Обединување на Германија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Оваа статија го објаснува обединувањето во 1871 г. За обединувањето на Западна и Источна Германија прочитајте Повторно обединување на Германија.

Обединувањето на Германија во Германската Империја, национална држава доминирана од Прусија со федерални карактеристики, официјално се случи на 18 јануари 1871 година во Салата на огледалата во Версајскиот дворец во Франција. Принцовите на германските држави се собраа таму за да го прогласат кралот Вилхелм I од Прусија за император на Германската Империја за време на Француско-пруската војна. За седум години, Данска, Хабсбуршката монархија и Франција биле победени. Империјата го имала своето потекло, не во наплив на националистичко чувство од масите, туку преку традиционална дипломатска влада и договор од страна на водачите на државите во Северногерманскиот Сојуз, предводена од Прусија. Прусија, окупирајќи повеќе од 3/5 од областа на Германија и приближно 3/5 од населението, останала доминантна сила во Империјата до нејзиното пропаѓање на крајот на Првата светска војна.[1]

Конфедерално Царство на германски кнежевства постоело повеќе од илјада години, што датирало од Договорот од Верден во 843 година, во кој тогашната Каролиншка Империја била поделена на три кралства. Сепак, германскиот национален идентитет започнал да се развива дури во 1800 година, главно поради автономната природа на кнежевските држави; повеќето жители на Светото Римско Царство, надвор од оние со кои управувал императорот, директно се идентификувале главно со нивниот крал, принц или кнез, а не со Империјата како целина. Ова станало познато како „практика на мала - држава“. До XIX век, подобрувањата во транспортот и комуникациите ги зближиле овие мали држави и региони. Империјата престанала да постои во 1806 година со абдикација на императорот Франц II за време на Наполеоновите војни. И покрај правните, административните и политичките нарушувања предизвикани од распаѓањето, народот од германското говорно подрачје на старата Империја имал заедничка јазична, културна и правна традиција. Европскиот либерализам понудил интелектуална основа за обединување со предизвикување на династички и апсолутистички модели на социјална и политичка организација; нејзината германска манифестација ја нагласила важноста на традицијата, образованието и јазичното единство.

Моделот на дипломатски сфери на влијание што произлегле од Виенскиот конгрес во 1814–15 година по Наполеоновите војни ја потврди австриската доминација во Средна Европа преку Хабсбуршкото раководство на Германскиот Сојуз, дизајнирано да го замени Светото Римско Царство. Преговарачите во Виена не ја земаа предвид зголемената сила на Прусија и не успеаја да предвидат дека Прусија ќе се обиде да ја предизвика Австрија за лидерство помеѓу германските народи. Овој германски дуализам претстави две решенија за проблемот на обединување: Малото германско решение (Германија без Австрија), или Големо германско решение (Германија со Австрија).

Историчарите дебатираат дали Ото фон Бизмарк - канцеларот на Прусија - имал план за проширување на Северногерманскиот Сојуз од 1866 година да ги вклучи преостанатите независни германски држави во единствена држава или едноставно да ја прошири моќта на Кралството Прусија. Тие заклучуваат дека покрај Бизмарковата „реална политика“, колекција од други фактори, како реорганизација на политичките, економските, воените и дипломатските односи во 19 век, играат значајна улога во обединувањето на германските држави во една заедничка држава. Реакцијата кон данскиот и францускиот национализам обезбеди израз на германско единство. Воените успеси - особено оние во Прусија - во три регионални војни создадоа ентузијазам и гордост, што политичарите можеа да го искористат за да промовираат обединување. Со воспоставување на Германија без Австрија, политичкото и административното обединување во 1871 година барем привремено го реши проблемот со дуализмот.

Дел од темата Германија

Историја на Германија

Coat of arms of Germany.svg
Рана историја

Германи
Голема преселба на народите
Франкија
Источна Франкија
Кралство Германија
Свето Римско Царство
Германска експанзија
Kleinstaaterei

Создавање на нацијата

Рејнски Сојуз
Германски Сојуз
Германска револуција од 1848
Северногермански Сојуз
Обединување на Германија

Империјализам

Германско Царство
Прва светска војна
Вајмарска Република
Нацистичка Германија
Втора светска војна

Период по 1945

Окупација
Источна Германија
Германска Демократска Република
Обединување на Германија

Германија
Портал:Германија

Германија и германците на почетокот на 19 век[уреди | уреди извор]

Карта на Светото Римско Царство во 1789 година. На картата доминираат Хабсбуршката монархија (портокалова) и Кралството Прусија (сина), покрај голем број мали држави (многу од нив премногу мали за да бидат прикажани на картата).

Пред 1803 година, во Средна Европа постоеа повеќе од 300 политички субјекти, од кои повеќето беа дел од Светото Римско Царство или обемните наследни имоти на Хабсбуршката Монархија. Тие беа во различни големини, од малите и сложени територии на принцовите на семејството Хоенлох, до големи, добро дефинирани држави, како што се Кралствата Баварија и Прусија. Нивното управување варираше: тие вклучуваа слободни империски градови, исто така со различна големина, како моќниот Аугсбург и малиот Вајл дер Штад; црковни територии, како богатата опатија Рајхенау и моќната архиепископија Келн; и династички држави како што е Виртемберг. Овие земји (или делови од нив - и Хабсбуршката Монархија и Прусија, исто така, вклучуваа територии надвор од структурите на Империјата) ја сочинуваа територијата на Светото Римско Царство, која некогаш вклучуваше повеќе од 1.000 ентитети. Од 15 век, со мали исклучоци, избирачите на Империјата избираа членови од Хабсбуршката династија да ја носат титулата Свети римски император.[2]

Војната на Втората коалиција (1799-1802) резултираше со пораз на империјалните и сојузничките сили од страна на Наполеон Бонапарт. Договорите на Луневил (1801) и Медијацијата од 1803 година ги секуларизираа црковните кнежества и ги укинаа повеќето слободни империјални градови и овие територии заедно со нивните жители беа апсорбирани од династички држави. Овој пренос на територии особено ги зголеми териториите на Виртемберг и Баден. Во 1806 година, по успешната инвазија на Прусија и поразот на Прусија во битките кај Јена и Оерстед, Наполеон го диктираше Договорот од Пресбург и претседаваше со создавањето на Рајнскиот Сојуз, кој, меѓу другото, предвидуваше медијација на над сто ситни кнежества и апсорпција на нивните територии, како и оние на стотици империјални витези, од земјите-членки на Конфедерацијата. По формалното отцепување на овие земји од Империјата, императорот формално го распушти Светото Римско Царство.[3][4]

Подемот на германскиот национализам под Наполеоновиот Систем[уреди | уреди извор]

По битката кај Аустерлиц и војната на Третата коалиција, Наполеон успеал да го порази Светото Римско Царство, припоило делови на Австрија и одредени германски држави кон Франција и ги обединил германските држави во Рајнскиот Сојуз.

Францускиот период значително придонел за појавата на идејата за единство и национална свест во Германија. Многу региони со нивните различни дијалекти се нашле во заедничка борба против француската окупација, а термините „Германци и германски јазик“ претставувале заедничка дефиниција за антифранцуско расположение или слобода од окупаторот. На фестивалот во Вартбург во 1817 година биле формирани првите вистински движења меѓу студентите за обединување на сите Германци. Боите црна, црвена и златна биле симболични за овие движења. За германскиот филозоф Јохан Готлиб Фихте,

Првите, оригиналните и природните граници на една држава се без сомнение нивните внатрешни граници. Оние кои зборуваат на ист јазик, преку самата природа се споени со мноштво невидливи врски, долго пред да се развие човечката уметност; тие се разбираат и имаат моќ да продолжат да се разбираат се појасно и појасно; тие припаѓаат заедно и по природа се една неразделна целина.[5]

Потребите на кампањите на Наполеон во Полска (1806–07), Пиринејскиот Полуостров, западна Германија и неговата катастрофална инвазија врз Русија во 1812 година, разочараа многу Германци, кнезови и селани. Континенталниот систем на Наполеон речиси ја уништи економијата на Средна Европа. Инвазијата на Русија опфати речиси 125.000 војници од германските земји, а загубата на таа армија охрабри многу Германци, и од моќни и богати фамилии и сиромашни селани, да ја замислат Средна Европа ослободена од влијанието на Наполеон.[6][7][8]

Дебаклот во Русија го олабави француското влијание врз германските принцови. Во 1813 година, Наполеонзапочна кампања во германските држави за да ги врати во француската сфера на влијание; последователната ослободителна војна кулминираше со големата битка кај Лајпциг, позната и како Битка на народите. Во октомври 1813 година, повеќе од 500.000 војници се вклучија во жестоки борби во текот на три дена, што ја направи најголемата европска копнена битка во 19 век. Битката резултираше со одлучувачка победа за Коалицијата на Австрија, Прусија, Русија, Саксонија и Шведска и ја прекина француската доминација источно од Рајна. Успехот ги охрабри коалициските сили да го потиснат Наполеон преку Рајна; неговата војска и неговата влада се распаднаа, а победничката Коалиција го затвори Наполеон на Елба. За време на кратката реставрација на Наполеон позната како 100-те дена од 1815 година, силите на Седмата коалиција, вклучително и англиска војска под команда на војводата од Велингтон и пруската војска под команда на Гебхард фон Блучер, победија кај Ватерло (18 јуни 1815 година).[9][10]

Виенски конгрес и Германски Сојуз[уреди | уреди извор]

По поразот на Наполеон, Виенскиот конгрес воспоставил нов европски политички - дипломатски систем заснован на рамнотежа на силите. Овој систем ја реорганизирал Европа во сфери на влијание што во некои случаи ги потиснал аспирациите на различните националности, вклучувајќи ги Германците и Италијанците.[11] Конгресот воспоставил слаба Германски Сојуз (1815 – 1866) на чело со Австрија, со „Федерална диета“ (наречена Бундестаг, односно собрание на назначени водачи) што се состанала во градот Франкфурт на Мајна. Проблематично, вградената австриска доминација не успеала да го земе предвид појавувањето на Прусија во XVIII век во императорската политика. Уште откако принцот - избирач на Бранденбург се прогласил за крал во Прусија на почетокот на тој век, нивните домени стабилно се зголемувале преку војни и дипломатија. Моќта на Прусија стана особено очигледна за време на војната за австриското наследство и Седумгодишната војна под водство на Фредерик Велики.[12] Додека Марија Терезија и Јосиф II се обидуваа да ја вратат Хабсбуршката хегемонија во Светото Римско Царство, Фредерик се спротивстави со создавањето на Ферстенбунд (Сојуз на принцови) во 1785 година. Австриско-прускиот дуализам беше цврсто вкоренет во старата империјална политика. Оние маневри на рамнотежата на моќта беа олицетворени со Војната на Баварското наследство, или позната како „Војна на компири“ меѓу обичните луѓе. Дури и по крајот на Светото Римско Царство, натпреварот на овие две држави влијаеше на растот и развојот на националистичките движења во 19 век.[13]

Главното прашање околу идејата за германското обединување до средината на XIX век била идејата за „голема“ Германија наспроти „мала“ Германија. Концептот за „мала“ Германија бил унифициран германски ентитет да ја исклучи Австрија, додека идејата за „голема“ Германија била Германија да ја вклучува Австрија.[14]

Економска соработка и царинската унија[уреди | уреди извор]

Граници на Германскиот Сојуз. Прусија е сина, Австроунгарија жолта, а остатокот сива.

