Вера Вучкова
Вера Вучкова - Жежељ | ||
Роден | 24 август 1925 Кнежа, ![]() | |
---|---|---|
Починал | 31 август 2014 Скопје | |
Националност | Македонка | |
Познат | по улогата во: Чорбаџи Теодос Време на летала Јагне на ражен | |
Занимање | глумица |
Вера Вучкова - Жежељ (Кнежа, Бугарија, 24 август 1925 - Скопје, 31 август 2014) — видна македонска глумица, една од членките на иницијалниот ансамбл на МНТ која на 3 април 1945 ја одиграла својата прва претстава „Платон Кречет“. Во таа историска претстава, Вучкова ја изговорила митската реплика „Сонцето! Колку е блиску сонцето!“[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
Вучкова е родена на 24 август 1925 во Кнежа, Бугарија. Таа својата актерска дарба ја покажала уште на училишните години. По матурирањето во Битолската гимназија во 1944 година, и се приклучила на легендарната партизанска театарска група на АГИТПРОП, со која, во ноември 1944, стасала во штотуку ослободеното Скопје. Како и Петре Прличко, Илија Милчин, Тодор Николовски, Василие Поповиќ - Цицо, Димитар Ќостаров, Тома Владимирски, Крум Стојанов, таа влегла во Македонскиот народен театар, станувајќи една од неговите први глумици.
Со Милчин и Стојанов, Вучкова исполнила на уште една историска театарска мисија: во јуни 1947, учествувала во основањето на Областен македонски народен театар во Горна Џумаја (Благоевград), Бугарија. Играла носечки ролји во сите пет претстави што овој театар ги изиграл во својата единствена сезона 1947-1948 година.
Кариерата ја продолжила во Бугарија, каде како првенка на театрите во Благоевград, Димитровград и Бургас, играла полни 16 години. Во 1964 година се вратила во Македонија, во ансамблот на МНТ, со кој настапувала и по пензионирањето во 1982 година. Својата последна МНТ-овска премиера ја одиграла на 3 април 1987, како Цонка во обновената постановка на „Чорбаџи Теодос“.
Во 2005 година, Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и доделил награда за животно дело.[2] На 31 август 2014 година починала во Скопје.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Вера Вучкова на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)