Мехмед VI

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мехмед VI
Роден 14 јануари 1861
Цариград, Отоманското Царство
Починал 16 мај 1926
Санремо,Италија[1]

Мехмед VІ бил триесетишестиот и последен султан на Отоманското Царство во периодот од 1918.[2] до 1922 година. Тој бил брат на Мехмед V кого го наследил на престолот како најстар машки член на династијата.

Неговата власт паднала по 1922 година по превратот од страна на Кемал Ататурк. По укинувањето на османлискиот султанат на 1 ноември 1922 година тој бил протеран од Цариград и заминал со британски брод за Малаја на 17 ноември. Тој најпрвин престојувал во Малта, а подоцна во Италија. На 19 ноември 1922 година неговиот прв братучед и Абдулмеџид II бил избран за калиф, на која функција се задржал до 1924 година кога бил укинат и калифатот.[3]

Починал во Санремо во 1926 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Sultan VI. Mehmed Vahdettin Han“. Минсистерство за туризам и култура на Република Турција. Архивирано од изворникот на 5 март 2012. Посетено на 2009-02-06.
  2. Freely, John, Inside the Seraglio, published 1999, Chapter 16: The Year of Three Sultans
  3. Хојберг, Дејл Х., уред. (2010). „Abdümecid II“. Encyclopædia Britannica. I: A-ak Bayes (15.. изд.). Chicago, Illinois: Encyclopædia Britannica Inc. стр. 23. ISBN 978-1-59339-837-8.