Слободна Држава Конго

Координати: 5°51′S 13°03′E / 5.850° ЈГШ; 13.050° ИГД / -5.850; 13.050
Од Википедија — слободната енциклопедија

5°51′S 13°03′E / 5.850° ЈГШ; 13.050° ИГД / -5.850; 13.050

Слободна Држава Конго
  • État indépendant du Congo (фрацуски)
  • Kongo-Vrijstaat (холандски)
Држава на Личен сојуз со Кралство Белгија

1885 – 1908
Знаме Грб
Гесло
француски: Travail et progrès
(Работа и прогрес)
Химна
Vers l'avenir
Местоположба на Конго
Главен град Бома
Јазици француски (де факто официјаллен),
холандски, повеќе од 200 домородни јазици
Уредување Апсолутна монархија
Суверенитет
 -  1885-1908 Леополд II
Гувернер-генерал
 -  1885–1886 франсис Волтер де Винтон (прв)
 -  1900-1908 Теофил Вајс (последен)
Историски период Нов империјализам
 -  Основање 1 јули[1] 1885
 -  Анексија на Конго 15 ноември 1908
Валута франк
Денес во  ДР Конго

Слободна Држава Конго (француски: État indépendant du Congo, „Независна Држава Конго“, холандски: Kongo-Vrijstaat) — голема држава во Централна Африка која постоела во периодот од 1885 до 1908, и која била во личен сојуз со Кралство Белгија на чело со Леополд II. Леополд успеал да го осигури регионот убедувајќи ја европската заедница дека е вклучен во хуманитарна и филантропска работа и дека нема да оданочува преку трговија[2]. Преку Меѓународна асоцијација Конго, тој можел да побара поголем дел од територијата на Конго. На 29 мај 1885 година, кралот ја именувал својата нова колонија како Слободна Држава Конго. Државата вклучувала област што денеска се наоѓа во Демократска Република Конго.

Владеењето на Леополд во Конго на крајот било проследено со голем срам поради зголеменото малтретирање на домородните народи. Леополд од земјата ги користел слоновата коска, гума и минерали во горниот дел на Конго за продажба на светскиот пазар, иако неговата првична цел во регионот била да ги подигне месните жители и да ја развие областа. Под администрација на Леополд II, Слободната Држава Конго станала една од најголемите меѓународни скандали на почетокот на XX век. Извештајот на британскиот конзул Роџер Кејмент довел до апсење и казнување на бели службеници кои биле одговорни за убиствата за време на експедицијата за собирање гума во 1903 година.

Губењето на животот и злосторствата ги инспирирало на голем број писатели. Едно од најпознатите дела за тој период е Срце на темнината од Џозеф Конрад. Во текот на овој период, стапката на смрттност се зголемила.[3]. Проценките заклучуваат дека системот на присилна работа довел директно и индиректно на смртта на 20% од населението.[4]. За време на слободната пропагадна војна во Конго, европските и американските реформисти извршиле голем број на злосторства во Конго. До 1908 година, притисокот од јавноста и дипломатските маневри довеле до крајот на владеењето на Леополд II и анексија на Конго како колонија на Белгија. Голем број на големи белгиски инвестициски компании ја натерале на белгиската влада да го преземе Конго и да го развие рударскиот сектор, кој бил практично неискористен[5].

Позадина[уреди | уреди извор]

Рано европско истражување[уреди | уреди извор]

Диого Као патувал по текот на реката Конго во 1482 година, што довело да Португалија го бара регионот за себе. До средината на 19 век, Конго претставувал земја која се наоѓала во срцето на независна Африка, бидејќи европските колонијалисти ретко влегувале во внатрешноста на континентот. Жестокиот локален отпор, дождовните шуми, мочуриштата и придружната маларија, како и други болести, како што била африканска трипанозомијаза довеле до отежнување на европските стремежи. Западните држави најпрвин не сакале да ја колонизираат областа во отсуство на очигледни економски придобивки.

Истражување на Стенли[уреди | уреди извор]

Хенри Мортон Стенли, бил истражувач чие истражување на Конго и регионот на покана од кралот Леополд довело до формирање на Слободна Држава Конго под личен суверенитет.

