Стево Спасовски
| Стево Спасовски | ||
| Роден | 25 ноември 1940
Скопје, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
|---|---|---|
| Починал | 30 март 2008 (возраст: 67) Скопје, Македонија | |
| Националност | Македонец | |
| Народност | Македонец | |
| Занимање | глумец | |
| Роднини | Стефан Спасов (внук) Јаков Спасов (внук) | |
| Деца | Драган Спасов-Дац (син) | |
Стево Спасовски (роден Стеван Спасов;[1] 25 ноември 1940 , Скопје — 30 март 2008 , Скопје) — македонски глумец, член во Младинско-детскиот театар (1959 — 1962), во Драмата на МНТ (1962 — 1964), а од 1964 година до пензионирањето во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал и во ТВ-драми, во серии, на радио и на филм.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Спасовски е роден во Скопје на 25 ноември 1940 година. Со професионална глумечка дејност почнал да се занимава од 1960 година, прво во Македонскиот народен театар, а потоа од 1964 година во Драмскиот театар во Скопје, сè до неговото пензионирање. Спасовски е добитник на наградите: „11 Октомври“ за улога во претставата „Косанчичев венец“ (1983), награда на ТИ „Војдан Чернодрински“, за улога во претставата „Тетовирани души“ во 1987 година, а истата година бил прогласен и за глумец на годината. Во 1988 повторно е награден на ТИ „Војдан Чернодрински“ за улогата во претставата „Клаустрофобична комедија“, а како заокружување на неговата глумечка дејност во 1999 година Стево Спасовски е добитник на наградата „Климент Охридски“, додека во 2001 година ја добил наградата за животно дело на ТФ „Војдан Чернодрински“. Син на Спасовски е познатиот глумец Драган Спасов - Дац.[3] Починал во Скопје на 30 март 2008 година.
Филмографија
[уреди | уреди извор]| Година | Филм | Улога |
| 1961 | Солунските атентатори ТВ-филм | Владимир Пингов |
| 1967 | Да видам што да бидам ТВ-серија | |
| 1969 | Републиката во пламен ТВ-филм | |
| 1971 | Понижени и навредени ТВ-филм | |
| 1971 | Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм | |
| 1972 | Истрел ТВ-филм | |
| 1972 | Настан можеби последен ТВ-филм | |
| 1973 | Смилевскиот конгрес ТВ-филм | Борис Сарафов |
| 1973 | Луѓе и птици ТВ-филм | |
| 1975 | Сребрено јаболко ТВ-филм | |
| 1977 | Итар Пејо ТВ-серија | Поп Петко |
| 1979 | Наши години ТВ-серија | Тане |
| 1980 | Учителот ТВ-филм | Јоаким Сапунџиев |
| 1981 | Црвениот коњ ТВ-филм | |
| 1982 | Илинден ТВ-серија | Доктор |
| 1982 | Едно лето ТВ-серија | |
| 1984 | Другарувања ТВ-серија | Професор по физика |
| 1984 | Диво месо ТВ-филм | Херчог |
| 1985 | Јазол ТВ-филм | |
| 1985 | Тетовирани души ТВ-филм | |
| 1986 | Солунски патрдии ТВ-серија | Киртаки |
| 1987 | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | Јаков Ароести |
| 1987 | За трошка среќа ТВ-филм | Ацо |
| 1987 | Случки од животот ТВ-серија | |
| 1988 | Марка ТВ-филм | |
| 1991 | Болва в' уво ТВ-филм | Ромен Тунел |
| 1991 | Тетовирање ТВ-филм | Професорот |
| 1992 | Чернодрински се враќа дома ТВ-филм | |
| 1993 | Светлосиво ТВ-филм | Ѓавол во срцето |
| 1995 | Уа шнајдери ТВ-серија | |
| 1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
| 1997 | Преку езерото ТВ-филм | Приест Николај |
| 1998 | Збогум на 20-тиот век ТВ-филм | Професорот |
| 2000 | Глас ТВ-филм |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Eden na Eden (2017-04-23), Еден на Еден - Драган Спасов - Дац, Посетено на 2017-12-07
- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1403
- ↑ „Драган Спасов – Дац: Се изборив да бидам Дац, а не синот на Стево“. Архивирано од изворникот на 2017-05-04. Посетено на 2017-01-23.