Ерменски масакар (1894-1896)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ерменски масакар
Дел од Ерменски геноцид
Место  Османлиско Царство
Датум 1895-96
Цел ерменски цивили
Вид на напад депортација, масовно убиство
Мртви 100,000-300,000
Сторители Отоманска влада

Ерменските колежи од 1894-1896 година[1] или Големиот масакар,[1] се масовни убиства на Ерменците преземени во обид за задушување на ерменското национално движење во Отоманската империја.

Според Берлинскиот договор (член 61) од јули 1878 година Високата порта била обврзана да воведе "без одложување поголеми подобрувања и реформи што се бараат од локалните услови во областите населени со Ерменци, и да обезбеди нивната безбедност од черкезите и Курдите". Во 1880 година Големите сили, задолжени за надзор за спроведувањето на договорот (Русија, Австро-Унгарија, Германија, Велика Британија, Франција и Италија), на неколку пати повикале режимот на Абдул Хамид II да ја примени оваа клаузула, но ова не довело до резултат. Административно-територијалната поделба на Западна Ерменија била направена така што Ерменците останале малцинство во сите четири вилаети аде живееле, односно во Ван, Ерзурум, Битлис и Дијарбакир, а насилството од страна на курдските феудалци продолжило со поддршка на локалните власти.

Во почетокот на 90-тите години била создадена Ерменска револуционерна организација. Репресиите ескалирале во август 1894 година, по неуспешното востание на Ерменците во реонот на Сасун. Во август 1896 година група ерменски револуционери ја зазеле зградата на Отоманската банка во Константинопол со барање за спроведување на неисполнетите реформи. Како одговор на ова било извршено прогонување на ерменската заедница во градот, а репресијата се пренесочила и во другите делови на империјата. Бројот на жртвите достигнал до 300.000[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Adalian, Rouben Paul (2010). Historical Dictionary of Armenia, 2nd ed. Lanham, MD: Scarecrow Press, p. 154.
  2. Akçam, Taner (2006). A Shameful Act: The Armenian Genocide and the Question of Turkish Responsibility. New York: Metropolitan Books, p. 42. ISBN 0-8050-7932-7.