30 јули
Изглед

30 јули — 211-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (212-и во престапна година). Остануваат 154 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1619 | Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа првото колонијално претставничко Собрание. Овој град е прво населено место во Новиот Свет каде првите англиски доселеници пристигнаа во 1607 година. |
| 1971 | Астронаутите на „Аполо 15“, Дејвид Скот и Џејмс Ирвин се спуштија на Месечината. |
| 1974 | Турција, Грција и Велика Британија потпишаа спогодба за прекин на огнот на Кипар. |
| 1975 | Во Хелсинки почна Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), на која присуствуваа државници од 35 земји. Целта на Конференцијата беше да се осигура мирот во Европа. |
| 1980 | Вануату прогласува независност. |
Родени:
| 1511 | Џорџо Вазари — италијански сликар и архитект. |
| 1818 | Емили Бронте — англиска писателка. |
| 1863 | Хенри Форд — производител и конструктор на автомобили. |
| 1898 | Хенри Мур — британски вајар. |
| 1939 | Питер Богданович — американски филмски режисер. |
| 1941 | Пол Анка — канадски пејач и глумец. |
| 1944 | Џими Клиф — јамајкански реге-музичар. |
| 1947 | Арнолд Шварценегер — американски глумец и политичар. |
| 1948 | Миливоје Каракашевиќ — српски и југословенски пингпонгар. |
| 1950 | Габриеле Салваторес — италијански режисер и сценограф. |
| 1958 | Кејт Буш — англиска поп-музичарка. |
| 1959 | Петра Фелке — германска атлетичарка. |
| 1964 | Јирген Клинсман — германски фудбалер. |
| 1970 | Кристофер Нолан — британско-американски филмски режисер. |
| 1982 | Ивон Страховски — австалиска глумица. |
| 1983 | Тимур Дибиров — руски ракометар. |
| 1991 | Патрик Тишлер — унгарски фудбалер. |
| 1993 | Андре Гомеш — португалски фудбалер. |
| 1993 | Филип Пајовиќ — српски голман. |
| 1995 | Ирвинг Лозано — мексикански фудбалер. |
Починале:
| 579 | Бенедикт I — римски папа. |
| 1674 | Карел Шкрета — чешки барокен сликар. |
| 1771 | Томас Греј — англиски поет. |
| 1898 | Ото фон Бизмарк — пруски државник и обединител на Германија. |
| 1912 | Муцухито — цар на Јапонија. |
| 1965 | Џуничиро Танизаки — јапонски писател. |
| 1974 | Лав Книпер — руски композитор. |
| 1996 | Клодет Колбер — ѕвезда на Холивудските комедии. |
| 2007 | Ингмар Бергман — шведски филмски и театарски режисер и сценарист. |
| 2005 | Лаки Томпсон — американски џез-музичар. |
| 2007 | Микеланџело Антониони — италијански режисер. |
| 2015 | Лин Андерсон — американска кантри-пејачка. |