Институција клучна за обединување на германските држави, царинската унија, односно Золверајн, помогнала да се создаде поголемо чувство за економско обединување. Првично замислен од прускиот министер за финансии Ханс, грофот фон Билоу, како пруска царинска унија во 1818 година, Золверајн ги поврзал многуте пруски и хоенцолерни територии. Во текот на следните триесет години се придружиле и други германски држави. Унијата помогнала да се намалат протекционистичките бариери помеѓу германските држави, особено во подобрувањето на транспортот на суровини и готови производи, што го олеснувало пренесувањето на стоката преку територијалните граници и било помалку скапо за купување, транспорт и продажба на суровини. Ова било, особено важно за новите индустриски центри, од кои повеќето се наоѓале во пруските региони на Рајна, долината на Саар и Рур. Државите пооддалечени од крајбрежјето се приклучиле на Царинската унија порано. Да не се биде член било поважно за државите на југот на Германија, бидејќи надворешната тарифа на Царинската унија спречувала безцарински пристап до крајбрежјето. Така, до 1836 година сите држави на југот на Прусија се приклучиле на Царинската унија, освен Австрија.[15][16]

Спротивно на тоа, крајбрежните држави веќе имаа слободен пристап до меѓународната трговија и не сакаа потрошувачите и производителите да бидат оптоварени со увозни давачки што би ги платиле доколку се во рамките на царинската унија Золверајн. Хановер на северниот брег формираше сопствена царинска унија - „Даночна унија“ или Стиверверен - во 1834 година со Бранзвик и со Олденбург во 1836 година. Надворешните тарифи за готови производи и странски суровини беа пониски од оние на Золверајнот. Бранзвик се приклучи на царинската унија во 1842 година, додека Хановер и Олденбургконечно се приклучија во 1854 година. По австро-пруската војна од 1866 година, Шлезвиг, Холштајн и Лауенбург беа припоени кон Прусија и на тој начин присоединети и кон царинската унија, додека двете Мекленбуршките држави и слободните градови Хамбург и Бремен се приклучија доцна, бидејќи беа зависни од меѓународната трговија. Мекленбурзите се приклучија во 1867 година, додека Хамбург и Бремен се приклучија во 1888 година.[16][17]

Патишта и железници[уреди | уреди извор]

Сатиричен цртеж за распространетоста на граничните премини во многуте германски покраини, околу 1834 година. Некои држави беа толку мали што транспортерите ги товареа и претоваруваа своите товари два до три пати на ден.

До почетокот на XIX век, германските патишта се влошиле до страшна мера. Патниците, странски и локални, горко се жалеле за државните „Херастрасен”, воените патишта што претходно биле одржувани за полесно движење на трупите, бидејќи германските држави престанале да бидат воени раскрсница, патиштата се подобрувале; Хајнрих фон Гагерн напишал дека патиштата се „вени и артерии на телото“ и предвидувал дека тие ќе ги промовираат слободата, независноста и просперитетот.[18] Колку и да биле важни овие подобрувања, тие не можеале да се натпреваруваат со влијанието на пругата. Германскиот економист Фридрих Лист ги нарекол железниците и Царинската унија „сијамски близнаци“, истакнувајќи ги нивните важни односи едни со други. Поетот Август Хајнрих Хофман фон Фалерслебен напиша песна во која ги величи доблестите на Золверајнот и железниците, за кои смета дека придонесле повеќе за германското единство отколку политиката или дипломатијата. Историчарите на Втората Империја подоцна ги сметале железниците како прв индикатор за обединета држава; патриотскиот новелист, Вилхелм Раабе, напиша: „Германската империја е основана со изградбата на првата железница...“ Не секој го поздрави железното чудовиште со ентузијазам. Прускиот крал Фредерик Вилијам III не виде предност во патувањето од Берлин до Потсдам неколку часа побрзо, а Метерних воопшто не се возел со воз. Други се прашуваа дали железницата е „зло“ што го загрозува пејзажот: Николаус Ленау преку поемата „До пролет“ од 1838 година се жалеше како возовите ја уништуваат беспрекорната тишина на германските шуми.[19][20]

Баварската железница Лудвиг, која беше прва патничка или товарна железничка линија во германските земји, ги поврзуваше Нирнберг и Фирт во 1835 година. Иако беше долга 6 километри и работеше само преку ден, се покажа како многу профитабилна и популарна. За три години, беа изградени 141 километри железница, до 1840 година, 462 километри, а до 1860 година, 11.157 километри. Недостасувајќи географски централна карактеристика за организирање (како што е главен град), шините беа поставени во мрежи, поврзувајќи ги градовите и пазарите во регионите, регионите во поголемите региони итн. Со ширењето на железничката мрежа, стана поевтин превозот на стоки. Суровините можеа да патуваат по долината на Рур без да мора да се растоварат и претоварат. Железничките линии ја поттикнаа економската активност преку создавање побарувачка за производи и со олеснување на трговијата. Железниците го сменија изгледот на градовите и начинот на патување на луѓето. Иако некои од далечните германски провинции не беа опслужувани со железница до 1890-тите, мнозинството од населението и производствените центри беа поврзани со железничката мрежа до 1865 година.[21]

Географија, патриотизам и јазик[уреди | уреди извор]

Распространетост на Германскиот јазик (зелена) и политичките граници во 1941 година (сива)

Патувањето станувало полесно, побрзо и поевтино, Германците започнале да гледаат единство и во други фактори освен нивниот јазик. Браќата Грим, кои составиле масивен речник познат како законот на Грим, исто така собрале збир на народни приказни и басни, кои ги потенцирале паралелите на раскажување приказни меѓу различните региони.[22] Карл Бедекер напишал водичи за различни градови и региони на Средна Европа, укажувајки на места за престој, места за посета и давање кратка историја на замоци, боишта, познати згради и познати луѓе.[23] Патриотски песни како „Песна на Германците” (гер. Das Lied der Deutschen или Deutschland, Deutschland über Alles) и „Часовникот на Рајна” (гер. Die Wacht am Rhein“) започнале да го насочуваат вниманието кон географскиот простор, не ограничувајќи го „германството“ само на заеднички јазик. Шнекенбургер ја напиша „Часовникот на Рајна“ во конкретен патриотски одговор на француските тврдења дека Рајна е „природната“, источната граница на Франција. Во рефренот, „Драга татковино, драга татковино, стави го својот ум на одмор / Часовникот стои точно на Рајна“, и во други патриотски поезии, како што е „Рајна“ (гер. Das Rheinlied) од Николас Бекер, Германците се повикани да ја бранат својата татковина. Во 1807 година, Александар фон Хумболт тврди дека националниот карактер го одразува географското влијание, поврзувајќи го пејзажот со луѓето. Истовремено со оваа идеја, се појавија движења за зачувување на старите тврдини и историски локалитети, особено се фокусираа на Рајнската област, местото на толку многу конфронтации со Франција и Шпанија.[24][25]

Либерализам од 19 век[уреди | уреди извор]

Периодот на австриската и пруската полициска држава и огромната цензура пред Револуциите од 1848 година во Германија подоцна стана широко познат како Вормарц, „Предмартовски период“, осврнувајќи се на март 1848 година. Во овој период, европскиот либерализам доби замав; агендата вклучуваше економски, социјални и политички прашања. Повеќето европски либерали во Вормарцот бараа обединување според националистичките принципи, ја промовираа транзицијата кон капитализам и зголемување на правото на глас, меѓу другото. Нивната „радикалност“ зависеше од тоа каде стојат на спектарот за правото на глас: колку е поширока дефиницијата за правото на глас, толку е порадикална.[26]

Фестивал во Хамбах: либерален национализам и конзервативен одговор[уреди | уреди извор]

Про-националистички учесници маршираат до урнатините на замокот Хамбах во 1832 година. Доминираа студентите и некои професионалци и нивните сопружници. Тие го носеа знамето на тајната организација Буршеншафт, кој подоцна стана основа на знамето на модерна Германија.[27]

И покрај значителната конзервативна реакција, идеите за единство се придружиле на поимите за народен суверенитет во германските земји. На фестивалот во Хамбах во мај 1832 година присуствувала толпа од повеќе од 30.000 луѓе. Промовирани како окружен саем, неговите учесници го прославиле братството, слободата и националното единство. Луѓето се собрале во градот и марширале кон урнатините на замокот Хамбах на височините над малото гратче Хамбах, во покраината Пфалц на Баварија. Таму слушале говори на националистички оратори од целиот конзервативен до радикален политички спектар. Реториката во Хамбах ја нагласила целокупната мирољубива природа на германскиот национализам: целта не била да се изградат барикади, многу „француска“ форма на национализам, туку да се градат емотивни мостови меѓу групите.[28][29]

Како што направи во 1819 година, по убиството во Коцебуе, Метерних ги искористи народните демонстрации во Хамбах за да ја поттикне конзервативната социјална политика. „Шесте члена“ од 28 јуни 1832 година првенствено го потврдија принципот на монархиската власт. На 5 јули, Франкфуртската диета (парламент) изгласа дополнителни 10 статии, во кои беа повторени постојните правила за цензура, ограничени политички организации и ограничени други јавни активности. Понатаму, земјите-членки се согласија да испратат воена помош на секоја влада загрозена од немири. Принцот Вреде доведе половина од баварската војска кон Пфалц за да ја „покори“ провинцијата. Неколку несреќни говорници на Хамбах беа уапсени, судени и затворени; еден, Карл Хајнрих Бругеман (1810-1887), студент по право и претставник на таинствениот Буршеншафт, бил испратен во Прусија, каде што прво бил осуден на смрт, но подоцна помилуван.[30][31]

Либерализм и одговор на економските проблеми[уреди | уреди извор]

Германска карикатура која ги исмејува декретите на Карлсбад, кои ја потиснуваат слободата на изразување

Неколку други фактори го комплицираа подемот на национализмот во германските покраини.Човечките фактори вклучуваа; политичко соперништво меѓу членовите на германскиот сојуз, особено меѓу Австријците и Прусите, и социо-економска конкуренција меѓу комерцијалните и трговските интереси и старите аристократски интереси. Природните фактори вклучуваат зголемна суша во раните 1830-ти, и повторно во 1840 тите, и криза со храна во 1840-тите. Понатамошни компликации се појавија како резултат на промена во индустријализацијата и производството; додека луѓето бараа работа, ги напуштаа своите села и мали градови за да работат во текот на неделата во градовите, враќајќи се за ден и половина за време на викендите.[32][33]

Економската, социјалната и културната дислокација на обичните луѓе, економските тешкотии на економијата во транзиција и притисоците од метеоролошките непогоди придонесоа за големи проблеми во Средна Европа. Неуспехот на повеќето влади да се справат со кризата со глад во средината на 1840-тите години, предизвикана од неколку сезони на лоши временски услови, охрабри многумина да мислат дека богатите и моќните немаат интерес за нивните проблеми. Оние што беа на власт беа загрижени за зголемениот немир, политичката и социјалната агитација меѓу работничките класи и незадоволството на интелектуалците. Се чини дека ниту една цензура, парични казни, затвор или протерување не можело да ги запре критиките. Понатаму, стануваше се појасно дека и Австрија и Прусија сакаат да бидат лидери во идната германска држава; секој ќе го спречи нагонот на другиот да го постигне обединувањето на Германците.[34]

