистрибутер | Носталгија филм Министерство за култура МРТВ |
Премиера | 1999 |
Времетраење | ? мин. |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Време, живот — македонски игран филм по сценарио на Русомир Богдановски, а во режија на Иван Митевски. Музиката ја компонирал Љупчо Константинов.
Премиерата била одржана во 1999 година.
Кратка содржина
[уреди | уреди извор]„Време, живот“ е филм кој е преадаптиран од телевизиската серија од три епизоди „Трето доба“, снимена во 1986 година. Уште оттогаш замислата била да се премонтира во игран филм и да се префрли на 35-милиметарска филмска лента, но поради материјално-техничките услови, оваа идеја не се остварила тогаш и чекала подобри времиња. Условите за реализација на таа идеја се појавија дури по 13 години од снимањето на серијата. Во овој филм станува збор за животот на старите луѓе во градската средина како што е Скопје, за љубовта во т.н. „трето доба“ од животот, прикажана со блага нишка на хумор, и една лирска претпоставеност на карактерите. Протагонистите на оваа филмска приказна се луѓе кои работат на филм - од глумците, преку филмските техничари, па сè до статистите - во текот на снимањето на филм. Животните приказни на овие филмски работници им се испреплетуваат со приказните на ликовите од филмот чие снимање е во тек. Со неколкуте перипетии во кои тие стари, но витални луѓе покажуваат една завидна енергија, инвентивност и желба за живот и љубов, во филмот - полека но сигурно, се кристализираат односите меѓу нив, за на крајот, повеќето од нив да си ги пронајдат своите животни сопатници - и вон и во филмот, заклучувајќи дека во ниедно време од животот не е доцна да се живее со полна сила, и да се ужива во животот што на човека му е даден на располагање. Самиот ефект на изместеното време, онаа патина и оној дух што овој филм го носи со самиот факт дека повеќе од деценија нè дели од првичното снимање на - тогашната серија; потоа, ефектот на мекоцртач што произлегува од „blow-up”-от од 16-милиметарската на 35-милиметарска филмска лента, дава една романтична слика за луѓето и за годините кога добрината и луѓето не беа деградирани во цинизам и користољубие. Филмот така и завршува: секој со по нешто е во добивка: нова љубов, или пак возобновено пријателство... Но, затоа сите - со нов жар и нова енергија, го продолжуваат својот пат низ златната есен на нивните животи.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Македонски филмови
- Филмови од 1999 година
- Македонски дела од 1999 година
- Филмови со Петре Прличко
- Филмови со Тодор Николовски
- Филмови со Кирил Псалтиров
- Филмови со Киро Ќортошев
- Филмовви со Анче Џамбазова
- Филмови со Драги Крстевски
- Филмови со Ненад Стојановски
- Филмови со Ванчо Петрушевски
- Филмови со Добрила Пуцкова