Отомански устав (1876)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Kanun-i Esasi.jpg

Отоманскиот устав (османлиски јазик: قانون اساسی, турски јазик: Kanun-ı Esasî) бил првиот сутав на Отоманската империја кој бил донесен на 23 декември 1876 година во Константинопол од страна на султанот Абдул Хамид II а бил напишан од страна на Младотурците. Овој устав бил првиот кој бил донесен во исламската држава и го означил крајот на Танзиматот. Уставот во сила бил во период од две години. Главна причина за воведување на уставот била признавањето на Митхат паша за потребата од нови реформи и проверка на силата на султанот во империјата.

Содржина[уреди]

  • Османлиската држава е неделива
  • Одговорен за суверенитетот е единствено султанот калиф
  • Султанот ја поседува целата извршна власт и министрите целосно одговараат пред него
  • Султанот ја поседува целата законодавна власт со помош на дводомен парламент. Долниот се избира индиректно, а горниот директно од султанот
  • Уставот ги објавува сите поданици за Османлии независно од нивната религиозна припадност
  • Се гарантира личната слобода и слобода на печатот како и на сопственоста
  • Секој е рамноправен пред законот

Крај на уставот[уреди]

За прв пат парламентот заседавал на 20 март 1877 година, но по започнувањето на Руско-турската војна Абдул Хамид II го распуштил парламентот на 28 јуни 1877 година. Вториот парламент бил одобрен на 13 декември 1877 година, но султанот исто така го распуштил на 14 февруари 1878 година. Младотурците биле прогонети од земјата а некои, вклучително и Митхад Паша биле осудени на смрт. Оваа состојба во империјата се одржало до Младотурската револуција, кога Уставот повторно е вратен во сила.