Први напори за обединување[уреди | уреди извор]

Она што е најважно, и митингот во Вартбург во 1817 година и фестивалот во Хамбах во 1832 година немаа јасна програма за обединување. Во Хамбах, позициите на многуте говорници ги илустрираа нивните различни агенди. Соединети само со идејата за обединување, нивните идеи за тоа како да се постигне ова не вклучуваа конкретни планови, туку се потпираа на небулозната идеја дека Волкот (народот), ако е соодветно образуван, ќе донесе обединување самостојно. Големите говори, знамиња, бујни студенти и пикник ручеците не се претворија во нов политички, бирократски или административен апарат. Иако многумина зборуваа за потребата од устав, од дискусиите не се појави таков документ. Во 1848 година, националистите се обидоа да го поправат тој проблем.[35]

Германски револуции од 1848 година и парламентот во франкфурт[уреди | уреди извор]

Делегати на парламентот пред Павловата црква во Франкфурт, каде што ги поставија темелите за избор на Национален парламент[36]

Распространетите - главно германски - револуции од 1848 – 49 година барале обединување на Германија според единствен устав. Револуционерите вршеле притисок врз различни државни влади, особено оние во Рајнска област, за парламентарно собрание што ќе има одговорност да подготви устав. Многумина од левичарските револуционери се надевале дека овој устав ќе воспостави универзално право на глас за сите мажи, постојан национален парламент и обединета Германија, можеби под водство на прускиот крал. Се чинело дека ова е најлогичниот курс, бидејќи Прусија била најсилна од германските држави, како и најголема по географска големина. Општо земено, револуционерите од десниот центар бараа некакво проширено право на глас во нивните држави и потенцијално, форма на лабаво обединување. Нивниот притисок резултираше со разновидни избори, врз основа на различни квалификации за гласање, како што е прускиот систем од три класи, кој им беше доделен на некои изборни групи-главно на побогатите, земјопоседници-поголема претставничка моќ.[37]

На 27 март 1849 година, Парламентот во Франкфурт го донел „Уставот на црквата Свети Павле” (гер. Paulskirchenverfassung) и му ја понудил титулата Кајзер (император) на прускиот крал Фредерик Вилијам IV следниот месец. Тој одбил од различни причини. Јавно, тој одговори дека не може да прифати круна без согласност на вистинските држави, под кои се мисли на принцовите. Приватно, тој се плашеше од противење од другите германски принцови и од воена интервенција на Австрија или Русија. Тој, исто така, имаше фундаментално противење за идејата за прифаќање на круна од народно избраниот парламент: тој нема да прифати круна од „глина“.[38]

1848 година и Франкфуртскиот парламент во ретроспективна анализа[уреди | уреди извор]

Германските историчари се вклучија во децениска дебата за тоа како успесите и неуспесите на Парламентот во Франкфурт придонесуваат за историографските објаснувања за градењето на германската нација. Една хипотеза, која се појави по Големата војна и доби на интензитет по Втората светска војна, тврди дека неуспехот на германските либерали во Парламентот во Франкфурт доведе до компромис на буржоазијата со конзервативците, што потоа доведе до т.н. Сондервег (карактеристичен пат) на германската историја од 20 век. Според овој аргумент, неуспехот да се постигне обединување во 1848 година, резултираше со доцно формирање на обединета држава во 1871 година, што пак го одложи развојот на позитивните национални вредности. Хитлер честопати ја повикуваше германската јавност да се жртвува за каузата на нивната голема нација, но неговиот режим не создаде германски национализам: тој само профитираше од внатрешната културна вредност на германското општество, која сè уште останува распространета до денес.[39][40][41]

Неодамнешно истражување ја отфрли оваа идеја, тврдејќи дека Германија нема вистински „карактеристичен пат“ повеќе од која било друга нација, историографска идеја позната како исклучителност. Наместо тоа, модерните историчари тврдат дека во 1848 година се забележани специфични достигнувања на либералните политичари. Многу од нивните идеи и програми подоцна беа вклучени во социјалните програми на Бизмарк.[42][43][44]

Сојузот Ерфурт и Договорот од Оломоуц[уреди | уреди извор]

Приказ на Германија, од Филип Вејт. Мечот ја симболизира Божјата реч и го означува обновувањето на луѓето и нивниот триумфален дух.

По распадот на Франкфуртскиот парламент, Фредерик Вилијам IV, под влијание на генералот Јосиф Марија фон Радовиц, го поддржал формирањето на Ерфуртската унија - федерација на германски држави, со исклучок на Австрија - со слободен договор на германските принцови. Овој ограничен сојуз под Прусија скоро целосно ќе го елиминира австриското влијание врз другите германски држави. Комбиниран дипломатски притисок од Австрија и Русија ја принудиле Прусија да се откаже од идејата за Унијата на Ерфурт на состанокот во малиот град Оломоуц во Моравија. Во ноември 1850 година, Прусите - поточно Радовиц и Фредерик Вилијам - се согласиле за обновување на Германскиот сојуз под водство на Австрија. Ова станало познато како „Пункција на Оломоуц“, но кај Прусите било познато како „Понижување на Оломоуц“.[45]

Иако навидум мали настани, предлогот на Сојузот во Ерфурт и Договорот од Оломоуц ги стави во фокус проблемите на влијанието во германските покраини. Повеќе прашањето не беше дали, туку кога ќе се случи обединувањето и кој ќе го изведе тоа. Еден од поранешните пратеници на Франкфуртскиот парламент, Јохан Густав Дројсен, го сумираше проблемот:

Не можеме да го прикриеме фактот дека целото германско прашање е едноставна алтернатива помеѓу Прусија и Австрија. Во овие држави, германскиот живот има свои позитивни и негативни страни - во првите, сите интереси [кои] се национални и реформативни, во вторите, сите династични и деструктивни. Германското прашање не е уставно прашање, туку прашање на моќ; а пруската монархија сега е целосно германска, додека онаа на Австрија не може да биде.[46]

Обединувањето под овие услови покренало основен дипломатски проблем. Можноста за германско (или италијанско) обединување ќе ги поништи сферите на систем на влијание создадени во 1815 година на Виенскиот конгрес. Главните архитекти на оваа конвенција, Метерних, Кастли и Цар Александар (со неговиот министер за надворешни работи грофот Карл Неселроде), ја замислиле и организирале Европа балансирана и загарантирана од четири „големи сили“: Велика Британија, Франција, Русија и Австрија, при што секоја моќ имала географска сфера на влијание. Сферата на Франција го вклучуваше Пиринејскиот Полуостров и дел од влијанието во италијанските држави. Русија ги вклучува источните региони на Средна Европа и балансирачкото влијание на Балканот. Сферата на Австрија се прошири низ голем дел од териториите на Средна Европа, порано територии на Светата Римска Империја. Британската сфера беше остатокот од светот, особено морињата.[47]

Овој систем на сфери на влијание зависел од фрагментацијата на германските и италијанските држави, а не од нивната консолидација. Следствено, германска нација обединета под едно знаме претставувало значајно прашање. Немало лесно применлива дефиниција за тоа кој би бил германскиот народ или до каде ќе се протегаат границите на германската нација. Имаше и неизвесност кој најдобро ќе ја води и брани „Германија“, како и да е, дефинирана. Различни групи понудија различни решенија за овој проблем. Во решението „Мала Германија“, германските држави би биле обединети под водство на Пруските Хоенцолерни; во решението „Голема Германија“, германските држави би биле обединети под водство на Австриските Хабсбурзи. Оваа контроверзија, најновата фаза од дебатата за германскиот дуализам, кој доминираше во политиката на германските држави и австро-пруската дипломатија од создавањето на Кралството Прусија во 1701 година, ќе дојде до израз во текот на следните дваесет години.[48]

Прусија и вистинска политика („Realpolitik”)[уреди | уреди извор]

Кралот Фредерик Вилијам IV доживеал мозочен удар во 1857 година и повеќе не можел да владее. Ова довело неговиот брат Вилијам да стане принц регент на Кралството Прусија во 1858 година. Во меѓувреме, Хелмут фон Молтке станал началник на прускиот генералштаб во 1857 година, а Албрехт фон Рун ќе стане пруски министер за војна во 1859 година. Ова поместување на авторитетот во рамките на прускиот воен естаблишмент би имало важни последици. Фон Рун и Вилијам започнале со реорганизација на пруската војска, додека Молтке ја редизајнирал стратешката одбрана на Прусија со рационализирање на оперативната команда. Реформите на пруската војска предизвикала уставна криза што започна во 1860 година, затоа што и парламентот и Вилијам - преку неговиот министер за војна - сакале контрола над воениот буџет. Вилијам, крунисан под името крал Вилхелм I во 1861 година, го назначил Ото фон Бизмарк на позицијата министер - претседател на Прусија во 1862 година. Бизмарк ја решил кризата во корист на министерот за војна.[49][50]

Кримската војна од 1854 - 55 година и Втората италијанска војна за независност од 1859 година ги нарушиле односите меѓу Велика Британија, Франција, Австрија и Русија. После овој неред, конвергенцијата на оперативниот редизајн на Фон Молтке, преструктуирањето на војската на Фон Рун и Вилхелм и дипломатијата на Бизмарк влијаеле на преуредувањето на европскиот баланс на силите. Нивните комбинирани агенди ја утврдиле Прусија како водечка германска сила преку комбинација на странски дипломатски триумфи - поткрепена со можна употреба на пруската воена моќ - и внатрешен конзервативизам ублажен од прагматизмот, кој станал познат како „Realpolitik” (вистинска политика).[51]

Бизмарк ја изрази суштината на „Вистинската политика” во неговиот познат говор „Крв и железо“ пред Комисијата за буџет на Пруската комора на пратеници на 30 септември 1862 година, кратко време откако стана министер - претседател:

„Големите прашања од ова време нема да бидат решени со говори и мнозински одлуки - тоа беше голема грешка од 1848 и 1849 година - туку со железо и крв “.[52][53]

Зборовите на Бизмарк, „железо и крв“ (или „крв и железо“, како што често се припишува), честопати биле злоупотребувани како доказ за германската страст за крв и моќ. Прво, фразата од неговиот говор „големите прашања на времето нема да се решат со говори и мнозински одлуки“ често се толкува како отфрлање на политичкиот процес - одрекување што Бизмарк самиот не го застапуваше. Второ, неговиот акцент на крвта и железото не ја подразбира само неспоредливата воена моќ на пруската армија, туку два важни аспекти: способноста на германските држави да произведуваат железо и други воени материјали и подготвеност да ги користат тие воени материјали доколку е потребно.[54][55]

Основање на унифицирана држава[уреди | уреди извор]

Во политичката географија нема Германија за која треба да се зборува. Постојат Кралства и Големи Војводства, Војводства и Кнежества, населени со Германци, и со секое [одделно] владее независен суверен со сите државни апарати. Сепак, постои природна подвижност која се стреми кон национално чувство и кон соединување на Германците во една голема нација, управувана од една заедничка престолнина.

