До балчак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„До балчак“
To the hilt (2014) Poster.jpg
Промотивен плакат за филмот До балчак
Режисер Столе Попов
Продуцент Данчо Чевревски
Миливое Ѓорѓевиќ
Сценарист Горан Стефановски
Столе Попов
Настапуваат Ити Срај
Сашко Коцев
Мартин Јордановски
Тони Михајловски
Искра Ветерова
Сенко Велинов
Мики Манојловиќ
Никола Којо
Никола Ристановски
Драган Спасовски-Дац
Гораст Цветковски
Музика Дуке Бојаџиев
Кинематографија Апостол Трпески
Монтажа Атанас Георгиев
Благоја Неделковски
Премиера Македонија 14 септември, 2014
Времетраење 165 минути
Држава Македонија Македонија
Јазик македонски

До балчак (англиски: To the Hilt) — македонски филм од 2014 година во режија на Столе Попов. Филмот трае 165 минути. Сценариото за филмот го напишал Горан Стефановски, директор на фотографијата е Апостол Трпески, сценограф е Миленко Јеремиќ, костимограф е Емилија И. Атанасовска, а шминкер е Светлана Гутиќ. Улогите во филмот ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Ана Костовска, Гораст Цветковски, Владо Јовановски, Камка Тоциновски, Билјана Јовановска, Ненад Нацев, Горан Трифуновски, Ѓорѓи Котев, Дениз Абдула, Береда Решит, Бојан Велевски, Наташа Петровиќ, Адем Карага, Горан Јовановски, Сенад Абдули, Хајрулах Рамизи, Салаетин Билал итн.[1]

Продуција[уреди | уреди извор]

Филмот е снимен во продукција на „Триангл филм“, а во копродукција со „Сектор филм“, „Fх3х“ и Македонската радио телевизија. Главен продуцент на филмот е Данчо Чеврески од „Триангл филм“. Постпродукцијата е дело на продуцентската куќа „Fx3x“ од Скопје, а крајниот микс бил извршен во студиото „Барандов“ во Прага. Снимањето на филмот започнало во мај 2012 година, а филмот е сниман на локации во Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп. Финансиска и логистичка поддршка на филмот обезбедиле: Владата на Македонија, неколку министерства, Филмскиот фонд на Македонија, Македонската православна црква, „Македонски железници“ итн., а како официјални спонзори се јавуваат „Алкалоид“ и „Лукоил Македонија“. Инаку, овој филм важи за најскапиот филм во македонската кинематографија, чиј буџет изнесува 3,6 милиони евра, од кои 2,5 милиони ги обезбедила владата, а 500 илјади евра обезбедил Филмскиот фонд.[2] [3] [4] [5] [6]

На почетокот, филмот бил сниман во продукција на продуцентската куќа „Триангл“, но таа западнала во големи долгови, така што, по снимањето на филмот, за промоција и дистрибуција на филмот била задолжена Агенцијата за филм.[7] Подоцна, за време на снимањето на филмот се случил скандал кога умрел еден коњ, кому му биле дадени премногу инјекции за заспивање. Овој настан предизвикал големи реакции од друштвата за заштита на животните.[8]

Филмот започнал да се прикажува во кината на 18 октомври 2014 година, со премиерата во киното „Милениум“ во Скопје. Филмот бил македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар странски филм.[9] На 13 февруари 2016 година, филмот бил прикажан во Шведска, во рамките на „Balkan New Film Festival“, а во март учествувал на фестивалот „Febiofest“ во Прага, а бил прикажан и во Минхен, во рамките на 10. Денови на Балканот.[10]

Содржина[уреди | уреди извор]

Податотека:To the hilt (2014) Poster 2.jpg
Англиски плакат за филмот

Дејствието на филмот се случува во првата декада од XX век. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од било каква идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат „до балчак”. Поточно, сè е во знакот на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот, ако не си спремен да умреш за негo”. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во којшто се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот, низ македонската историја, исполнет со историски апсурди. Антивестерн, пандан на традиционалниот „Амerican Western“ или нешто што слободно би можеле да го наречеме „Маcedonian Eastern“, ова е филм што излегува од просторот на кој од памтивек се среќаваат и судираат западната и источната цивилизација.

Контроверзии[уреди | уреди извор]

Предозирање на коњ[уреди | уреди извор]

Една сцена од филмот прикажува мртов коњ, за која коњот требал да се успие со инјекција и да му се полее лажна крв. И покрај предупредувањата дека дозата е преголема и коњот може да умре од неа, екипата решила да ризикува и коњот пцовисал.[11]

Побуна на битолските дуќанџии[уреди | уреди извор]

На денот на премиерата на филмот дел од дуќанџиите од старата битолска чаршија се заканиле со протести и тужби, затоа што во 2012 година нивните дуќани биле затворени една недела, но и по две години подоцна не им биле исплатен предвидениот надомест.[12]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Форум Кајгана - Нов македонски филм: До балчак - приказна од дивиот исток (пристапено на 4.5.2014)
  2. "До балчак" ќе си ја бара среќата во Кан", Дневник, година XVIII, број 5454, петок, 2 мај 2014, стр. 21.
  3. Форум Кајгана - Нов македонски филм: До балчак - приказна од дивиот исток (пристапено на 4.5.2014)
  4. МКД - Прва клапа на филмот „До балчак“ (пристапено на 4.5.2014)
  5. Мактел (пристапено на 4.5.2014)
  6. Сребра Ѓорѓијевска, „„До балчак“ во завршна фаза, за публика - напролет“, Дневник, среда, 16 октомври 2013, стр. 21.
  7. „„До балчак“ ќе си ја бара среќата во Кан“, Дневник, година XVIII, број 5454, петок, 2 мај 2014, стр. 21.
  8. МКД - Продуцентот на „До балчак“ бесрамно излажа: коњот е жив! (пристапено на 4.5.2014)
  9. „Столе Попов: Посакувам Македонците да се идентификуваат со До балчак“, Дневник, година XVIII, број 5595, сабота-недела, 18-19 октомври 2014, стр. 17.
  10. „Филмот „До балчак“ на фестивали во Скандинавија, Германија, Чешка...“, Дневник, година XX, број 5995, понеделник, 22 февруари 2016, стр. 22.
  11. Свесно е убиен коњ на снимањето на „До балчак“ (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)
  12. Дуќанџии од Битола ќе протестираат на премиерата на „До Балчак“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]