Во 1876 година, Леополд II бил домаќин на географска конференција во Брисел, поканувајќи познати истражувачи, филантропи и членови на географски општества, предизвикувајќи интерес за хуманитарни напори на Европејците да заземат во централна Африка со цел да го подобрат и цивилизираат животот на домородните народи. На конференцијата Леополд бил избран за претседател на Меѓународната африканска асоцијација. Леополд ја користел оваа асоцијација за промовирање на плановите за заземање на независна централна Африка под оваа филантропска маска.

Хенри Мортон Стенли, познат по пронаоѓањето и поврзувањето со британскиот мисионер Дејвид Ливингстон во Африка во 1871 година, подоцна го истражувал регионот за време на патувањето кое завршило во 1877 година и истото било опишано во романот на Стенли од 1878 година „Преку темниот континент“. Од август 1879 до јуни 1884 Стенли бил во басенот на реката Конго, каде што го изградил патот од Долен Конго до Стенли пул. Додека го истражувал Конго за Леополд, Стенли направил договори со локалните водачи[6]. Ниту еден од овие племенски водачи немале реална претстава за она што го потпишале, и, во суштина, документите ги пренеселе сите права на нивните парцели на кралот Леополд. Со помош на Стенли, Леополд успеал да побара големо подрачје по долината на реката Конго, каде воспоставил воени станици.

Кристијан де Боншампс, француски истражувач кој служел кај Леополд во Катанга, изразил ставови кон таквите договори што ги споделувале многу Европејци, велејќи: „Договорите со овие мали африкански тирани, кои обично се состојат од четири долги страници, од кои тие не разбираат ниту еден збор, и на кои тие потпишуваат со крст за да имаат мир и да примаат подароци, се навистина само сериозни прашања за европските сили, во случај на спорови околу териториите. Тие не се однесуваат на црниот сувереник кој ги потпишува за еден миг„"[7].

Планот на Леополд[уреди | уреди извор]

Леополд започнал да создава план како да ги убеди другите европски сили за легитимноста на своето барање за Африка, додека истовремено ја истакнувал тезата дека неговото дело е во полза на домородните народи.

Кралот започнал кампања за промоција на идејата во Британија за да го одвлече вниманието на критичарите, додека на Бизмарк му ветил дека ниту една нација нема да има посебен статус и дека германските трговци ќе бидат добредојдени како и сите други, а слична поддршка побарал и од САД и Франција. Во 1876 година, Леополд веќе бил во можност да привлече научни и хуманитарни поддржувчи за основање на Меѓународната африканска асоцијација. На конференцијата, Леополд предложил воспоставување меѓународен добронамерен комитет за пропагирање на цивилизацијата меѓу народите од централна Африка (регионот на Конго). Првично замислен како мултинационално, научно и хуманитарно собрание, асоцијацијата на крајот станала компанија контролирана од самиот Леополд.

По 1879 година и распаѓањето на Меѓународната африканска асоцијација бил основан Комитет за студии на Горен Конго, кој всушност бил направен од група стопанственици кои имале свои бенефиции во Конго. Самата комисија на крајот се распаднала, но Леополд продолжил да се повикува на неа. Одлучен да побара колонија за себе и инспириран од неодамнешните извештаи од Централна Африка, Леополд започнал да поддржува голем број водечки истражувачи, меѓу кои и Хенри Мортон Стенли[8]. На Берлинската конференција од 1884-1885 година, европските водачи официјално ја забележале контролата на Леополд над 2.600.000 км2 над независната држава Конго[9].

За да им даде на своите африкански операции име кое би можело да служи за политички ентитет, Леополд основал во 1879 година Меѓународна асоцијација на Конго. Оваа организација се обидела да ги комбинира бројните мали територии стекнати во една суверена држава и да побара признавање од европските сили. На 22 април 1884 година, благодарение на успешното лобирање на стопанственикот Хенри Шелтон Санфорд на барање на Леополд, претседателот Честер А. Артур од САД одлучил дека цесиите што ги побарал Леополд од локалните водачи биле законски и признати од Меѓународната асоцијација на Конго. Во 1884 година, државниот секретар на САД изјавил: „Владата на САД ги објавува своите симпатии и ги одобрува хуманите и добротворните цели на Меѓународната асоцијација на Конго“[10].

