Цариградските протести се случиле на 27 јули1890 година во населбата Кумкапи во Истанбул. Во овие протести биле убиени повеќе лица вклучувајќи и еден полицаец а голем број биле повредени.
Протестите биле организирани од страна на Ерменската Цариградска патријаршија и Социјалистичката партија за будење на ерменското угнетувано население во Османлиското Царство[1]. Во почетокот демонстрантите упатиле барање до патријархот и Националното собрание по кое патријархот бил принуден да се приклучи кон поворката која се упатила кон палатата Јилдиз.[2]. Демонстрантите главно од Високата порта барале да се исполни членот 61 од Берлинскиот договор кој гласел дека Високата Порта се задолжува да воведе реформи за локалното ерменско население и да осигури нивна безбедност од Курдите и Черкезите.