Димитар Солев
Димитар Солев | |
---|---|
Роден/а | 24 мај 1930 Скопје, Кралство Југославија |
Починат/а | 24 септември 2003 Скопје, Македонија | (возр. 73)
Димитар Солев (Скопје, 24 мај 1930 - Скопје, 24 септември 2003) — македонски раскажувач, романописец, драмски автор, есеист, книжевен критичар и преведувач.[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
Солев студирал на Филозофскиот факултет, при што дипломирал на групата по историја на југословенските литератури. Тој работел како уредник во Телевизија Скопје, директор на Македонската телевизија, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ (1978-1987),[2] и како главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“.[3] Солев бил член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1956 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија, а одреден период бил и негов претседател.[4]
Творештво[уреди | уреди извор]
Солев пишувал проза и есеи, а се занимавал и со преведување и со книжевна критика. Истовремено, за неговите дела пишувале повеќе критичари од поранешна СФРЈ, а неговите книги се преведени на повеќе јазици. Тој е припадник на средната генерација македонски писатели кои се појавиле по Втората светска војна. На книжевната сцена се појавил во 1956 година, со збирката раскази „Окопнети снегови“, а веќе следната година го објавил романот „Под усвитеност“. Во 1960 година се појавила неговата втора збирка раскази „По реката и спроти неа“, додека вториот роман „Кратката пролет на Моно Самоников“ излегол од печат во 1964 година.[5]
Библиографија[уреди | уреди извор]
Најпознати дела на Солев се:[6]
Збирки раскази:
- Окопнети снегови (1956)
- По реката и спроти неа (1960)
- Ограда (1963)
- Зима на слободата (1968)
- Слово за Игора (раскази, 1969)
- Одбрани раскази (1970)
- Полжави (1975)
- Црно огледало (1985)
- Одумирање на државата (1990)
- Промена на системот (1993)
- Ќелав штурец
- Синовски татковци (постхумно, 2006)[7]
Романи:
- Под усвитеност (1957)
- Кратката пролет на Моно Самоников (1964)
- Дрен[8] (1980)
- Зора зад аголот (1984)
- Дублер (1988)
- Мртва трка (1998)
Есеи:
- Кво вадис скриптор (1970)
Радио-драми:
- Пушка в езеро
Сценарија:[9]
- 1959: По врвиците на слободата (сценарио)
- 1962: Граница (сценарио)
- 1964: Школски распуст (сценарио)
- 1965: Денови на искушение (сценарио)
- 1966: Патем (сценарио)
- 1972: Истрел (сценарио)
Награди[уреди | уреди извор]
За романсираната биографија на Васил Антевски - Дрен, која беше објавена во 1980, Димитар Солев ја доби Рациновата награда.
Добитник е на наградата „11 Октомври“.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 234.
- ↑ НУБСК - Историја
- ↑ Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970.
- ↑ Aldo Kliman (1973). Makedonskata kniževnost vo kniževnata kritika: Umetničko tvoreštvo. Misla.
- ↑ Александар Спасов, „Димитар Солев или Достоинство на авангардниот реализам“, во Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970, стр. 5.
- ↑ Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970.
- ↑ „Постхумно објавена книга од Солев“, Утрински весник, 14.11.2006.
- ↑ Димитар Солев, „Дрен“
- ↑ Сценарија на Димитар Солев
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- „Блесок“ Трудови на Димитар Солев
- Грижлив афирматор на модерната македонска книжевност
- „Почина писателот Димитар Солев“, „Вест“
- Данило Коцевски „Димитар Солев, раскажувач и брилијантен полемичар“
![]() ![]() |
Оваа биографска статија за за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |