Атентат во џамија Јилдиз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атентат во џамија Јилдиз
Дел од Ерменското национално ослободително движење
Местоџамија Јилдиз, Истанбул, Османлиско Царство
Датум21 јули 1905
ЦелАбдул Хамид II
Мртви26
Повредени58
Сторители Ерменска револуционерна федерација

Неуспешниот атентат врз османлискиот султан Абдул Хамид II бил организиран од страна на Ерменската револуционерна федерација во џамија Јилдиз на 21 јули 1905 година во Истанбул. Како причина за атентатот бил т.н. Ерменски масакар.[1] .

Во 1904 година водачот на ВМОРО Борис Сарафов во Женева се сретнал со ерменските револуционери кои го запознале за идните планови. Самиот план бил изработен од страна на Кристапор Микаелјан. Тој се снабдил со руски пасош и заедно со неговите ќерки заминал во Истанбул. Од рускиот конзулат добил билет за набљудување на реонот кај џамиајта Јилдиз. По некое време заминал за Софија каде сакал најпрвин да ги тестира направените експлозивни бомби, но на 5 март 1905 година при подготовка на бомбите, една од нив се активирала по кое Микаелјан починал. И покрај инцидентот, планот за атентат продолжил.

Султанот секој петок заминувал кон џамијата Јилдиз и обично се враќал по истиот пат по кој доаѓал на петочната молитва. Ерменските револуционери планирале експлозивот да биде сокриен во кочија која требало да биде паркирана пред џамијата и експлозивот да се активира кога султанот ќе ја напушти џамијата. Кочијата била управувана од Зарех, учесник во зазимањето на отоманската банка. Кога кочијата пристигнала пред џамијата Зарех го поставил тајмерот за планираните 42 секунди според кој султанот требало да се приближи, но султанот се задржал во разговорите со шејк ул-исламот[2]. Бомбата била фрлена врз султанот но тој останал неповреден, а од експлозијата загинале 26 луѓе на султанот, самиот атентатор а повеќе од 50 биле повредени.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Armenian Massacres, 1894-1896: 1894-1896 : U.S. media testimony - Page 33 by Arman Kirakosian
  2. Assembly of Turkish American Associations (ATAA): Armenakan, Hunchaks and Dashnaktsutiun: Revolutionary Parties; Terror as Method. Nationalism Spreads From the Church to Secular Organizations Архивирано на 26 април 2016 г.