Ендру Росос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ендру Росос.jpg
Роден 28 февруари 1941
В’мбел, Егејска Македонија
Занимање историчар


Ендру Росос (домашно име: Андреја /Дико/ Рошовски) — канадско-македонски историчар, универзитетски професор и член на МАНУ, надвор од работниот состав[1].

Живот[уреди | уреди извор]

Роден е на 28 февруари 1941 година во селото В’мбел, Костурско во егејска Македонија, а поради Граѓанската војна во Грција, како дете-бегалец во 1948 е префрлен во Чешка каде живее во детскиот дом во Соботин, каде што го завршува основното образование (1948-1954), а потоа учи во Техничката гимназија во Прага (1954-1957)[1]. Бидејќи татко му со двата сина и ќерката во 1951 година се преселуваат во Канада, во 1958 г. и тој им се приклучува и во Торонто ја дозавршува гимназијата[1]. Ги завршува студиите по историја на Мичигенскиот државен универзитет во 1963, а магистрира и докторира на Универзитетот во Стенфорд во 1971 година[1]. Се вработува на Катедрата по историја на Универзитетот во Торонто и тука ги поминува сите степени на универзитетското напредување од предавач до редовен професор (1967-1982) каде што сè уште предава современа историја на Русија и на Источна и Централна Европа и ги проучува руско-балканските врски и односи, чешката историја, балканските национализми и посебно македонското прашање и историјата на Македонија и на Македонците[1]. Солидното владеење на македонскиот, англискиот, чешкиот, рускиот, грчкиот, бугарскиот, српско-хрватскиот и италијанскиот јазик и користењето на германскиот, полскиот, словачкиот и францускиот, му овозможуваат темелно истражување во архивите и библиотеките во Стенфорд, Њујорк, Торонто, Лондон, Москва, Прага, Виена, Рим, Белград, Софија, Солун, Атина и Скопје, што му дава можност изворно да ги запознае и компетентно да ги третира историските процеси и состојби[1]. Со интерес е покануван за предавања на разни универзитети, за соработка во меѓународни проекти и на разни конгреси и симпозиуми по светот[1]. Објавува многу цитирани истражувања во значајни зборници и угледни научни списанија[1]. Во 2009 година е избран за член на МАНУ, надвор од работниот состав[1].

Дела[уреди | уреди извор]

  • Macedonia and the Macedonians: A History (2008)[2]
  • Russia and the Balkans: Inter-Balkan Rivalries and Russian Foreign Policy, 1908-1914 (1981)
  • Serbian-Bulgarian Relations, 1903-1914 (1981)
  • Czech Historiography (Part I и II, 1982)
  • The Macedonians of Aegean Macedonia: A British Officer's Report, 1944 (1991)
  • The British Foreign Office and Macedonian national Identity, 1919-1941 (1994)
  • Macedonia and Macedonian Nationalism on the Left (1995)
  • Incompatible Allies: Greek Communism and Macedonian Nationalism in the Civil War in Greece, 1943-1949 (1997)
  • Great Britain and Macedonian Statehood and Unification, 1940-1949 (2000)
  • The Macedonian Question and Instability in the Balkans (2003)
  • The Disintegration of Yugoslavia, Macedonia's Independence and Stability in the Balkans (2006)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Ристовски, Блаже. „Росос, Ендрју“. Македонска енциклопедија 2: 1282. Скопје: МАНУ.
  2. From Hoover Press: Macedonia and the Macedonians: A History, by Andrew Rossos