Сретен Перовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сретен Перовиќ, поет, раскажувач, книжевен критичар, литературен историчар, театролог, драмски писател, автологичар,, публицист и енциклопедуст, роден е на 15 февруари1932 година, во Горна Горица кај Подгорица, Црна Гора.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Виша реална гимназија завршил во Титоград во 1950, а Југословенска и светска книжевност на Филозофскиот факултет во Белград во 1956 година. Како поет се јавил уште на седумнаесетгодишна возраст, во 1949 година, и за првата објавена песна ja добил наградата на ЦКНО на Црна Гора. Првата стихозбирка ja објавил во 1951 година, во издание на Книжевниот клуб на студентите на Белградскиот универзитет. За време на студирањето бил коорганизатор и соработник на кратковечниот Студентски књижевни лист 1952 година, еден од покренувачите и уредниците на книжевната ревија Видици [[1953 година, како и претседател на Книжевниот клуб на студентите на Белградскиот универзитет 1954 година.

По враќањето во Црна Гора работел како професор по книжевност во титоградското Средно техничко училиште 1956-1961 година; истовремено бил и главен уредник на списанието Сусрети 1957 - 1962 година. Во титоградското издавачко-печатарско претпријатие „Графички завод“, од 1963 година бил уредник на повеќе едиции и одговорен уредник на едицијата „Луча” – антологиска библиотека на црногорската книжевност, во која во 80-тина томови се објавени најзначајните дела на класичната и на современата црногорска книжевност.

Од 1975 до 1981 година, Сретен Перовиќ бил одговорен уредник и директор на Издавачката дејност НПО Побједа, а потоа главен уредник, заменик директор [[1981-[[1983) и директор 1983-1991 година на Лексикографскиот завод на Црна Гора и главен уредник за областа култура во проектот Енциклопедија на Црна Гора. Бил главен уредник на Црногорската енциклопедија на Дукљанската академија на науките и уметностите.

Повеќе од три децении Перовиќ е постојан театарски критичар на „Сусрети“ и „Побједа“, а во тоа време интензивно се за­нимава и со преведување, главно на македонската поезија.

Во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, Перовиќ, како истакнат театарски и книжевен критичар, бил претседател на жирито за документарна програма на ЈУ-ТВ фестивалот во Порторож, како и член или претседател на жирито на Фестивалот на мали и експериментални сцени (МЕС) во Сараево и Стерииното позорје во Нови Сад.

Перовиќ објавил неколку десетини свои книги, од кои 15 збирки лирска поезија. Неговата поезија е преведена на триесеттина јазици и претставена во бројни домашни и странски антологии. За своето книжевно творештво, Перовиќ е добитник на бројни награди, како и на најзначајните национални и високи меѓународни приз­нанија. Повеќе од пет децении Перовиќ преведува македонска поезија. За успесите во преведувањето на најзначајните македонски поети на српско-хрватски и на црногорски јазик (дваесеттина книги), добил значајни признанија: тој е првиот добитник на наградата Злат­но перо, којашто во 1972 година му ja додели интернационалното жири на Меѓународната средба на преведувачите во Тетово, за пре­вод и препев на 5.000 стихови од Славко Јаневски во книгата Лукави Пејо Каинавелијски; звањето Понесен член на Друштвото на писа­телите на Македонија[1] 2002; добитник на Почесното Рициново признание на 40-тите Рацинови средби во Велес, 2003; и високата интернационална награда Книжевно жезло 2004.

Градоначалникот на Скопје му го предаде симболичниот клуч на Градот и го прогласи за Почесен граѓанин – поет на Скопје, во 2004 година. На собирот на Меѓународната организација Македонски духовни конаци, во 2006, во Струга, врачено му е високото признание „Духовен воин“.

Како долгогодишен претседател на Црногорскиот ПЕН центар, на домашен и на меѓународен план бил многу активен во одбраната на правата и интересите на Црна Гора, на црногорската култура и на обновената (Екуменска) Црногорска црква.

Перовиќ е втемелувач и актуелен претседател на Друштвото за црногорско-македонско пријателство и почесен член на повеќе институции, хуманитарни здруженија и невладини организации. Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав во Одделението за уметност[2].

Сретен Перовиќ е еден од најсвестраните и најплодните автори во Црна Гора.

Дела[уреди | уреди извор]

Поетски книги

  • Zvuci i daljine, Beograd, 1951;
  • Mramorno pleme, Cetinje, 1955;
  • Seanse, CT, 1958 (Prva nagrada UKCG);
  • Žedni sat, CT, 1960 (Trinaestojulska nagrada CG 1961);
  • Ukleti hram, Novi Sad, 1962;
  • Korida, Kruševac, 1964;
  • Prepoznavanje vremena, izbor, TG, 1965;
  • Реквием (на македонски: Gane Todorovski), Skopje, 1969;
  • Lesendro, TG, 1972;
  • Gladno oko, izabrana poezija, TG, 1975;
  • Сребрни алки (на македонски: J. Pavlovski), Struga, 1982;
  • Moara de vise (na rumunski: Ion Deaconescu), Craiova, 1989;
  • Himna južnim vjetrovima, TG, 1991;
  • Put u daleke duše, Podgorica, 1997;
  • Пладне во Охрид (на македонски: P. Boš- kovski), SK, 2000:
  • Македонија екумена, тројазично издание, PG, 2004;
  • Поезија (на македонски, crnogorskom i engleskom), SK, 2004;
  • Македонија екумена, SK 2008; OH 2009; SK 2010; 2011;
  • Priere sans dieu / Moilitva bez boga, bilingvalno, PG, 2011;
  • Insomnii, na rumun. (I. Deaconescu/O. Bur- tea), Kraiova, 2012:
  • Кориння, na ukrajinskom, Kiiv, 2012:
  • Južna harfa, bilingvalno, Skopje, 2012;
  • In fiecare, doar un suflet, na rumunskom, Craiova, 2014;
  • Steaua salcamului, na mold./rumunskom, Chisinau, 2014;
  • Haiku-lampe, Podgorica 2015.
  • Antologija, Svjetski festival poezije „EMINESCU – NJEGOŠ“ Podgorica 2019;

Сретен Перовиќ е автор на околу 80 дела меѓу кои:

Драми

  • Ukradeno proljeće, praizvedba u CNP 5. aprila 1958;
  • Zaleđeni pod suncem, praizvedba u Novoj Gorici, 1960;
  • Milena, scenario za film, /konkursna nagra-žda/, TG, 1972.

Кротика

  • Lirska zamišljenost nad životom, TG, 1967;
  • Pregled crnogorske dramske književnosti”, TG, 1974;
  • Živi vjetar, Cetinje, 1975;
  • Krugovi, Cetinje, 1978;
  • Darovi scene, pozorišne kritike, 1–2, TG, 1986;

Ogledi i eseji, Nikšić, 1990;

  • Македонија екумена, критики, превод Д. Башевски, Скопје, 2006;
  • Besjeda o Prličevu, Ohrid 2009;
  • Crnogorci na sceni, pozorišne kritike, CNP, Podgorica, 2014.

Исто така приредил повеќе антплогии, историски прирачници, рабтел на енцикопедии и студии.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.
  2. http://manu.edu.mk/clenovi_nadvor/%D1%81%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C-sreten-perovic/