Илија Васков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Илија Васков.tif
Роден 21 октомври 1934
Велес
Починал 11 декември 2014
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање максилофацијален хирург


Илија Васков (21 октомври 1934 Велес-11 декември 2014 Скопје) — македонски максилофацијален хирург и професор, член на МАНУ.

Образование[уреди | уреди извор]

На Стоматолошкиот факултет во Белград дипломирал (1959) како еден од најдобрите студенти во генерацијата. Подоцна (1966) завршил и медицински студии. За асистент по предметот максилофацијална хирургија на Стома¬то¬лош¬киот фа¬култет во Скопје бил избран во 1961 година. Специјалистичкиот испит го положил во 1969 година и e прв специјалист од оваа област во нашата Република. Васков престојувал подолго време на специјализација и усовршување надвор од земјата: осум месеци на Клиниката во Љубљана кај акад. проф. д-р Челешик, исто толку време има поминато во Берлин на Клиниката на познатиот проф. Штелмах, потоа кај проф. Обгевезер во Цирих и кај проф. Френкел во Франкфурт. Подоцна имал покуси прес¬тои кај овие реномирани професори.

Работен век[уреди | уреди извор]

Проф. Васков бил избран за предавач на Факултетот во Скопје (1965), хабилитирал на тема „Терапија на долновиличните фрактури“ (1971). Следната година бил избран за доцент, а за вонреден професор во 1977 година. Докторирал во 1981 година на Воено-медицинската академија во Белград на тема „Вредностите на компресионите остеосинтези“. Редовен професор e од 1982 година. Повеќе од 25 години бил директор на Клиниката за максилофаци¬јална хирургија. Во меѓувреме бил и директор на Универзитетскиот центар за медицински науки при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Проф. Васков e основоположник на современата максилофацијална хирургија кај нас и има голем придонес за нејзиниот развој и афир¬мација. Перманентно e присутен во сите важни научно-стручни настани во својата комплексна медицинско-стоматолошка област и успешно ги при¬ме¬нува најновите светски достигања во оваа дисци¬плина. Ja воведува и развива до највисоко ниво реконструктивната функционална хирургија на бројните конгенитални и други малформации и деформитети во анатомски сложената максилофацијална регија. Истовремено ja разработува и збогатува хирургијата на туморите на главата и вратот, како и трауматологијата на ова комплици¬рано по¬драчје, посебно од функционален и естетски аспект. Постигнатите хируршки резултати се извонредно добри и не заостануваат во однос на оние во другите развиени центри надвор од земјата. Покрај редовните контакти со водечките странски центри од него¬вата струка, проф. Васков има соработка и со сродните и блиски хируршки гранки на Медицинскиот факултет во Скопје: оториноларинголошката, неврохируршката, пластичната хирургија, траумато-логијата и други, при што учествувал на заеднички научни проекти и собири. Своето богато клиничко искуство проф. Васков го има презен¬ти¬рано во повеќе од 120 научни и стручни труда објавени во земја¬та и во странство. Учествувал на бројни домашни и меѓународни научни собири во Скопје, Охрид, Белград, Љубљана, Атина, Берлин, Цирих, Франкфурт, како и во Малезија, Турција, Јапонија, Вашингтон, Хелсинки и други, на тој начин придонесувајќи за расветлување и разрешување на некои клучни проб¬леми од својата област.

Објавени дела и учебници[уреди | уреди извор]

Покрај бројните публикации. Васков е автор и на повеќе монографии: „Трауматологија во максилофацијалната регија“, „Остеосинтезата во максилофацијалната хирургија“, „Хируршки третман на хејлогнатопалатосхизит“, Атлас по максилофацијална патологија и хирургија, Рендгенолошки атлас на болестите на максилофацијалната регија и др.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Како афирмиран стручњак и научник, тој е добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело, наградата на Град Скопје „13 Ноември“, наградата „7 Април“ за севкупниот придонес за унапредување на медицинската наука и здравството во Република Македонија и градот Скопје, како и наградата „Гоце Делчев“. Проф. Васков бил редовен член на Европската асоцијација за макси¬ло¬фацијална хирургија веќе подолго време.