- напис од „The New York Times“ објавен на 1 јули 1866 година[56]

До 1862 година, кога Бизмарк го одржал својот говор, идејата за германска национална држава во мирољубивиот дух на пангерманизмот се префрлил од либералниот и демократскиот карактер од 1848 година за да се приспособи на поконзервативниот Реалполитик на Бизмарк. Бизмарк се обидел да ја поврзе унифицираната држава со династијата Хоенцолерн, што за некои историчари останува еден од примарните придонеси на Бизмарк за создавање на Германската Империја во 1871 година.[57][58] Додека, условите на договорите што ги врзувале различните германски држави една со друга забранувале Бизмарк да преземе еднострана акција, политичарот и дипломатот во него сфатиле дека е непрактично ова. За да ги обедини германските држави на Бизмарк му бил потребен единствен, надворешен непријател, кој прво ќе и објави војна на една од германските покраини, со што ќе се обезбеди casus belli за да се соберат сите Германци. Оваа можност се појавила со избувнувањето на Француско-пруската војна во 1870 г.[59][60]

Три епизоди се покажале како клучни за обединувањето на Германија. Прво, смртта без машки наследници на Фредерик VII од Данска довела до Втора шлезвишка војна во 1864 година. Второ, обединување на Италија и обезбедило на Прусија сојузник против Австрија во Австро-пруската војна од 1866 година. Конечно, Франција - плашејќи се од опкружувањето на Хоенцолерн - објавила војна на Прусија во 1870 година, што резултирала во Француско-пруската војна. Преку комбинација на дипломатијата и политичкото раководство на Бизмарк, воената реорганизација на Фон Рун и воената стратегија на Молтке, Прусија покажала дека никој од европските потписници на мировниот договор од 1815 година не може да ја гарантира сферата на влијание на Австрија во Средна Европа, со што била постигната пруска хегемонија во Германија и завршување на дебатата за дуализмот.[61]

Прашањето за шлезвиг – холштајн[уреди | уреди извор]

Од север кон југ: Данскиот дел на Јутланд во виолетова и теракота, Шлезвиг во црвена и кафеава боја и Холштајн во жолта боја. Прашањето за Шлезвиг-Холштајн се однесуваше на статусот на тие територии.

Првата епизода во сагата за германското обединување под Бизмарк се појавила со прашањето за Шлезвиг - Холштајн. И со Шлезвиг и со Холштајн се владеело преку институции одделни од остатокот на Данското кралство. Кризата се појавила поради спор за сукцесија. Војводствата од Шлезвиг и Холштајн биле законски наследени според законот на Салиќ, кој ги игнорирал жените; Кралството Данска имал поинаков закон за наследство што им дозволувало на машките наследници да наследуваат преку женска линија. Според овие различни закони за сукцесија, бездетскиот крал Фредерик VII од Данска би имал различни наследници во Данска и во Шлезвиг-Холштајн. Но, кога Фредерик починал во 1863 година, неговиот дански наследник Кристијан IX тврдел дека ги наследил и Војводствата и се обидел да го интегрира Војводството Шлезвиг во данското кралство со потпишување на т.н. ноемвриски устав. Германската конфедерација сметала дека овој чин претставува кршење на Лондонскиот протокол од 1852 година, со кој се нагласува статусот на Кралството Данска, различен од трите независни војводства. Покрај тоа, населението на војводствата, го ценеле својот посебен статус. Дипломатските обиди за укинување на уставот од ноември пропаднале, а борбите започнале кога пруските и австриските трупи ја преминаа реката Ејдер на 1 февруари 1864 година. Првично, Данците се обиделе да ја одбранат својата земја користејќи антички земјен ѕид познат како Даневирке, но тоа се покажал залудно. Данците не претставувале предизвик на комбинираните пруски и австриски сили и не можеле да се потпрат на помошта од нивните сојузници во другите скандинавски држави, затоа што Данска го поништила својот сојуз со кршење на протоколот од Лондон. Втора шлезвишка војна резултирала со победа на комбинираните војски на Прусија и Австрија, а двете земји ја обезбедиле контролата над Шлезвиг и Холштајн со мирот од Виена, потпишан на 30 октомври 1864 година.[62]

Австро – пруска војна - 1866 година[уреди | уреди извор]

Состојба[мртва врска] пред избувнување на војната:
  Прусија
  Австрија
  Сојузници на Австрија
  Сојузници на Прусија
  Неутрални
  Под заедничка администрација (Шлезвиг-Холштајн)

Втората епизода во напорите за обединување на Бизмарк се случила во 1866 година. Во сојузништво со новоформираната Италија, Бизмарк создал дипломатско опкружување во кое Австрија и објавила војна на Прусија. Војната избувнала како резултат на спорот меѓу Прусија и Австрија околу администрацијата на Шлезвиг-Холштајн, кои биле освоени од двете држави од Данска и се согласиле заеднички да ги окупираат териториите на крајот на Втора шлезвишка војна во 1864 година.[63]

Причини за избивање на војната[уреди | уреди извор]

Кризата започнала на 26 јануари 1866 година, кога Прусија протестирала против одлуката на австрискиот гувернер на Холштајн да им дозволи на имотите на војводите да свикаат обединето собрание, прогласувајќи ја одлуката на Австрија за кршење на принципот на заеднички суверенитет. Бизмарк склучил сојуз со Италија на 8 април 1866 година, за помош во војна ако Прусија влезе во борба против Австрија во рок од три месеци, што било очигледен поттик за Бизмарк да влезе во војна со Австрија во рок од три месеци за да ги пренасочи австриските сили од Прусија. Кога германското сообрание одговорило со гласање за делумна мобилизација против Прусија на 14 јуни 1866 година, Бизмарк тврдел дека Германскиот сојуз е распаднат и повеќе не постои. Пруската војска ги нападнала Хановер, Саксонија и електоратот Хесен на 15 јуни 1866 година. Италија и објавила војна на Австрија на 20 јуни 1866 година.[64][65]

Завојувани страни[уреди | уреди извор]

officer[мртва врска] on horseback ordering his enthusiastic massed infantry into battle
Прускиот принц Фридрих Карл им наредува на своите ентузијастички трупи да нападнат во битката кај Кенигрец

Во германскиот парламент, групата средни држави, познати како „Mittelstaaten” (Баварија, Виртемберг, големите војводсства на Баден и Хесен и војводствата Саксонија - Вајмар, Саксонија - Мајнинген, Саксонија - Кобург и Насау), поддржале целосна демобилизација во рамките на сојузот. Овие индивидуални влади ги отфрлиле примамливите ветувања и суптилни (или отворени) закани што ги користел Бизмарк за да се обиде да ја добие нивната поддршка против Хабсбурзите. Прускиот воен кабинет сфатил дека неговите единствени поддржувачи меѓу германските држави против Хабсбурзите биле две мали кнежевства што се граничат со Бранденбург, кои имале мала воена сила или политичка моќ: Големите војводи на Мекленбург-Шверин и Мекленбург-Штрелиц. Тие, исто така, разбрале дека единствениот сојузник на Прусија е Италија. Противставеноста на милитарисичката тактика на Прусија се појавила и во други социјални и политички групи. Низ германските покраини, градските совети, либералните парламентарни членови кои се залагале за унифицирана држава и стопанските комори - кои ќе видат големи придобивки од обединувањето - се спротивставувале на секоја војна меѓу Прусија и Австрија.[66][67]

Воени и економски фактори[уреди | уреди извор]

Во 1862 година, Фон Рун спровел неколку воени реформи со кои се осигурал дека сите пруски граѓани се подложени на регрутација. Пруската служба за регрутирање вршела постојана обука и вежбање, за разлика од австриската војска, каде што некои команданти рутински ги отпуштале воените регрути во своите домови на трајно отсуство, наскоро по нивното воведување во војската, задржувајќи само кадар долгорочни војници за формални паради и рутински должности. Пруската војска била локално базирана, организирана во воени области, секоја од нив имала штаб и составни единици. Повеќето резервисти живееле близу до нивните полковни депоа и можеле брзо да бидат мобилизирани. Австриската политика била да се осигура дека единиците се стационирани далеку од дома за да ги спречат да учествуваат во сепаратистички бунтови. Пруската пешадија била опремена со игличната пушка Драјзе, пушка која можела да се испука побрзо од пушките Лоренц на австриската војска наполнети со муцки. Иако, имале некои предупредувања за пруското оружје, тие ги игнорирале и ги задржале своите тактики наречени „Stoßtaktik” (шок тактики).[68]

Во 1866 година, пруската економија рапидно растеше, делумно како резултат на Золверајн, што и донел предност на Прусија во војната. Прусија можела да ги опреми своите војски со модерни пушки, а подоцна и со нова артилерија „Круп“, австриската економија страдала од ефектите на Унгарската револуција од 1848 година и Втората италијанска војна за независност. Австрија имала само една банка, „Кредитансталт“ и државата имала големи долгови.[69]

Тек на војната[уреди | уреди извор]

Состојба[мртва врска] по завршеток на војната:
  Прусија
  Територии припоени кон Прусија
  Сојузници на Прусија
  Австрија
  Сојузници на Австрија
  Неутрални членови на Германската конфедерација

Главниот фронт на војната бил во Бохемија. Прускиот началник на Генералштабот Хелмут фон Молтке имал прецизни планови за војната. Тој брзо ја мобилизирал пруската војска и напредувал преку границата кон Саксонија и Бохемија, каде австриската војска се концентрирала за инвазија на Шлезија. Таму, пруските војски, номинално предводени од кралот Вилијам I, се сретнале со австриските војски во битката кај Канигграц (Храдец Кралове) на 3 јули 1866 година. Пруската војска на Елба предвреме напредувала кон австриското лево крило, а Првата војска кон центарот; ризикувале да бидат спротивставени на нивната лева страна. Победата зависела од навременото пристигнување на Втората војска на левото крило. Ова било постигнато преку сјајната работа на началникот на Генералштабот, Леонард Граф фон Блументал. Супериорната пруска организација ја решила битката против австриската нумеричка супериорност и победата била целосна, загинати во австриската војска биле скоро седум пати повеќе од пруската страна. Примирјето помеѓу Прусија и Австрија стапило во сила на 22 јули 1866 година напладне. Прелиминарниот мир бил потпишан на 26 јули 1866 година во Николсбург.

Освен Саксонија, другите германски држави сојузнички на Австрија играле мала улога во војната. Војската на Хановер ја победила Прусија во Втората битка во Лангенсалза на 27 јуни 1866 година, но за неколку дена, тие биле принудени да се предадат. Пруските војски се бореле против Баварија, Виртемберг, Баден и хесиските држави на реката Мајна, достигнувајќи ги Нирнберг и Франкфурт. Баварската тврдина Вирцбург била гранатирана од пруската артилерија, но гарнизонот ја бранел својата позиција до денот на примирјето.

Австријците биле поуспешни во војната со Италија, победувајќи ги Италијанците на копно во битката Кустоза и на море во битката кај Лиса. Прускиот мир со Австрија ја принудил италијанската влада да побара примирје со Австрија на 12 август 1866 година. Според Виенскиот договор, потпишан на 12 октомври 1866 година, Австрија го отстапила Венето на Франција, што пак, и го отстапи на Италија.

Северногермански Сојуз[уреди | уреди извор]

Северногермански сојуз (црвено). Јужногерманските држави кои се приклучија во 1870 година за да ја формираат Германската Империја се во портокалова боја. Алзас-Лорена, територијата анектирана по Француско-пруската војна од 1870 година, е во тен.

