Петре М. Андреевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Петре М. Андреевски
Петре М. Андреевски.jpg
Роден/а25 јуни 1934
Слоештица, Демирхисарско, Кралство Југославија
(денес Македонија)
Починат/а25 септември 2006(2006-09-25) (возр. 72)
Скопје, Македонија
Занимањепоет, романописец, раскажувач и драмски автор, академик
НационалностМакедонец
ПериодТрета генерација повоени македонски писатели
Значајни делаПиреј, Дениција
ДецаСергеј Андреевски
Гробот на Петре Андреевски во с. Слоештица

Петре Мито Андреевски (многу повеќе познат како Петре М. Андреевски; Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 - Скопје, 25 септември 2006) — македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања. Во мај 2000 година бил избран за редовен член на МАНУ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Петре М. Андреевски е роден во демирхисарското село Слоештица, во 1934 година. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата по југословенска книжевност.[2] Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центари на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател)[3]. Петре М. Андреевски почина на 25 септември 2006 година во Скопје. Година дена по неговата смрт, на 9 октомври 2007, Претседателот на Република Македонија - Бранко Црвенковски, постхумно му доделил Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

Творештвото на Андреевски е разновидно и опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн. Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома, соодветно.[2]

Стихозбирки:

  • Јазли (1960)
  • И на небо и на земја (1962)
  • Дениција (1968)
  • Дални наковални (1971)
  • Пофалби и поплаки (1975)
  • Вечна куќа (1987)
  • Лакримариј (1999)

Книги со раскази:

  • Седмиот ден (1964)
  • Неверни години (1974)
  • Сите лица на смртта (1994)
  • Боеми (постхумно)

Романи:

  • Пиреј (1980)
  • Скакулци (1983)
  • Небеска Тимјановна (1988)
  • Последните селани (1997)
  • Тунел (2003)
  • Бежанци (постхумно)

Книгата драми (1984), во која влегуваат:

  • Време за пеење
  • Богунемили

Есеи:

  • Сегашно минато време (2006)

Стихозбирки за деца:

  • Шарам барам
  • Касни порасни (сликовница)

Награди[уреди | уреди извор]

Андреевски бил добитник на наградите: „11 Октомври“ (во 1968 година), „Браќа Миладиновци“ (двапати), „Рациново признание“ (двапати) и „Стале Попов“ (двапати).[2] Романот “Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, а збирката “Дениција“ ја има означено како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 62. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. 2,0 2,1 2,2 Петре М. Андреевски, Дениција. Скопје: Три, 2005, стр. 69.
  3. Петре м. Андреевски, Пиреј, Табернакул, Скопје, 2002, стр.263

Поврзано[уреди | уреди извор]