Прејди на содржината

Црвениот коњ (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црвениот коњ
РежисерСтоле Попов
СценаристСтоле Попов
Главни улогиБата Живоиновиќ
Илија Џувалековски
Мето Јовановски
Ристо Шишков
Сабина Ајрула
Коле Ангеловски
Данчо Чевревски
Борис Чоревски
Столе Аранѓеловиќ
Мара Исаја
Младен Крстевски
Илија Милчин
Лиле Георгиева
Ацо Јовановски
Кирил Ристоски
Марин Бабиќ
Димитар Гешоски
Владимир Светиев
Александар Шехтански
Шишман Ангеловски
Драги Крстевски
Гоце Тодоровски
МузикаЉупчо Константинов
Александар Шехтански
Премиера1981
ЗемјаСР Македонија, СФРЈ
Јазикмакедонски, грчки, руски

Црвениот коњмакедонски филм, во режија на Столе Попов, а според сценариото на Столе Попов и Ташко Георгиевски. Главните улоги ги играле: Бата Живоиновиќ, Сабина Ајрула, Илија Џувалековски, Коле Ангеловски, Ристо Шишков, Борис Чоревски, Мето Јовановски, Данчо Чевревски, Ацо Јовановски, Илија Милчин, Димитар Гешоски, Младен Крстевски, Лиле Георгиева итн. Филмот е снимен врз основа на романотЦрвениот коњ“ на Ташко Георгиевски. Премиерата на филмот била одржана во 1981 година.

За малите екрани во 1983 година, била снимена истоимена телевизиска серија како преработка на првичните дејствија во филмот.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива од крајот на Граѓанската војна во Грција до почетокот на 1960-тите. Во филмот е прикажана тешката судбина на Борис Тушев (го игра Бата Живоиновиќ) и неговите другари, кои го трпат мачењето на грчката власт.[1]

Глумец Улога
Бата ЖивоиновиќБорис Тушев
Илија ЏувалековскиНикифор
Јорданчо ЧевревскиВани Јосмов
Коле АнгеловскиСујде
Радмила ЖивковиќОлга
Мето ЈовановскиВани Урумов
Лиле ГеоргиеваДрита
Столе АранѓеловиќНикола
Душан Јаниќијевиќкомандант
Илија МилчинЛефтер
Ацо ЈовановскиСабрија
Ристо ШишковСтавропулос
Владимир СветиевБелиот
Кирил Ристоскикомандир
Братислав Димитров
Шишман Ангеловски

Останати улоги  

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Антена, број 824, 11.4.2014, стр. 15.