Брзо примирје било неопходно за да се спречи Русија да влезе во конфликтот од страната на Австрија. Прусија ги припоила Хановер, Хесе-Касел, Насау и градот Франкфурт. Хесе Дармштад изгубил одредена територија, но не и нејзиниот суверенитет. Државите јужно од реката Мајна (Баден, Виртемберг и Баварија) потпишале посебни договори со кои се барало да плаќаат отштета и да склучуваат сојузи, доведувајќи ги во сферата на влијанието на Прусија. Австрија и повеќето нејзини сојузници биле исклучени од Северногерманскиот Сојуз. Крајот на австриската доминација на германските држави го свртело вниманието на Австрија на Балканот. Во 1867 година, австрискиот император Франц Јозеф прифатил спогодба (Австро - унгарскиот компромис од 1867 година) во која им дал на своите унгарски поседи еднаков статус со неговите австриски домени, создавајќи Двојна монархија на Австро - Унгарија.[70][71]

Реалноста на поразот за Австрија предизвикала повторна проценка на внатрешните поделби, локалната автономија и либерализмот. Новиот Северногерманскиот Сојуз имаше свој устав, знаме и владини и административни структури. Преку воена победа, Прусија под влијание на Бизмарк го надмина активниот отпор на Австрија кон идејата за обединета Германија. Можеби влијанието на Австрија врз германските држави беше прекинато, но војната исто така го разби духот на пан-германското единство: повеќето германски држави негодуваа на пруската политика за моќ.[72][73][74]

Војна со Франција[уреди | уреди извор]

До 1870 година станале очигледни три важни лекции од австро - пруската војна. Првата лекција била дека, преку воена сила, моќна држава може да ги предизвика старите сојузи и сфери на влијание воспоставени во 1815 година. Второ, преку дипломатско маневрирање, вешт водач може да создаде средина во која ривалската држава прва ќе објави војна, со што ги принудувал државите сојузнички со „жртвата“ на надворешната агресија да му помогнат на водачот. Конечно, бидејќи прускиот воен капацитет бил далеку поголем од австрискиот, Прусија очигледно била единствената држава во Конфедерацијата, способна да ги заштити сите од потенцијално мешање или агресија. Во 1866 година, повеќето средни германски држави се спротивставиле на Прусија, но до 1870 година овие држави биле принудени во заштитни сојузи со Прусија. Во случај некоја европска држава да објави војна на еден од нивните членови, сите тие ќе излезат во одбрана на нападнатата држава. Со вешта манипулација со европската политика, Бизмарк создал ситуација во која Франција би играла улога на агресор во германските политики, додека Прусија би ја играла заштитничката на германските права и слободи.[75]

Причини за француско – пруската војна[уреди | уреди извор]

Франција била силно против присоединувањето на јужногерманските држави од страна на Северногерманскиот Сојуз, што би создало премногу моќна земја покрај нејзините граници. Во Прусија, се сметало дека е неопходна војна против Франција за да се разбуди германскиот национализам во тие држави со цел да се овозможи обединување на повеќето германски држави во голема Германска Империја. Бизмарк, исто така знаел дека Франција треба да биде агресор во конфликтот за државите од Јужна Германија да бидат на страната на Прусија, давајќи им на Германците бројна супериорност.[76]

Монархиски кризи: сферите на влијание се распаѓаат во шпанија[уреди | уреди извор]

Наполеон III, император на Французите

На Конгресот во Виена во 1815 година, Метерних и неговите конзервативни сојузници ја воспоставиле шпанската монархија под кралот Фердинанд VII. Во текот на следните четириесет години, големите сили ја поддржувале шпанската монархија, но настаните во 1868 година дополнително би го тестирале стариот систем. Револуција во Шпанија ја соборила кралицата Изабела II, а престолот останал празен. Шпанците, барајќи соодветен католички наследник, им ја понудиле функцијата на тројца европски принцови, секој од нив бил одбиен од Наполеон III.[77]

Конечно, во 1870 година Регентството му ја понудил круната на Леополд од Хоенцолерн - Сигмаринген, принц од католичката линија Хоенцолерн. Бизмарк го охрабрил Леополд да ја прифати понудата. Доколку шпанскиот крал би бил од династијата Хоенцолерн - Сигмаринген би значело дека две земји од двете страни на Франција ќе имаат германски кралеви со потекло од Хоенцолер. Можеби ова било пријатна перспектива за Бизмарк, но било неприфатливо за Наполеон III или за Агенор, војводата од Грамонт, неговиот министер за надворешни работи. Грамонт му напишал остро формулиран ултиматум на Вилијам I, како глава на семејството Хоенцолерн, наведувајќи дека доколку некој принц од Хоенцолер треба да ја прифати круната на Шпанија, француската влада ќе одговори - иако тој оставил двосмислена природа на таквиот одговор. Принцот се повлекол како кандидат, со што се смирила кризата, но францускиот амбасадор во Берлин не дозволил ова прашање да лебди во воздухот. Тој директно му пришол на прускиот крал, додека Вилијам I летувал во Емс Спа, барајќи од кралот да објави соопштение во кое вели дека никогаш нема да поддржи инсталирање на Хоенцолерн на тронот на Шпанија.[78][79]

Вилијам I одбил да даде ваква опфатена изјава и му испратил на Бизмарк телеграма во кое ги опишувал француските барања. Бизмарк ја искористел телеграмата на кралот како образец за кратка изјава за печатот. Со својата формулација, скратена и изострена од Бизмарк - и понатамошни измени направени во текот на неговиот превод од страна на француската агенција Хавас - телеграмата предизвикала бес во Франција, а француската јавност побарала војна.

Сојузи и дипломатија[уреди | уреди извор]

Германски држави[уреди | уреди извор]

Дипломатски и воено, Наполеон III барал поддршка од Австрија, Данска, Баварија, Баден и Виртемберг, бидејќи сите неодамна изгубиле војни против Прусија. Сепак, Наполеон III не успеа да обезбеди реваншистички сојузи од овие држави. Данска двапати се борела со Прусија за време на Првата и втората шлезвишка војна и не била подготвена повторно да се соочи со Прусија. Како дел од решавањето на Австро - пруската војна во 1866 година, биле потпишани тајни договори за меѓусебна одбрана меѓу Прусија и Баварија, Баден и Виртемберг.

Австрија и Италија[уреди | уреди извор]

Австрискиот канцелар Фридрих Фердинанд фон Беуст бил „нетрпелив да му се одмазди на Бизмарк за Садова“. Како прелиминарен чекор, Австро - унгарски компромис од 1867 година со Унгарија бил „брзо склучен“. Сепак, Австрија не ја поддржувала Франција, освен ако Италија не била дел од Алијансата. Виктор Емануел II и италијанската влада сакале да ја поддржат Франција, но италијанското јавно мислење било остро спротивставено сè додека Наполеон III имал француски гарнизон во Рим, штитејќи го папата Пиј IX, со што го негирал на Италија поседувањето на нејзиниот главен град.

Русија[уреди | уреди извор]

Покрај проблемите со кои се соочувал Наполеон III при добивањето потенцијални сојузници, Бизмарк трескавично работел да ја изолира Франција од другите европски сили. Од 1863 година, Бизмарк се обидувал да ја култивира Русија, соработувајќи, меѓу другото, во справувањето со полските востаници. Овој важен потег ја добил за Бизмарк неутралноста на Русија, доколку Прусија влезе во војна, а исто така ја спречи Австрија да заземе страна со Франција, бидејќи Австрија целосно ги поддржувал Полјаците. Кога Александар II дошол во Франција во официјална посета во 1867 година бил цел на неуспешниот обид за атентат од страна полјакот Антон Березовски. Ова искуство засекогаш ги разбило неговите ставови за Франција и во реакцијата што ја добила неговата посета видел зошто неговиот татко ги презирал Французите.

Тек на војната[уреди | уреди извор]

a tired sick old man in French military uniform, sitting beside an erect senior officer in Prussian uniform, spiked helmet, and sword
Царот Наполеон III (лево) кај Седан, на 2 септември 1870 година, седнат до прускиот канцелар Ото фон Бизмарк, држејќи го предадениот меч на Наполеон. Поразот на француската армија го дестабилизира режимот на Наполеон; револуција во Париз ја формираше Третата француска република и војната продолжи.

Телеграмата „Емс“ од 13 јули 1870 година имала точно влијание врз јавното мислење на Франција што го намерил Бизмарк. Француската мобилизација била наредена рано на 15 јули 1871 година. По приемот на веста за француската мобилизација, Северногерманскиот Сојуз се мобилизирала ноќта на 15 и 16 јули 1971 година. Јужните германски држави веднаш застанале на страната на Прусија.[80]

По тривијалната победа кај Сарбрикен, француските војски под водство на Патрис де Мак - Махон биле поразени кај Висембург и Ворт. Една француска војска под водство на Ахил Франсоа Базаин била потисната во Мец и не успеала да се извлече во двете жестоки битки Марс-ла-Тур и Гравелот. Главната француска војска под раководство на Мак - Махон најпрво се повлекла, а потоа се обидела да го помине крилото на германските сили со цел да го олесни нападот на Мец. Оваа војска била опколена кај Седан и на 2 септември 1871 година била принудена да се предаде. Францускиот император Наполеон III бил заробен и војската на Втората Империја решително поразена. Тоа донело до соборување на Наполеон и воспоставување на Привремена влада во Париз. Новата влада била решена да не предаде ниту една француска територија и затоа војната била продолжена. Стразбур се предал на 28 септември 1871 година, а Мец на 27 октомври 1871 година. Тогаш германските војски биле слободни да ја притискаат опсадата на Париз во текот на целата зима. Французите биле принудени да капитулираат на 28 јануари 1871 година. По падот на Париз било склучено примирје и било избрано француско национално собрание што требало да го одобри заклучок на мирот. Прелиминарните услови биле договорени од Џулес Фавр на 26 февруари 1871 година, а последниот мировен договор бил потпишан во Франкфурт на Мајна на 10 мај 1871 година. Франција морала да го отстапи Алзас и поголемиот дел од Лорена, вклучувајќи го и Мец.[81]

Прогласување на германската империја[уреди | уреди извор]

painting of well dressed and portly princes and dukes cheering a king on a dais
18 јануари 1871 година: Прогласување на Германската Империја во Салата на огледалата во Версајската палата. Бизмарк се појавува во бело. Големиот војвода од Баден стои покрај Вилхелм, водејќи ги навивањата. Престолонаследникот Фридрих, подоцна Фридрих III, стои десно од неговиот татко. Слика од Антон фон Вернер

За време на војната се воделе преговори за обединување на цела Германија надвор од Австрија. Во септември 1870 година била свикана и одржана конференција на Прусија, Баварија и Виртемберг во Минхен за да разговараат за условите на обединување. Ото фон Бреј - Штајнбург, баварскиот премиер, се спротивставил на кој било вистински сојуз и побарал посебен третман за Баварија. Бизмарк го свртел своето крило со инкорпорирање на Баден во Северногерманскиот Сојуз. Тогаш Баварија и Виртемберг преговарале за посебни договори на унијата, кои биле склучени на крајот на ноември 1870 година. Некои баварски желби биле исполнети. Баварија и Виртемберг имале свои поштенски и телеграфски услуги и биле во можност да наплатат свои даноци за одредени производи. Баварија, исто така поседувала своја војска во мирно време.[82][83]

