Илија Џувалековски
Илија Џувалековски | ||
![]() | ||
Роден | 20 декември 1915 Прилеп | |
---|---|---|
Починал | 18 октомври 2004 Скопје | |
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Фросина Мис Стон Волчја ноќ Кота 905 Денови на искушение Црвениот коњ | |
Занимање | глумец |
Илија Џувалековски (роден на 20 декември 1915 во Прилеп - починал на 18 октомври 2004 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, режисер и педагог.
Животопис[уреди | уреди извор]
Пред Втората светска војна студирал Музичка академија во Белград. Во август 1944 година заминал на Вис каде под раководство на Вјекослав Африќ настапувал во Театарот на Народното ослободување. По кратко време заминал во Москва каде што станал член на уредувачкиот одбор на радио-станицата „Слободна Југославија“.
Во 1945 година се вратил во Македонија и се решил за актерска кариера. Првите успеси ги постигнал во Македонскиот народен театар во Скопје.
Во 1964 година заминал во Загреб каде настапувал за Хрватскиот народен театар, а од 1967 ја водел катедрата за глума на македонски јазик при Академијата за театар, филм и телевизија.
Во Скопје се вратил во 1972 година и продолжил со својата педагошка работа на Факултетот за драмски уметности, а истовремено и со својата актерска кариера, како на домашната, така и на меѓународната сцена.
Филмови[уреди | уреди извор]
Актерскиот придонес на Џувалековски на филмот не е ништо помал од театарскиот. Во својата актерска кариера остварува над 60 улоги низ кои ја изразува својата актерска индивидуалност.
Првата филмска улога ја добива во 1952 година во филмот „Фросина“. Глумел и во: „Волчја ноќ“, „Малиот човек“, „Мис Стон“, „Виза на злото“, „Дубровски“, „Мирно лето“, „Денови на искушение“, „Каде по дождот“, „Републиката во пламен“, „Јад“, „Томи од бензинската пумпа“, „Оловна бригада“, „Црвениот коњ“, „Јужна патека“ и други.
Препознатлив е и како Баба Мулон во серијата „Белото циганче“, снимена по истоимениот роман на познатиот македонски писател Видое Подгорец.
Награди[уреди | уреди извор]
Во 1977 година е добитник на наградата „АВНОЈ“, а во 1983 година ја доби и наградата „11 Октомври“ за животно дело.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Биографија на Македонскиот информациски филмски центар
- Илија Џувалековски на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|