Солунски патрдии (ТВ-серија)
Изглед
| Солунски патрдии | |
|---|---|
| Жанр | Комедија |
| Создадена од | Миле Попоски |
| Режирана од | Коле Ангеловски |
| Улоги | |
| Земја на потекло | Македонија |
| Првичен јазик | македонски |
| Бр. на сезони | 1 |
| Бр. на епизоди | 3 |
| Производство | |
| Место на снимање | Куршумли ан, Скопје |
| Времетраење | 60 мин. |
| Прикажување | |
| Првична мрежа | МРТ 1 |
| Првично прикажување | 13 јули 1986 – 27 јули 1986 |
Солунски патрдии е телевизиска серија снимена во 1985 година во продукција на МРТ 1.
Серијата е снимена според истоимената драма на Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски која пак е напишана според делото на Марин Држиќ, Дундо Марое.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улуга |
|---|---|
| Благоја Спиркоски-Џумерко | Итар Пејо |
| Гоце Тодоровски | Цанде |
| Димче Мешковски | Секула |
| Ванчо Петрушевски | Сотка |
| Тодорка Кондова-Зафировска | Евдокија |
| Владимир Ангеловски | Целе |
| Трајче Иваноски | Јанкула |
| Снежана Стамеска | Пандора |
| Сабина Ајрула-Тозија | Фатиме |
| Марин Бабиќ | Божин |
| Мите Грозданов | Јоргос |
| Салаетин Билал | Јашар |
| Стево Спасовски | Киртаки |
| Рамадан Махмут | Мудур Ефенди |
| Петар Мирчевски | Трговецот |
| Андон Јовановски | Тапанџијата |
| Јовица Михајловски | Цире |
| Лазе Манасковски | Баже |
| Џемаил Максут | Дервишот |
| Ленче Делова | |
| Лилјана Велјанова | Жена 1 |
| Кица Ивковска-Велјановска | Жена 2 |
| Мукерем Билал | Жена 3 |
| Абдурахман Рахман | Заптија |
| Благоја Ивчески | Трговец |
| Зекир Сипахи | Аљуш |
| Наџи Шабан | Заптија |
Содржина
[уреди | уреди извор]Дејството се одвива во Солун. Серијата ги прикажува случките на Цанде, син на прилепскиот аџија, кој го мами својот татко и му зема 3000 алтани за трговија. Истиот парите ги користи за подароци и сладок живот кај љубовницата Фатиме. Заплетот се случува кога во Солун доаѓаат неговиот татко, Аџи Јанкула и слугата Секула да го бараат Цанде. Аџи Јанкула се здружува со Итар Пејо слуга на Јашар бег кој копнее по љубовницата на Цанде - Фатиме.