Останало прашањето за името на новата држава. Бизмарк сакал да ја оживее титулата император, предлог непосакуван за Вилијам I. Бизмарк го натерал Луис крлаот на Баварија да му ја притисне царската титула на Вилијам I. Предлогот бил поддржан од другите германски принцови и поддржан од северногерманскиот Рајхстаг. Во Версај на 18 јануари 1871 година, Вилијам I бил прогласен за германски император. Останатите формалности биле малку. Избран бил Рајхстаг од цела Германија и овој Рајхстаг го прифатил уставот од 1867 година - со отстапки за Баварија - како царски устав на 14 април 1871 година. Новиот Рајх се состоел од 4 кралства, 5 големи војводи, 13 војводи и кнежества и 3 слободни градови (Хамбург, Либек и Бремен). Алзас-Лорена се третирала како освоена покраина.[84][85][86]

Важност на процесот на обединување[уреди | уреди извор]

Победата во Француско-пруска војна се испостави како камен-темелник на националното прашање. Во првата половина на 1860 -тите години, Австрија и Прусија тврдеа дека ќе зборуваат во името на германските држави; и двете кралства тврдеа дека можат да ги поддржат германските интереси во странство и да ги заштитат германските интереси дома. Одговарајќи на прашањето Шлезвиг-Холштајн, и Австрија и Прусија се покажаа подеднакво вредни во тоа. По победата над Австрија во 1866 година, Прусија започна внатрешно да го наметнува својот авторитет кон германските држави и да ги брани германските интереси, додека Австрија почна да го насочува се повеќе своето внимание кон поседите на Балканот. Победата над Франција во 1871 година ја прошири пруската хегемонија во германските држави (настрана од Австрија) на меѓународно ниво. Со прогласувањето на Вилијам I за Кајзер, Прусија го презеде раководството на новата империја.[87][88]

Иако Бизмарк ја предводеше трансформацијата на Германија од лабава конфедерација во федерална национална држава, тој не го стори тоа сам. Обединувањето беше постигнато со изградба на традицијата на правна соработка под Светото Римско Царство и економска соработка преку Золверајн. Тешкотиите на Вормарц, влијанието на либералите од 1848 година, важноста на воената реорганизација на Фон Рун и стратешката брилијантност на Фон Молтке, одиграа улога во политичкото обединување. Според зборовите на Карл Маркс, Германската империја стана:[89][90][91]

„Воен деспотизам облечен во парламентарни форми со феудална состојка, под влијание на буржоазијата, оплемен со бирократи и чуван од полиција“.

Политичко и управна обединување[уреди | уреди извор]

Новата Германска Империја вклучува 26 политички субјекти: дваесет и пет конститутивни држави (или Бундештатен) и една Царска територија (или Рајхсланд). Германска Империја го реализира „Малото германско решение“, со исклучок на Австрија, наспроти „Големо германско решение“, што би ја вклучила Австрија. Обединувањето на различни држави во една нација бараше повеќе од воени победи, колку и да го зголемуваат моралот. Исто така, бараше преиспитување на политичките, социјалните и културните однесувања и изградба на нови метафори за „ние“ и „тие“. Кои беа новите членови на оваа нова нација? За што се залагаа? Како требаше да се организираат?[92]

Составни држави на Империјата[уреди | уреди извор]

Иако честопати се карактеризира како федерација на монархии, Германската Империја, строго кажано, беше федерација од 26 конститутивни ентитети со различни форми на владеење, почнувајќи од главните четири уставни монархии до трите слободни ханзеатски градови.[93]

German Empire states map mk.svg

Политичка структура на Империјата[уреди | уреди извор]

Грбовите и знамињата на составните држави во 1900 година

Уставот на Северногерманскиот Сојуз од 1866 година стана Устав на Германската Империја од 1871 година. Со овој устав, новата Германија се здоби со некои демократски карактеристики: особено Империјалната диета (парламент), која - за разлика од парламентот на Прусија - им даде застапеност на граѓаните врз основа на избори со директно и еднакво право на глас на сите мажи кои наполниле 25 години.[94] Сепак, законодавството бараше согласност од Бундесратот, федералниот совет на пратеници од државите, во и над кои Прусија имаше моќно влијание; Прусија може да назначи 17 од 58 делегати, додека само 14 гласови се потребни за вето. Така, Прусија вршеше влијание во двете тела, со извршната власт што ја имаше прускиот крал како Кајзер, кој го назначуваше федералниот канцелар. Канцеларот беше одговорен и му служеше единствено на Кајзерот. Официјално, канцеларот функционираше како кабинет со еден човек и беше одговорен за водење на сите државни работи; во пракса, државните секретари дејствуваа како неофицијални министри. Останатите држави ги задржаа своите влади, но војската на помалите држави се префрли под пруска контрола. Војниците на поголемите држави (како што се кралствата Баварија и Саксонија) задржаа одредена автономија, но тие беа подложени на големи реформи за да се координираат со пруските воени принципи и беа под контрола на федералната влада во време на војна.[95]

Формирање нација[уреди | уреди извор]

Домашните политики на Бизмарк играле важна улога во создавањето на авторитарната политичка култура на Империјата. Помалку преокупирана со политиката на континентална моќ по обединувањето во 1871 година, полупарламентарната влада на Германија спровела релативно непречена економска и политичка револуција одозгора што ги поттикнала на патот да станат водечка индустриска сила во тоа време.[96][97]

Надворешна политика[уреди | уреди извор]

high angle view the confluence of two major rivers, marked by the statue of a man on a horse, with a city behind
Споменик на Кајзер Вилхелм, во Кобленц, каде што реката Мозел (горната река) се среќава со реката Рајна (долната река), наречена Дојчес Ек, или германскиот агол.

Надворешната политика на Бизмарк по 1871 година билла конзервативна и се обидувала да го зачува балансот на силите во Европа. Ова било оддалечување од неговата авантуристичка надворешна политика за Прусија, каде тој се залагал за силата и експанзијата. Главната грижа на Бизмарк била дека Франција ќе подготви одмазда по нејзиниот пораз во Француско-пруската војна. Французите немале сила сами да ја победат Германија, тие барале сојуз со Русија, што ќе ја зароби Германија меѓу нив, но Бизмарк сакал да го спречи тоа по секоја цена и да одржува пријателски односи со Русите и поради тоа склучил сојуз со нив и Австроунгарија, Драјкаизербунд (Лига на тројца императори) во 1881 година. Алијансата била зацврстена со посебен пакт за ненапаѓање со Русија наречен договор за реосигурување, кој бил потпишан во 1887 година. Многумина ја сметале надворешната политика на Бизмарк како кохерентен систем и делумно одговорен за зачувување на стабилноста на Европа. Тоа било обележано и со потребата да се балансира опсежната дефанзива и желбата да се ослободи од ограничувањата на нејзината позиција како голема европска сила. Наследниците на Бизмарк не го следеле неговото наследство во надворешната политика.[98]

Економија и индустрија[уреди | уреди извор]

До 1900 година, Германија станала најголемата економија во континентална Европа и трета по големина во светот зад Соединетите Држави и Британската Империја, кои, исто така биле нејзините главни економски соперници. Во текот на своето постоење, тој доживеал економски раст и модернизација предводена од тешката индустрија. Во 1871 година, таа имала главно рурално население од 41 милион жители, додека до 1913 година, ова се зголемило на претежно урбано население од 68 милиони жители.

„Помеѓу Берлин и Рим“, со Бизмарк лево и Папата десно, од германското сатирично списание Кладерадач, 1875 година.

Индустријализацијата напредувала динамично во Германија. Германската индустрија за текстил и метал до 1870 година ги надминала оние на Велика Британија според организацијата и техничката ефикасност. Технолошкиот напредок за време на германската индустријализација се случил во четири бранови: железнички бран (1877–1886), бран на бои (1887–1896), хемиски бран (1897–1902) и бран на електротехника (1903–1918). Германија затоа што се индустријализирала подоцна од Велика Британија, била во можност да ги моделира своите фабрики според оние во Велика Британија, со што поефикасно го искористила својот капитал и избегнала наследни методи во нејзиниот скок кон обвивката на технологијата.

,,Kulturkampf” – Културкампф[уреди | уреди извор]

За некои Германци, дефиницијата за нација не вклучувала плурализам, а особено католиците биле под лупа; некои Германци, а особено Бизмарк, стравувале дека поврзаноста на католиците со папството може да ги направи помалку лојални на нацијата. Како канцелар, Бизмарк се обидел без многу успех да го ограничи влијанието на Римокатоличката црква и на нејзината партиско - политичка рака, Католичката партија, во училиштата и политиките поврзани со образованието и јазикот. Католичката партија останала особено добро зацврстена во католичките упоришта на Баварија и Јужен Баден и во урбаните области кои имале високо население на раселени рурални работници кои баралле работа во тешката индустрија и се обидувале да ги заштитат правата не само на католиците, туку и на другите малцинства, вклучувајќи ги Полјаците и француските малцинства во Алзас и Лорена.[99][100]

Социјална реформа[уреди | уреди извор]

Папа Пиј IX

Бизмарк се надоврзал на традицијата на социјални програми во Прусија и Саксонија, кои започнале уште во 1840 – тите години. Во 1880 – тите години тој вовел старосна пензија, осигурување од несреќи, медицинска нега и осигурување за невработеност што претставувале основа на современата европска социјална држава. Тој сфатил дека ваквата политика е многу привлечна, бидејќи ги врзувала работниците за државата, а исто така одлично се вклопувала во неговата авторитарна природа. Системите за социјално осигурување инсталирани од Бизмарк во тоа време биле најголеми во светот и до одреден степен и денес постојат во Германија.[101][102]

Германизација[уреди | уреди извор]

Еден од ефектите на политиките на обединување било постепено зголемената тенденција да се елиминира употребата на негермански јазици во јавниот живот, училиштата и академските средини со намера да се изврши притисок врз негерманското население да го напушти својот национален идентитет во она што се нарекувало ,,Германизација“. Овие политики честопати имале спротивен ефект на стимулирање на отпор, обично во форма на домашно учење и поцврсто единство во малцинските групи, особено Полјаците.[103]

Наследство[уреди | уреди извор]

Под власта на Бизмарк, конечно била постигната обединета германска држава, но таа останала држава каде доминирале Прусите и не ја вклучувала Австрија, како што посакуваа пангерманските националисти. Влијанието на прускиот милитаризам, колонијалните напори на империјата и неговата енергична, конкурентна индустриска моќ, придонеле за немилост и завист на другите нации. Германската Империја донела бројни прогресивни реформи, како што биле првиот систем на социјална помош во Европа и слободата на печатот. Имало и модерен систем за избор на федералниот парламент, Рајхстагот, во кој секој возрасен маж имал еден глас. Ова им овозможило на социјалистите и Католичката партијата да играат значителни улоги во политичкиот живот на империјата и покрај континуираното непријателство на пруските аристократи.

Ерата на Германската Империја е добро запаметена во Германија, како голема културна и интелектуална енергија. Томас Ман го објавил својот роман „Боденбрукс“ во 1901 година. Теодор Момзен ја добил Нобеловата награда за литература една година подоцна за неговата римска историја. Сликари како Дер Блау Рајтер и Дие Брике дале значителен придонес во модерната уметност. Фабриката за турбини AEG во Берлин од Питер Беренс од 1909 година била пресвртница во класичната модерна архитектура и извонреден пример за појава на функционализам. Општествените, економските и научните успеси на Грунџеит, или основачка епоха, понекогаш доведоа до тоа дека ерата на Вилхелм II се смета за златно време.