Берлинска конференција[уреди | уреди извор]

Во ноември 1884 година, Ото фон Бизмарк свикал конференција од 14 нации за да се разгледа прашањето околу Конго и неговата меѓународна контрола и за финализирање на колонијалната поделба на африканскиот континент. Поголемиот дел од големи сили (вклучително и Австроунгарија, Белгија, Франција, Германија, Португалија, Италија, Велика Британија, Русија, Отоманско Царство и САД) присуствувале на конференцијата во Берлин и изготвиле меѓународен кодекс кој го уредува начинот на кој европските земји треба да се однесуваат додека се стекнуваат со африканска територија. Конференцијата официјално ја признала Меѓународната асоцијација на Конго, и навела дека не треба да има врска со Белгија или која било друга земја, туку дека треба да биде под лична контрола на кралот Леополд, т.е. личен сојуз.

На конференцијата исто така било наведено дека сите нации треба да имаат пристап до деловна активност во Конго и дека трговијата со робови ќе биде потисната. Во 1885 година Леополд се појавил триумфално. На северниот брег (денешна Република Конго) и на југ (денешна Ангола), Франција добила 666.000 км2, Португалија на југ добила 909.000 км2, а личната организација на Леополд добила 2.344.000 км2 со околу 30 милиони луѓе.

По признавањето на САД на колонијата на Леополд, други европски сили започнале нови преговори. Португалците најпрвин се нафрлиле кон Французите, а Британците понудиле поддршка за португалското барање за цел Конго, во замена за договор за слободна трговија и да ги потиснат своите француски соперници. Велика Британија била вознемирена од француската експанзија и имала технички претензии кон Конго, преку експедицијата во Занзибар од страна на потполковникот Камерон во 1873 година за да го донесе телото на истражувачот Ливингстон, но не сакала да преземе уште една скапа, непродуктивна колонија. Бизмарк од Германија имал големи нови фондови во југозападна Африка и немал планови за Конго, но бил среќен што Британците и Франција биле исклучени од колонијата[2].

Во 1885 година, напорите на Леополд да се воспостави белгиско влијание биле спроведени со основање на Слободна Држава Конго. Со резолуција што била изгласена во белгискиот парламент, Леополд станал суверен крал на новата земја во која уживал речиси апсолутна контрола.

Управување[уреди | уреди извор]

Слободна Држава Конго во 1892 година

Леополд ја употребил титулата Суверен крал како владетел на Слободна Држава Конго. Тој ги назначил шефовите на трите одделенија на државата: внатрешни работи, надворешни работи и финансии. Секоја од нив била предводена од генерален администратор (администратор-генерал), подоцна генерален секретар (секретар-генерал), кој бил должен да ги донесува политиките на суверенитетот или да поднесе оставка. Под генералните секретари биле серија бирократи како генерални директори, директори, шефови на одделенија и шефови на бироа. Одделенијата биле со седиште во Брисел[11].

Одделот за финансии бил одговорен за приходите и расходите и следење на јавниот долг. Покрај дипломатијата, надворешните работи биле одговорни за превозот, образованието, религијата и трговијата. Одделот за внатрешни работи бил одговорен за одбрана, полиција, јавно здравство и јавни работи. Исто така, овој оддел бил задолжен за надгледување на експлоатацијата на природните ресурси и плантажите на Конго. Во 1904 година, генералниот секретар за внатрешни работи основал канцеларија за пропаганда[11].

Надзорот над сите одделенија бил номинално во рацете на генерал-гувернерот. Кога генерал-гувернерот бил во Белгија, тој бил застапен во Конго од страна на неговиот заменик генерал-гувернер. Во 1887 година бил формиран консултативен комитет составен од државни службеници за да му помага на генералниот гувернер, но тој не бил должен да се консултира со овој комитет околу некои одлуки.

Слободната држава имала независно судство на чело со министерот за правда во Бома. Министерот бил еднаков по ранг на заменик-генералниот гувернер. Освен тоа бил формиран и Врховен суд составен од тројца судии, кои слушале жалби од населението со седиште во Бома.

