6 февруари
Изглед
Предлошка:Февруари 2026 6 февруари — 37-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 328 денови до крајот на годината (329 во престапна).
Настани:
| 1899 | На Филипините избувна востание против американската окупациска армија. По американско-шпанската војна, САД ги приграбија Куба, Порторико и Филипини, што го означи крајот на шпанското колонијално царство. |
| 1922 | Во Вашингтон заврши конференцијата на претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Португалија, Јапонија и Кина на која е извршена нова поделба на колонии и се одредени сферите на влијание на Далечниот Исток и Тихиот Океан. Договорот што е потпишан на конференцијата предвидуваше почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Истиот ден, „петтемина“ (САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Италија) потпишаа Договор со кој се ограничува поморското вооружување на земјите потписнички. |
| 1943 | Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер е именуван за врховен командант на сојузничките сили во Северна Африка за време на Втората светска војна. |
| 1945 | Во Скопје почна со работа првата предучилишна установа „Орце Николов“. |
| 1992 | Република Турција ја призна Република Македонија. |
Родени:
| 1685 | Чарлс II — крал на Англија. |
| 1802 | Чарлс Витстоун — англиски физичар, еден од пионерите на телеграфијата. |
| 1895 | Бејб Рут — американски бејзболист. |
| 1908 | Ташо Ајановски — македонски деец. |
| 1912 | Ева Браун — сопруга на Адолф Хитлер. |
| 1917 | За За Габор — американска глумица со унгарско потекло. |
| 1911 | Роналд Реган — американски политичар и државник. |
| 1932 | Франсоа Трифо — француски филмски режисер. |
| 1931 | Анѓелко Вулетиќ — хрватски и босански поет. |
| 1945 | Боб Марли — јамајски реге-пејач. |
| 1950 | Натали Коул — американска пејачка. |
| 1953 | Зоран Филиповиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. |
| 1956 | Стефан Мицов — универзитетски професор и писател од Бугарија. |
| 1962 | Аксел Роуз — американски рок-пејач, член на групата Ганс енд розис. |
| 1964 | Андреј Звјагинцев — руски режисер. |
| 1990 | Татјана Хмирова — руска ракометарка. |
| 1995 | Леон Горецка — германски фудбалер. |
| 2000 | Конор Галагер — англиски фудбалер. |
Починале:
| 893 | Фотиј I — цариградски патријарх. |
| 1664 | Мустафа II — отомански султан. |
| 1740 | Климент XII — римски папа. |
| 1793 | Ланселот „Кејпабилити“ Браун — англиски пејзажен архитект. |
| 1793 | Карло Голдони — италијански комедиограф. |
| 1804 | Џозеф Пристли — англиски материјалистички филозоф, физичар и хемичар. |
| 1893 | Григор Прличев — македонски писател. |
| 1902 | Васил К’нчов — географ, историчар и политичар од Бугарија. |
| 1918 | Густав Климт — австриски сликар. |
| 1952 | Џорџ VI — британски крал. |
| 1981 | Фредерика — кралица на Грција. |
| 1998 | Јохан Холзек - Фалко — австриски поп и рап пејач. |
| 2011 | Гари Мур — северноирски рок-гитарист. |
| 2016 | Данило Николиќ — српски писател. |
Празници:
| * | Ден на Договорот од Ваитанги — државотворен празник на Нов Зеланд. |