Истрел (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Истрел“
Istrel-film.jpg
Филмски плакат
РежисерБранко Гапо
СценаристДимитар Солев
НастапуваатНеда Арнериќ
Петар Арсовски
Питомир Деспотовски
Слободан Димитриевиќ
Емил Рубен
Владимир Светиев
Мајда Тушар
Ристо Шишков
МузикаКорнелие Ковач
КинематографијаМишо Самоиловски
МонтажаСпасе Тасевски
Премиера1972
Времетраење98 минути
ДржаваСР Македонија СР Македонија
Јазикмакедонски

„Истрел“ — македонски филм од 1972 година во режија на Бранко Гапо, а сценариото е на Димитар Солев. Сценариото е напишано според романот на Солев „Под усвитеност“. Филмот се темели врз вистинити настани за време на бугарската окупација во Втората светска војна.

Содржина[уреди | уреди извор]

Младината, чија храброст е без размери, и во Скопје за време на бугарската окупација во Втората светска војна, сакајќи ја слободата за својот народ, се решава на низа акции, меѓу кои најголема е атентатот врз бугарскиот агент и соработник со окупаторот Емануел Мачков.

По пристигнувањето на Емануел во началството, тој на своите агенти им наредува да обрнат големо внимание на младите од Дебар Маало, Пајко Маало и Чаир. Во меѓувреме, заради безбедно поминување на партизанскиот одред во близината на Скопје, во градот треба да се организираат низа помали акции кои би го свртеле вниманието на полицијата врз себе. Така другарите Дано, Доне, Игор и Боро преземаат акција на аеродромот, при што ги палат авионите. Како реакција, полицијата врши рација, собира само млади луѓе кои се изложуваат на големи мачења. Истовремено, партизанскиот одред при преминувањето на Вардар упаѓа во заседа. Момчињата му помагаат на ранетиот Мите Димов да ја избегне заседата и го пренесуваат кај Анѓа, додека Никола е отсутен. Полицијата ги претресува сите сомнителни куќи и го наоѓа ранетиот партизан во куќата на Никола. По тешки измачувања, без да признае пред полицијата, Мите е убиен. Поради убиството на Мите во градот се растураат летоци, железничарите свират со сирените, се затвораат дуќаните. Анѓа, која исто така е уапсена, умира по тешките измачувања и силувањето. Никола, кога дознава за смртта на Анѓа, прави обид да го убие Емануел, но е убиен при обидот.

Месниот комитет решава да се организира атентат врз Емануел. На денот на атентатот момчињата ги заземаат своите места на улицата, пред куќата на Емануел, и по заминувањето на неговиот автомобил, тие го убиваат. По атентатот настанува бркотница и момчињата мораат да заминат од градот. Меѓутоа, при излегувањето од градот, во обид да им се приклучат на партизаните, наидуваат на заседа и сите, освен Дано, загинуваат.

Главни улоги[уреди | уреди извор]

  • Слободан Димитриевиќ - Емануел
  • Ристо Шишков - Никола Петков
  • Неда Арнериќ - Вера
  • Мајда Тусар - Анѓа
  • Емил Рубен - Дано
  • Владимир Светиев - Доне Петрушевски
  • Петар Арсовски - Игор

Награди[уреди | уреди извор]

  • 1972 ФЈИФ, Пула, Златна арена за снимателска работа на Мишо Самоиловски
  • 1972 ФФ, Ниш, Голема повелба за актерско остварувања на Слободан Димитриевиќ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]