Во текот на првите неколку години од Слободна Држава Конго, се појавија неколку проблеми. Белгискиот крал имал огромни долгови за финансирање на својот колонијален напор и ризикувал да ја изгуби својата колонија во Белгија[12]. Голем дел од површината на Конго бил џунгла и нудела недоволна експлоатација на земјата. Подоцна се појавил проблем со Колонија Кејп на Сесил Родс, кој започнал со проширување на своите територии и се заканил со окупирање на Катанга. Како еден од главните проблеми во земјата бил фактот што внатрешно разните народи биле управувани од страна на моќни кралеви, султани, команданти кои морале да бидат прикриени или поразени со употреба на сила.

Владеење[уреди | уреди извор]

До 1890 година Слободна држава Конго ја консолидирала својата контрола на територијата помеѓу Киншаса и Кисангани и барала да се пробие на југ по реката Луалаба од Стенливил. Во исто време, Британската јужноафриканска компанија на Сесил Родс се проширила северно од реката Лимпопо, испраќајќи ја пионерската колона (водена од Фредерик Селоус) преку Матабеленд и отворајќи колонија во Машоналанд.

На запад се наоѓала Катанга, место на кралството на Мсири. Мсири бил најголемиот владетел во областа, и тргувал со големи количини бакар, слонова коска и робови, а гласините за злато стигнале до европските сили. Освојувањето односно трката за Катанга претставувал одличен пример за периодот. Родс испратил две експедиции кај Мсири во 1890 година, предводени од Алфред Шарп, кој бил одбиен и Џозеф Томсон, кој не успеал да стигне до Катанга. Леополд испратил четири експедиции. Првата наречена експедиција Ле Маринел, експедиција Делкомун, која била отфрлена. Третата експедиција била добро вооружената експедиција со наредби да ја освојват Катанга со или без согласност на Мсири. Мсири повторно одбил но бил застрелан, а експедицијата ја отсекле главата на водачоти ја ставиле на столб како „варварска лекција“ за луѓето. Експедицијата Бија ја завршила работата за создавање администрација и полициско присуство во Катанга.

Така, половина милион квадратни километри од Катанга станале сопственост на Леополд и го зголемиле неговото африканско царство до 2.300.000 квадратни километри, околу 75 пати поголемо од Белгија. Слободната држава Конго наметнала терористички режим врз колонизираните луѓе, вклучувајќи масовни убиства и присилен труд. Белгија, под притисок на Асоцијацијата за реформи во Конго, го прекинала владеењето на Леополд II и ја анектирала земјата во 1908 како колонија на Белгија, позната како Белгиски Конго.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Encyclopædia Britannica
  2. 2,0 2,1 Gifford, Paul (1971). France and Britain in Africa. Imperial Rivalry and Colonial Rule. New Haven: Yale University Press. стр. 221–260. ISBN 9780300012897.
  3. Vansina, Jan (2010). „Being Colonized. The Kuba Experience in Rural Congo, 1880-1960“. Madison.
  4. Hochschild, Adam (October 6, 2005). „In the Heart of Darkness“. The New York Review of Books. Посетено на July 15, 2014.
  5. Gann, L.H. (1979). The rulers of Belgian Africa, 1884-1914. New Jersey: Princeton University Press. ISBN 9780691631813.
  6. New International Encyclopedia.
  7. René de Pont-Jest: L'Expédition du Katanga, d'après les notes de voyage du marquis Christian de Bonchamps Архивирано на 5 февруари 2010 г. published 1892 in: Edouard Charton (editor): Le Tour du Monde magazine, website accessed 5 May 2007.
  8. Pakenham 1992, стр. 12–5.
  9. Pakenham 1992, стр. 253–5.
  10. Hochschild 1998, 81
  11. 11,0 11,1 Lewis H. Gann and Peter Duignan (1979), The Rulers of Belgian Africa, 1884–1914 (Princeton, NJ: Princeton University Press), 86–91.
  12. Stengers, Jean (1985). „King Leopold's Congo 1886-1908“. The Cambridge History of Africa. 6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]