Во областа на економијата, „Кајзерзејт“ ги поставил темелите на статусот на Германија, како една од водечките светски економски сили. Индустријата за железо и јаглен во Рур, Сар и Горна Шлезија особено придонеле за тој процес. Првиот автомобил е изграден од Карл Бенц во 1886 година. Огромниот раст на индустриското производство и индустрискиот потенцијал, исто така, доведе до брза урбанизација на Германија, што ги претвори Германците во нација на градски жители. Повеќе од 5 милиони луѓе ја напуштиле Германија во САД во текот на XIX век.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Oliver F. R. Haardt, The Federal Evolution of Imperial Germany (1871–1918).
  2. See, for example, James Allen Vann, The Swabian Kreis: Institutional Growth in the Holy Roman Empire 1648–1715. Vol. LII, Studies Presented to International Commission for the History of Representative and Parliamentary Institutions. Bruxelles, 1975. Mack Walker. German home towns: community, state, and general estate, 1648–1871. Ithaca, 1998.
  3. John G. Gagliardo, Reich and Nation. The Holy Roman Empire as Idea and Reality, 1763–1806, Indiana University Press, 1980, p. 278–279.
  4. Robert A. Kann. History of the Habsburg Empire: 1526–1918, Los Angeles, 1974, p. 221. In his abdication, Francis released all former estates from their duties and obligations to him, and took upon himself solely the title of King of Austria, which had been established since 1804. Golo Mann, Deutsche Geschichte des 19. und 20. Jahrhunderts, Frankfurt am Main, 2002, p. 70.
  5. Fichte, Johann Gottlieb (1808). „Address to the German Nation“. www.historyman.co.uk. Посетено на 2009-06-06.
  6. James J. Sheehan, German History, 1780–1866, Oxford, 1989, p. 434.
  7. Jakob Walter, and Marc Raeff. The diary of a Napoleonic foot soldier. Princeton, N.J., 1996.
  8. Sheehan, pp. 384–387.
  9. Although the Prussian army had gained its reputation in the Seven Years' War, its humiliating defeat at Jena and Auerstadt crushed the pride many Prussians felt in their soldiers. During their Russian exile, several officers, including Carl von Clausewitz, contemplated reorganization and new training methods. Sheehan, p. 323.
  10. Sheehan, pp. 322–323.
  11. Sheehan, pp. 398–410; Hamish Scott, The Birth of a Great Power System, 1740–1815, US, 2006, pp. 329–361.
  12. Sheehan, pp. 398–410.
  13. Jean Berenger. A History of the Habsburg Empire 1700–1918. C. Simpson, Trans. New York: Longman, 1997, ISBN 0-582-09007-5. pp. 96–97.
  14. Adam Zamoyski, Rites of Peace: The Fall of Napoleon and the Congress of Vienna, New York, 2007, pp. 98–115, 239–40.
  15. Sheehan, pp. 465–467; Blackbourn, Long Century, pp. 106–107.
  16. 16,0 16,1 Wolfgang Keller and Carol Shiue, The Trade Impact of the Customs Union, Boulder, University of Colorado, 5 March 2013, pp.10 and 18
  17. Florian Ploeckl. The Zollverein and the Formation of a Customs Union, Discussion Paper no. 84 in the Economic and Social History series, Nuffield College, Oxford, Nuffield College. Retrieved from www.nuff.ox.ac.uk/Economics/History March 2017; p. 23
  18. Sheehan, p. 465.
  19. Sheehan, p. 466.
  20. Sheehan, p. 458.
  21. Sheehan, pp. 466–467.
  22. They traced the roots of the German language, and drew its different lines of development together. The Brothers Grimm online. Joint Publications.
  23. Hans Lulfing, Baedecker, Karl, Neue Deutsche Biographie (NDB). Band 1, Duncker & Humblot, Berlin, 1953, p. 516 f.
  24. Peter Rühmkorf, Heinz Ludwig Arnold, Das Lied der Deutschen Göttingen: Wallstein, 2001, ISBN 3-89244-463-3, pp. 11–14.
  25. Raymond Dominick III, The Environmental Movement in Germany, Bloomington, Indiana University, 1992, pp. 3–41.
  26. Jonathan Sperber, Rhineland radicals: the democratic movement and the revolution of 1848–1849. Princeton, N.J., 1993.
  27. Sheehan, pp. 460–470. German Historical Institute
  28. Sheehan, p. 610.
  29. Sheehan, p. 612.
  30. Sheehan, p. 613.
  31. Sheehan, pp. 610–613.
  32. David Blackbourn, Marpingen: Apparitions of the Virgin Mary in Nineteenth-Century Germany. New York, 1994.
  33. Sperber, Rhineland radicals. p. 3.
  34. Blackbourn, Long Century, p. 127.
  35. Sheehan, pp. 610–615.
  36. Badische Heimat/Landeskunde online 2006 Veit's Pauls Church Germania. Retrieved 5 June 2009.
  37. Blackbourn, Long Century, pp. 138–164.
  38. Jonathan Sperber, Revolutionary Europe, 1780–1850, New York, 2000.
  39. Examples of this argument appear in: Ralf Dahrendorf, German History, (1968), pp. 25–32; Предлошка:In lang Hans Ulrich Wehler, Das Deutsche Kaiserreich, 1871–1918, Göttingen, 1973, pp. 10–14; Leonard Krieger, The German Idea of Freedom, Chicago, 1957; Raymond Grew, Crises of Political Development in Europe and the United States, Princeton, 1978, pp. 312–345; Jürgen Kocka and Allan Mitchell. Bourgeois Society in Nineteenth-Century Europe. Oxford, 1993; Jürgen Kocka, "German History before Hitler: The Debate about the German Sonderweg." Journal of Contemporary History, Vol. 23, No. 1 (January, 1988), pp. 3–16; Volker Berghahn, Modern Germany. Society, Economy and Politics in the Twentieth Century. Cambridge, 1982.
  40. World Encyclopedia V.3 p. 542.
  41. For a summary of this argument, see David Blackbourn, and Geoff Eley. The Peculiarities of German History: Bourgeois Society and Politics in Nineteenth-Century Germany. Oxford & New York, 1984, part 1.
  42. Blackbourn and Eley. Peculiarities, Part I.
  43. Jürgen Kocka, "Comparison and Beyond.'" History and Theory, Vol. 42, No. 1 (February, 2003), pp. 39–44, and Jürgen Kocka, "Asymmetrical Historical Comparison: The Case of the German Sonderweg", History and Theory, Vol. 38, No. 1 (February, 1999), pp. 40–50.
  44. For a representative analysis of this perspective, see Richard J. Evans, Rethinking German History: Nineteenth-Century Germany and the Origins of the Third Reich. London, 1987.
  45. A. J. P. Taylor, The Struggle for Mastery in Europe 1914–1918, Oxford, 1954, p. 37.
  46. J.G.Droysen, Modern History Sourcebook: Documents of German Unification, 1848–1871. Retrieved 9 April 2009.
  47. Zamoyski, pp. 100–115.
  48. Blackbourn, The Long Nineteenth Century, pp. 160–175.
  49. Holt, p. 27.
  50. Holt, pp. 13–14.
  51. Blackbourn, Long Century, pp. 175–179.
  52. Hollyday, 1970, pp. 16–18.
  53. Blackbourn, Peculiarities, Part I.
  54. Bismarck had "cut his teeth" on German politics, and German politicians, in Frankfurt: a quintessential politician, Bismarck had built his power-base by absorbing and co-opting measures from throughout the political spectrum. He was first and foremost a politician, and in this lied his strength. Furthermore, since he trusted neither Moltke nor Roon, he was reluctant to enter a military enterprise over which he would have no control. Mann, Chapter 6, pp. 316–395.
  55. Isabel V. Hull, Absolute Destruction: Military culture and the Practices of War in Imperial Germany, Ithaca, New York, 2005, pp. 90–108; 324–333.
  56. The Situation of Germany. (PDF) – The New York Times, July 1, 1866.
  57. Michael Eliot Howard, The Franco-Prussian War: the German invasion of France, 1870–1871. New York, MacMillan, 1961, p. 40.
  58. Mann, pp. 390–395.
  59. A. J. P. Taylor, Bismarck: The Man and the Statesman. Oxford, Clarendon, 1988. Chapter 1, and Conclusion.
  60. Howard, pp. 40–57.
  61. Sheehan, pp. 900–904; Wawro, pp. 4–32; Holt, p. 75.
  62. Holt, p. 75.
  63. Sheehan, pp. 900–906.
  64. Sheehan, p. 906; Geoffrey Wawro, The Austro Prussian War: Austria's War with Prussia and Italy in 1866. Cambridge, Cambridge University, 1996, pp. 82–84.
  65. Sheehan, pp. 905–906.
  66. Sheehan, p. 909.
  67. Wawro, pp. 50–60; 75–79.
  68. Wawro, pp. 57–75.
  69. Sheehan, pp. 908–909
  70. Taylor, Bismarck, pp. 87–88.
  71. Sheehan, p. 910.
  72. Sheehan, pp. 905–910.
  73. Rosita Rindler Schjerve Diglossia and Power: Language Policies and Practice in the Nineteenth Century Habsburg Empire, 2003, ISBN 3-11-017653-X, pp. 199–200.
  74. Bridge and Bullen, The Great Powers and the European States System 1814–1914.
  75. Howard, pp. 4–60.
  76. Howard, pp. 50–57.
  77. Howard, pp. 55–56.
  78. Howard, pp. 56–57.
  79. Howard, pp. 55–59.
  80. Howard, pp. 64–68.
  81. Howard, pp. 218–222.
  82. Howard, pp. 222–230.
  83. G.Wawro. The Franco-Prussian War. The German Conquest of France in 1870–1871. Cambrige University Press.2003. p.235
  84. Taylor, Bismarck, p. 126
  85. Howard, pp. 357–370.
  86. Die Reichsgründung 1871 (The Foundation of the Empire, 1871), Lebendiges virtuelles Museum Online, accessed 2008-12-22. German text translated: [...] on the wishes of Wilhelm I, on the 170th anniversary of the elevation of the House of Brandenburg to princely status on 18 January 1701, the assembled German princes and high military officials proclaimed Wilhelm I as German Emperor in the Hall of Mirrors at the Versailles Palace.
  87. Taylor, Bismarck, p. 133.
  88. Crankshaw, Edward. Bismarck. New York, The Viking Press, 1981, p. 299.
  89. Howard, Chapter XI: the Peace, pp. 432–456.
  90. Blackbourn, Long Century, pp. 255–257.
  91. G.Wawro. The Franco-Prussian War. The German Conquest of France in 1870–1871. Cambrige University Press.2003. p.302
  92. Alon Confino. The Nation as a Local Metaphor: Württemberg, Imperial Germany, and National Memory, 1871–1918. Chapel Hill, University of North Carolina Press, 1997.
  93. Richard J. Evans, Death in Hamburg: Society and Politics in the Cholera Years, 1830–1910. New York, 2005, p. 1.
  94. Blackbourn, Long Century, p. 267.
  95. Blackbourn, Long Century, pp. 225–301.
  96. Blackbourn, Long Century, pp. 240–290.
  97. For more on this idea, see, for example, Joseph R. Llobera, and Goldsmiths' College. The role of historical memory in (ethno)nation-building, Goldsmiths sociology papers. London, 1996; Предлошка:In lang Alexandre Escudier, Brigitte Sauzay, and Rudolf von Thadden. Gedenken im Zwiespalt: Konfliktlinien europäischen Erinnerns, Genshagener Gespräche; vol. 4. Göttingen: 2001; Alon Confino. The Nation as a Local Metaphor: Württemberg, Imperial Germany, and National Memory, 1871–1918. Chapel Hill, 1999.
  98. Blackbourn, Long Century, pp. 243–282.
  99. Blackbourn, Long Century, pp. 283; 285–300.
  100. Jonathan Sperber. Popular Catholicism in Nineteenth-Century Germany, Princeton, N.J., 1984.
  101. Marion Kaplan, The Making of the Jewish Middle Class: Women, Family, and Identity in Imperial Germany, New York, 1991.
  102. Kaplan, in particular, pp. 4–7 and Conclusion.
  103. Blackbourn and Eley, Peculiarities, p. 241.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Berghahn, Volker. Modern Germany: Society, Economy and Politics in the Twentieth Century. Cambridge: Cambridge University Press, 1982. ISBN 978-0-521-34748-8
  • Beringer, Jean. A History of the Habsburg Empire 1700–1918. C. Simpson, Trans. New York: Longman, 1997, ISBN 0-582-09007-5.
  • Blackbourn, David, Marpingen: Apparitions of the Virgin Mary in Bismarckian Germany. New York: Knopf, 1994. ISBN 0-679-41843-1
  • Blackbourn, David. The Long Nineteenth Century: A History of Germany, 1780–1918. New York: Oxford University Press, 1998. ISBN 0-19-507672-9
  • Blackbourn, David and Eley, Geoff. The Peculiarities of German History: Bourgeois Society and Politics in Nineteenth-Century Germany. Oxford & New York: Oxford University Press, 1984. ISBN 978-0-19-873057-6
  • Blickle, Peter. Heimat: A Critical Theory of the German Idea of Homeland. Studies in German literature, linguistics and culture. Columbia, South Carolina: Camden House Press, 2004. ISBN 978-0-582-78458-1
  • Bridge, Roy and Roger Bullen, The Great Powers and the European States System 1814–1914, 2nd ed. Longman, 2004. ISBN 978-0-582-78458-1
  • Confino, Alon. The Nation as a Local Metaphor: Württemberg, Imperial Germany, and National Memory, 1871–1918. Chapel Hill: University of North Carolina Press, 1997. ISBN 978-0-8078-4665-0
  • Crankshaw, Edward. Bismarck. New York, The Viking Press, 1981. ISBN 0-333-34038-8
  • Dahrendorf, Ralf. Society and Democracy in Germany (1979)
  • Dominick, Raymond, III. The Environmental Movement in Germany, Bloomington, Indiana University, 1992. ISBN 0-253-31819-X
  • Evans, Richard J. Death in Hamburg: Society and Politics in the Cholera Years, 1830–1910. New York: Oxford University Press, 2005. ISBN 978-0-14-303636-4
  • Evans, Richard J. Rethinking German History: Nineteenth-Century Germany and the Origins of the Third Reich. London, Routledge, 1987. ISBN 978-0-00-302090-8
  • Flores, Richard R. Remembering the Alamo: Memory, Modernity, and the Master Symbol. Austin: University of Texas, 2002. ISBN 978-0-292-72540-9
  • Friedrich, Karin, The Other Prussia: Royal Prussia, Poland and Liberty, 1569–1772, New York, 2000. ISBN 978-0-521-02775-5
  • Grew, Raymond. Crises of Political Development in Europe and the United States. Princeton, Princeton University Press, 1978. ISBN 0-691-07598-0
  • Hollyday, F. B. M. Bismarck. New Jersey, Prentice Hall, 1970. ISBN 978-0-13-077362-3
  • Holt, Alexander W. The History of Europe from 1862–1914: From the Accession of Bismarck to the Outbreak of the Great War. New York: MacMillan, 1917. OCLC 300969997
  • Howard, Michael Eliot. The Franco-Prussian War: The German invasion of France, 1870–1871. New York, MacMillan, 1961. ISBN 978-0-415-02787-8
  • Hull, Isabel. Absolute Destruction: Military Culture and the Practices of War in Imperial Germany. Ithaca, New York, Syracuse University Press, 2005. ISBN 978-0-8014-7293-0
  • Kann, Robert A. History of the Habsburg Empire: 1526–1918. Los Angeles, University of California Press, 1974 ISBN 978-0-520-04206-3
  • Kaplan, Marion. The Making of the Jewish Middle Class: Women, Family, and Identity in Imperial Germany. New York, Oxford University Press, 1991. ISBN 978-0-19-509396-4
  • Kocka, Jürgen and Mitchell, Allan. Bourgeois Society in Nineteenth Century Europe. Oxford, Oxford University Press, 1993. ISBN 978-0-85496-414-7
  • Kocka, Jürgen and Mitchell, Allan. "German History before Hitler: The Debate about the German Sonderweg." Journal of Contemporary History Vol. 23, No. 1 (January 1988), p. 3–16.
  • Kocka, Jürgen and Mitchell, Allan. "Comparison and Beyond.'" History and Theory Vol. 42, No. 1 (February 2003), p. 39–44.
  • Kocka, Jürgen and Mitchell, Allan. "Asymmetrical Historical Comparison: The Case of the German Sonderweg". History and Theory Vol. 38, No. 1 (February 1999), p. 40–50.
  • Kohn, Hans. German History; Some New German Views. Boston: Beacon, 1954. OCLC 987529
  • Koshar, Rudy. Germany's Transient Pasts: Preservation and the National Memory in the Twentieth Century. Chapel Hill, 1998. ISBN 978-0-8078-4701-5
  • Krieger, Leonard. The German Idea of Freedom, Chicago, University of Chicago Press, 1957. ISBN 978-1-59740-519-5
  • Lee, Lloyd. The Politics of Harmony: Civil Service, Liberalism, and Social Reform in Baden, 1800–1850. Cranbury, New Jersey, Associated University Presses, 1980. ISBN 978-0-87413-143-7
  • Llobera, Josep R. and Goldsmiths' College. "The role of historical memory in (ethno)nation-building." Goldsmiths Sociology Papers. London, Goldsmiths College, 1996. ISBN 978-0-902986-06-0
  • Mann, Golo. The History of Germany Since 1789 (1968)
  • Namier, L.B.. Avenues of History. New York, Macmillan, 1952. OCLC 422057575
  • Nipperdey, Thomas. Germany from Napoleon to Bismarck, 1800–1866. Princeton, Princeton University Press, 1996. ISBN 978-0-691-02636-7
  • Schjerve, Rosita Rindler, Diglossia and Power: Language Policies and Practice in the Nineteenth Century Habsburg Empire. Berlin, De Gruyter, 2003. ISBN 978-3-11-017654-4
  • Schulze, Hagen. The Course of German Nationalism: From Frederick the Great to Bismarck, 1763–1867. Cambridge & New York, Cambridge University Press, 1991. ISBN 978-0-521-37759-1
  • Scott, H. M. The Birth of a Great Power System. London & New York, Longman, 2006. ISBN 978-0-582-21717-1
  • Scribner, Robert W. and Sheilagh C. Ogilvie. Germany: A New Social and Economic History. London: Arnold Publication, 1996. ISBN 978-0-340-51332-3
  • Sheehan, James J. German History 1770–1866. Oxford History of Modern Europe. Oxford, Oxford University Press, 1989. ISBN 978-0-19-820432-9
  • Sked, Alan. Decline and Fall of the Habsburg Empire 1815–1918. London, Longman, 2001. ISBN 978-0-582-35666-5
  • Sorkin, David, The Transformation of German Jewry, 1780–1840, Studies in Jewish history. New York, Wayne State University Press, 1987. ISBN 978-0-8143-2828-6
  • Sperber, Jonathan. The European Revolutions, 1848–1851. New Approaches to European History. Cambridge, Cambridge University Press, 1984. ISBN 978-0-521-54779-6
  • Sperber, Jonathan. Popular Catholicism in Nineteenth-Century Germany. Princeton, Princeton University Press, 1984. ISBN 978-0-691-05432-2
  • Sperber, Jonathan. Rhineland Radicals: The Democratic Movement and the Revolution of 1848–1849. Princeton, Princeton University Press, 1993. ISBN 978-0-691-00866-0
  • Stargardt, Nicholas. The German Idea of Militarism: Radical and Socialist Critics, 1866–1914. Cambridge, Cambridge University Press, 1994. ISBN 978-0-521-46692-9
  • Steinberg, Jonathan. Bismarck: A Life (2011)
  • Taylor, A. J. P., The Struggle for Mastery in Europe 1848–1918, Oxford, Clarendon, 1954. ISBN 978-0-19-881270-8
  • Taylor, A. J. P.. Bismarck: The Man and the Statesman. Oxford: Clarendon, 1988. ISBN 978-0-394-70387-9
  • Victoria and Albert Museum, Dept. of Prints and Drawings, and Susan Lambert. The Franco-Prussian War and the Commune in Caricature, 1870–71. London, 1971. ISBN 0-901486-30-2
  • Walker, Mack. German Home Towns: Community, State, and General Estate, 1648–1871. Ithaca, Syracuse University Press, 1998. ISBN 978-0-8014-8508-4
  • Wawro, Geoffrey. The Austro-Prussian War. Cambridge, Cambridge University Press, 1996. ISBN 0-521-62951-9
  • Wawro, Geoffrey]. Warfare and Society in Europe, 1792–1914. 2000. ISBN 978-0-415-21445-2
  • Wehler, Hans Ulrich. The German Empire, 1871–1918 (1997)
  • Zamoyski, Adam. Rites of Peace: The Fall of Napoleon and the Congress of Vienna. New York, HarperCollins, 2007. ISBN 978-0-06-077519-3

