Прејди на содржината

Влада Урошевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Златен венец Влада Урошевиќ
Портрет на Влада Урошевиќ
Занимањераскажувач, романописец, поет, книжевен и ликовен критичар, преведувач, есеист
Државјанствомакедонско и југословенско
Период1959 - сè уште
Предметпоезија и проза за возрасни, книжевна есеистика, сценарија, романса
Книжевно движењесовремена македонска книжевност, модернизам
Значајни дела„Невестата на змејот“ и др.
Значајни награди„Григор Прличев“,„Рациново признание“, „Браќа Миладиновци“ и др.

Влада Урошевиќ (Скопје, 17 октомври 1934) — македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач. Редовен член на МАНУ од 1997 година.[1]

Основни биографски податоци

[уреди | уреди извор]

Роден е во Скопје во 1934 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961 година. Исто така, тој е член на МАНУ, како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург и член на Македонскиот ПЕН центар.

Книжевно творештво

[уреди | уреди извор]
Урошевиќ во 2018 година

Влада Урошевиќ е еден од најзначајните претставници на македонскиот модернизам, фокусиран врз истражување на чудесното, фантастичното и надреалното. Покрај со пишување, Урошевиќ се занимавал и со преведување. Така, познати се неговите препеви на песни од руските поети: Пушкин, Лермонтов, Сологуб, Каменски, Хлебников, Мајаковски, Пастернак итн.[2]

Најпознати дела на Урошевиќ се:

  • Еден друг град (поезија, 1959)
  • Невиделица (поезија, 1962)
  • Вкусот на праските (роман, 1965)
  • Манекен во пејзажот (поезија, 1967)
  • Летен дожд (поезија, 1967)
  • Знаци (раскази, 1969)
  • Врсници (критики и есеи, 1971)
  • Ноќниот пајтон (раскази, 1972)
  • Ѕвездена терезија (поезија, 1973)
  • Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975)
  • Сонувачот и празнината (поезија, 1979)
  • Мрежа за неуловливото (критики и есеи, 1980)
  • Лов на еднорози (раскази, 1983)
  • Компасот на сонот (поезија, 1984)
  • Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985)
  • Хипнополис (поезија, 1986)
  • Подземна палата (есеи, 1987)
  • Демони и галаксии (студија, 1988)
  • Панична планета (поезија, 1989)
  • Алдебаран (записи и патописи, 1991)
  • Митската оска на светот (критики и есеи, 1993)
  • Ризиците на занаетот (поезија, 1993)
  • Мојата роднина Емилија (роман, 1994)
  • Паники (поезија, 1995)
  • Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996)
  • Париски приказни (записи и патописи, 1997)
  • Астролаб (критики и есеи, 2000)
  • Дива лига (роман, 2000)
  • Мане, текел, фарес (поезија, 2002)
  • Невестата на змејот (роман-бајка, 2008)
  • Седмата страна на коцката (раскази, 2010)
  • Размена на пораки (раскази, заедно со Тања Урошевиќ, 2013)
  • Тајна мисија (раскази, 2013)
  • Маџун (роман, 2018)
  • Безразборна лабораторија (поезија, 2019)
  • Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени

Антологии:

  • Црниот бик на летото (1963)
  • Француска поезија - XX век (1972)
  • Црна кула (1976)
  • Современа македонска поезија (на српскохрватски, 1978)
  • Космос в амбар (на холандски јазик, 1980)
  • Кула (на узбечки јазик, 1981)
  • Големата авантура: францускиот надреализам (1993)
  • Шуми под море (кратката прозна форма во француската литература, 1994)
  • Златна книга на француската поезија (1996)
  • Седум француски поети (2001)
  • Избрани дела (2004)[3].
  • Џинџуџе во земјата на афионите (Темплум, 2022)[4]

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]

За своето творештво, Урошевиќ е добитник на наградите:

За своите преводи на најзначајните француски поети од XIX и XX век именуван е од француската влада за витез од редот на уметноста и литературата (1987).

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 271 - 272.
  2. 2,0 2,1 "Рускиот орден "Сергеј Есенин" за Влада Урошевиќ", Дневник, број 5293, година XVII, петок, 18 октомври 2013, стр. 20.
  3. Н. Поповска, Промовирани избрани дела во десет тома на Влада Урошевиќ, Утрински весник, 16 октомври 2006 (пристапено на 6 ноември 2009)
  4. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 55-58.
  5. „Доделени државните награди „Св. Климент Охридски" за 2022 година“. Факултети. 8 декември 2022. Посетено на 17 juni 2023. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. 6,0 6,1 „Влада Урошевиќ е добитник на „Златен венец" на СВП за 2023“. Либертас. 21.03.2023. Посетено на 22 март 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. „Златен венец“ за Влада Урошевиќ, „Мостови на Струга“ за Гевин Бредли, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 11.
  • Л. Капушевска - Дракулевска, Во лавиринтите на фантастиката: фантастичниот расказ во македонската книжевност, Магор, Скопје, 1998
  • В. Јанковски, Огледало за загатката: разговори со Влада Урошевиќ, Сигмапрес, Скопје, 2003