Горазд Росоклија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горазд Росоклија
Горазд Росоклија.jpg
Роден 21 април 1949
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Занимање научник и професор

Горазд Росоклија (Скопје, 21 април 1949) — македонски светски признаен научник во областа на истражувањето на невропатологијата и невроимунологијата, кој од 1992 година е професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот Колумбија, Њујорк, САД.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Росоклија е роден во Скопје на 21 април 1949 година. Неговата мајка била сестра на познатиот македонски писател Венко Марковски. Основното и средното образование ги завршил во родниот град. Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го завршил во 1976 година. По завршувањето на лекарскиот стаж, се вработил на Клиниката за невропсихијатрија каде ја завршил специјализацијата по невропсихијатрија, а во 1978 година бил избран за асистент на истата клиника.

Во периодот 1985/1986 се усовршил од областа на невропатологија и невроимунологија на светски познатата лабораторија за невропатологија на болницата Salpetriere во Париз. По враќањето од Париз во Скопје, на Клиниката за невропсихијатрија при Медицинскиот факултет, формирал лабораторија за невроимунологија и имунопатологија, која ја раководел од 1987 до 1992 година. Докторската дисертација на тема: „Карактеризација на лимфоцитните поттипови во мозочното ткиво и во крвта кај пациенти со мозочни тумори и нивното значење за прогнозата и третманот“ ја одбранил со одличен успех во 1990 година. Во истата година бил избран за доцент при Катедрата за невропсихијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје. Како вљубеник во невропсихијатријата, Росоклија завршил три специјализации и тоа по неврологија, невропатологија и психијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје. Своите невроимунолошки истражувања како и истражувањата од областа на психијатријата и невропатологијата ги продолжил на познатиот Колумбија Универзитет во Њујорк, САД. Работејќи со светски познати стручњаци, Росоклија се афирмирал и се докажал во САД, а и пошироко како водечки истражувач на подрачјето на невропсихијатријата со потекло од Македонија. Од 1998 до 2005 година тој бил доцент по психијатрија, а од 2005 година бил номониран за вонреден професор за клиничка психијатрија на Одделот за психијатрија на Колумбија Универзитетот во Њујорк. Росоклија е автор и соавтор на бројни трудови засновани врз неговите научни истражувања.

Член е на Македонската асоцијација на невролозите и психијатрите од 1980 година, на Европското невролошко друштво од 1986 година, на Американската академија за неврологија од 1993 година, на Американската асоцијација на невропатолозите од 1996 година и на многу други асоцијации и истражувачки центри.

Росоклија е двапати награден за спортски подвиг на годината со највисоката награда во спортот „25 Мај“, а за освојувањето на Монт Еверест во 1989 година, заедно со останатите членови на македонската експедиција, е добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело.

Во јуни 2007 година д-р Горазд Росоклија бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите[2] надвор од работниот состав.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ИНТЕРВЈУ Горазд Росоклија: На образованието му се потребни длабоки и болни реформи
  2. Д-р Горазд Росоклија -Одделение за медицински науки. Архивирано од изворникот на 2016-03-09. Посетено на 2014-12-12.