15 февруари
Изглед
Предлошка:Февруари 2025 15 февруари — 46-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 319 денови до крајот на годината (320 во престапна).
Настани:
| 1889 | Основано Министерството за земјоделство на САД (USDA) како наследник на Земјоделското одделение. |
| 1922 | Во Хаг се одржа првата седница на Меѓународниот суд основан во 1920 од страна на Друштвото на народите. |
| 1942 | Втора светска војна: Јапонските војници го зазедоа Сингапур и заробија 85.000 британски војници. |
| 1944 | Втора светска војна: Средновековниот манастир Монтекасино во Италија, претворен во упориште на германските сили, е бомбардиран од страна на сојузничкото воздухопловство. |
| 1990 | Лондон и Буенос Аирес ги обновија дипломатските односи, прекинати во 1982 година, кога Аргентина не успеа да и ги одземе на Велика Британија Фолкландските Острови во Атлантскиот Океан. |
| 1993 | Словачкиот парламент го избра Михал Ковач за прв претседател на државата по распадот на Чехословачка. |
| 1994 | Министерот за надворешни работи на Австралија, сенаторот Герет Еванс, соопшти дека Австралија ја призна Република Македонија. |
| 1995 | Во Мала Речица е основан Тетовскиот парауниверзитет. |
Родени:
Починале:
| 1145 | Луциј II — римски папа. |
| 1573 | Матија Губец — водач на Селанската буна во Хрватска и Словенија. |
| 1788 | Морис Кантен де Ла Тур — француски сликар. |
| 1857 | Михаил Иванович Глинка — руски композитор. |
| 1877 | Рајко Жинзифов — македонски писател, преродбеник и публицист. |
| 1908 | Марко Бошнаков — македонски анархист. |
| 1923 | Иван Мазов — македонски раскажувач. |
| 1965 | Нет Кинг Коул — американски музичар. |
| 1967 | Симеон Радев — македонски новинар. |
| 1979 | Жан Реноар — француски филмски режисер. |
| 1984 | Харалампие Поленаковиќ — македонски научен и културен работник. |
| 1994 | Љубомир Белогаски — македонски сликар и академик. |
| 2003 | Александар Тишма — српски и југословенски писател. |
| 2009 | Ѓорѓе Миловановиќ — српски и југословенски фудбалер. |
| 2016 | Венити — американска пејачка, членка на групата „Венити 6“ (Vanity 6). |