Прејди на содржината

Ото фон Бизмарк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ото фон Бизмарк
Head shot of Bismarck as an elderly man. He is balding and has a moustache.
Бизмарк во 1885
Канцелар на Германската империја
На должноста
21 март 1871  18 март 1890
Монарх
Претходник Функцијата е воспоставена
Наследник Лео фон Каприви

Ото Едуард Леополд фон Бизмарк-Шенхаузен (германски: Otto Eduard Leopold von Bismarck-Schönhausen; 1 април 1815 - 30 јули 1898 ) — пруски и германски државник од XIX век. Тој ја кроел и обликувал германската политика скоро три децении.[1]

Обединување на Германија

[уреди | уреди извор]
Приказ на Антон фон Вернер на прогласувањето на Вилхелм I за германски кајзер во Салата на огледалата во Версај. Бизмарк е прикажан во средината, облечен во бела униформа (1885).

Обединувањето на Германија под пруско водство е запишано како заслуга на Ото фон Бизмарк, кого кралот Вилхелм I го назначил за генерален службеник на Прусија во 1862. Следејќи ја војната против Австрија во 1866, Германскиот Сојуз бил заменет со Северногермански Сојуз кој присобрал кон себе 17 мали германски држави под пруско водство. Победата над Франција во 1870-71 г. довела до јавување на вториот Рајх и крунисување на Вилхелм I како германски цар во Версај, Франција. Бизмарк останал генерален службеник како и подоцна канцелар на рајхот.

Reichstag-от бил реконструиран како избор од граѓаните, но бил со ограничени права. Бисмарк водел горчлива борба против либерализмот на левото крило, политичкиот католицизам и демократизацијата, но во 1880-тите исто така бил одговорен за најпрогресивното покачување на човековите права првпат поткрепени со закони во цела Европа. Конфликтите со императорот Вилхелм II кој владеел до 1888 довеле до отпуштање на "Железниот канцелар".

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -н1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр.46 - 48.