Гоце Тодоровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гоце Тодоровски
Гоце Тодоровски.jpg
Роден 6 јули 1951 (1951-07-06) (71 г.)
Кичево
Националност Македонец
Познат По улогата во:
Македонски народни приказни
Бушава азбука
Балкан бенд
Трст виа Скопје
Солунски патрдии
Хихирику
Викенд на мртовци
Среќна нова '49
Тврдокорни
Црвениот коњ
Занимање Глумец

Гоце Тодоровски (р. 6 јули 1951 во Кичево) — македонски глумец.

По завршувањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на проф. Илија Џувалековски се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин е и во другите театарски куќи во Македонија.

Награди[уреди | уреди извор]

  • 1980 - Награда за најдобра улога за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“ на фестивалот за Театарски игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
  • 1986 – најпопуларно ТВ лице според ревијата анкета на весникот „Вечер“
  • 2011 - Награда за животно дело "Војдан Чернодрински"
  • 2020 - Награда св. "Јоаким Осоговски"

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога
1970.-те
1976 Цимерите од соба 306 ТВ-филм /
1977 Итар Пејо ТВ-серија
1978 Сеќерна приказна ТВ-филм
1979 Наши години ТВ-серија Цуне
1980.-те
1980 Учителот ТВ-филм
1981 Црвениот коњ ТВ-филм
1981 Седум секретари на небото ТВ-серија
1981 Булки крај шините ТВ-серија
1983 Записник ТВ-филм
1983 Ликвидатор ТВ-филм
1984 Хихирику - 5 години ТВ-серија
1984 Камчевци ТВ-серија
1984 Јуначко колено ТВ-серија Кирче
1984 Лет во место ТВ-филм Ангеле
1984 Другарувања ТВ-серија
1984-1985 Легенди и преданија ТВ-филм
1984-1985 Македонски народни приказни ТВ-серија
1985 Ајде да се дружиме ТВ-серија
1985 На наш начин ТВ-филм Бимбо
1985 Бушава азбука ТВ-серија
1985 Тетовирани души ТВ-филм
1985-1986 Крале Марко јунак стана ТВ-серија Крали Марко
1986 Солунски патрдии ТВ-серија Цанде
1986 Трето доба ТВ-серија
1986 - 1992 Македонски народни приказни ТВ-серија
1986 Среќна Нова '49 ТВ-филм Тодор
1987 Трст виа Скопје ТВ-серија Лаки Селимовски
1987 Театарче лево ќоше ТВ-филм
1987 Училиште на кловнови ТВ-серија
1988 Викенд на мртовци ТВ-серија Ацко
1988 Чук, чук, Стојанче ТВ-серија
1988 Тврдокорни ТВ-серија
1990.-те
1990 Викенд на мртовци ТВ-филм Ацко
1991 Елелига Пепелига ТВ-филм
1991 Болва в' уво ТВ-филм
1991 Поштар ТВ-филм Ловец 2
1991 Женски оркестар ТВ-филм
1992 Чудовишта во нашиот град ТВ-серија
1993 Црно бело во боја ТВ-филм /
1993 - 2000 Македонски народни приказни ТВ-серија
1993 Грев или шприцер ТВ-филм
1994 Пред дождот ТВ-филм
1994 Прекалени ТВ-серија
1995 Ангели на отпад ТВ-филм
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1998 Салон Хармони ТВ-серија Фидан
1999 Време, живот ТВ-филм
1999 Хихирику - 20 години ТВ-серија
1999 Каца ТВ-филм Митре
2000.-те
2000 Погрешно време ТВ-серија
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија
2000-2003 Македонски народни приказни ТВ-серија
2001 Ноќ спроти Свети Василиј ТВ-филм Докторот
2001 Агенција осамени срца ТВ-серија Џовани
2002 Наше маало ТВ-серија Ефтим
2003 Битолски лакрдии ТВ-серија
2004 Хихирику ТВ-серија
2006 Пусто турско ТВ-филм
2006-2009 Македонски народни приказни ТВ-серија
2007 Превртено ТВ-филм Царински службеник
2007-2010 Народни Приказни ТВ-серија
2008 Куќен совет ТВ-серија
2009 Балкан бенд ТВ-серија Гоца
2010.-те
2010 Азиланти ТВ-серија
2010 Царската е последна ТВ-филм Советник
2010 - 2012 Македонски народни приказни ТВ-серија
2012-2014 Тврдокорни ТВ-серија
2013-2015 Македонски народни приказни ТВ-серија
2014 До балчак ТВ-филм
2015 Збор ТВ-филм Трговецот
2016-2017 Македонски народни приказни ТВ-серија
2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм
2018 Ругање со Христос ТВ-филм
2019 Преспав ТВ-серија Гостин
2020.-те
2020 Зоки Поки ТВ-серија Дедото
2021-2023 Македонски народни приказни ТВ-серија
2022 Ручек ТВ-филм
2022-2023 Балканска приспивна песна ТВ-серија
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија

Поважни театарски улоги[уреди | уреди извор]

  • Лука Лукиќ – Ревозор од Гогољ, ДТС
  • Докторот – Веселата смрт од Евреинов, ДТС
  • Цанде – Солунски патрдии од Коле Ангеловски ДТС
  • Пантагруел – Пангуриј од Р. Богдановски
  • Царчето – Чудото на Свети Ѓорѓија од Р. Богдановски
  • Леле мале – Јадигар од В. Манчев
  • Питу – Сара Бернар од Џ. Марел
  • Генералот – Балконот од Ж. Жене
  • Ринго – Чија си од С. Насев
  • Ќорле – Кумови од К. Ангеловски
  • Кирца – Викенд на мртовци, од Коле Ангеловски ДТС
  • Полицаецот – Клаустрофоб, ДТС
  • Ангеле – Лет во место од Г. Стефановски, ДТС
  • Докторот – Болва во уво, ДТС
  • Ангеле – Лет во место, МКЦ
  • Селанец - Македонска крвава свадба, ДТС
  • Пријателот - Буре барут, ДТС
  • Таткото - Како да се ограби банка, ДТС

Надворешни врски[уреди | уреди извор]