Сасунското востние било востание на ерменскиот народ во рамките на Османлиското Царство кое се случило во 1894 година. Како главен организатор на востанието била Социјалдемократската партија, Ерменската револуционерна организација и припадниците на Ерменското национално ослободително движење.
Востанието му претходело на т.н. Ерменски масакар (1894-1896) од страна на султанот Абдул Хамид II кој го добил прекарот црвен султан. Но западните сили протестирале на случувањата во Сасун барајќи султанот да ги исполни ветените реформи. Русија пак територијата на Ерменија ја сакала но без народот во неа, Велика Британија во тој момент била задоволна од контролирањето на Египет и Кипар и не сакала да влегува во конфликт со Османлиите. Во меѓувреме Високата Порта нашла нов сојузник во Европа, Германија.