Данчо Чевревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Jordancho Chevrevski (Partizanska Eskadrila).png
Роден 17 мај 1951
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Најдолгиот пат
Среќна Нова ’49
Курирот на Гоце
Тврдокорни
Занимање глумец

Данчо Чевревски (роден на 17 мај 1951 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцент.

Биографија[уреди | уреди извор]

Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес.

Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТРИАНГЛ. Денес работи како професор на ФДУ во Скопје, а воедно е и Декан на факултетот.

Во 2012 година, Комисијата за лустрација на Република Македонија го објавил Чевревски дека бил соработник на тајните служби во времето на СФРЈ.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога Белешка
1977 Најдолгиот пат Стефан
1975 Нели ти реков
1978 Златни години Чирак
1978 Белиот ѕид
1979 Курирот на Гоце Динко
1980 Оловна бригада Диме
1981 Пикник и тополи Крака
1982 Време за летала
1982 Јужна патека
1981 Козе
1984 Јуначко колено Иџко
1984 Исчекување Диме
1984 Нели ти реков
1984 Песок во автомобилот
1986 Климент Охридски Наум
1984 Хај-фај Матеј Бојановски
1987 Трст виа Скопје Бранко
1988 Тврдокорни Ѓорѓи Сугарев
1988 Облаци Бранко
1991 Тетовирање
1997 Џипси меџик Кенеди
2000 Последниот валцер Дамјан
2005 Крчма на патот кон Европа Прокоп
2007 Стапица Докторот
2009 Бунило Арсо
2011 Панкот не е мртов
2012 Ова не е американски филм
2014 Деца на сонцето

Надворешни врски[уреди | уреди извор]