Отоманска династија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Отоманска династија
Coat of Arms of Ottoman Empire
Земја Отоманска империја
Прпадност туркиски народи, Османлии
Основана 1299
Основач Осман I
Тековен владетел Бајазит Осман
Последен владетел Мехмед VI (султан)
Абдул Меџит II (калиф)
Титули Султан
Калиф
Распад 1922
Крај на владеењето 19 ноември, 1922; Укинување на империјата и калифатот, и основање на Република Турција

Отоманската династија (турски: Osmanlı Hânedanı) е кралска династија која владеела со Отоманската империја од 1299 до 1922 година. Првиот нејзин владетел бил Осман I, од каде доаѓа и самото име на династијата. Основач на династијата бил Орхан I, кој се прогласил за султан. Пред ова, племето или фамилијата била позната како Согути. Осман никогаш не се нарекувал султан, туку тој ја имал титулата бег.

Султанот ја имал апсолутната власт во империјата, кој бил на функцијата регент, шеф на државата и владата, и покрај тоа што Големиот везир имал голема улога во управувањето.