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

  • Bazillion, Richard J. Modernizing Germany: Karl Biedermann's career in the kingdom of Saxony, 1835–1901. American university studies. Series IX, History, vol. 84. New York, Peter Lang, 1990. ISBN 0-8204-1185-X
  • Brose, Eric Dorn. German History, 1789–1871: From the Holy Roman Empire to the Bismarckian Reich. (1997) online edition
  • Bucholz, Arden. Moltke, Schlieffen, and Prussian War Planning. New York, Berg Pub Ltd, 1991. ISBN 0-85496-653-6
  • Bucholz, Arden. Moltke and the German Wars 1864–1871. New York, Palgrave MacMillan, 2001. ISBN 0-333-68758-2
  • Clark, Christopher. Iron Kingdom: The Rise and Downfall of Prussia, 1600–1947. Cambridge, Belknap Press of Harvard University Press, 2006, 2009. ISBN 978-0-674-03196-8
  • Clemente, Steven E. For King and Kaiser!: The Making of the Prussian Army Officer, 1860–1914. Contributions in military studies, no. 123. New York: Greenwood, 1992. ISBN 0-313-28004-5
  • Cocks, Geoffrey and Konrad Hugo Jarausch. German Professions, 1800–1950. New York, Oxford University Press, 1990. ISBN 0-19-505596-9
  • Droysen, J.G. Modern History Sourcebook: Documents of German Unification, 1848–1871. Accessed April 9, 2009.
  • Dwyer, Philip G. Modern Prussian history, 1830–1947. Harlow, England, New York: Longman, 2001. ISBN 0-582-29270-0
  • Friedrich, Otto. Blood and Iron: From Bismarck to Hitler the Von Moltke Family's Impact On German History. New York, Harper, 1995. ISBN 0-06-016866-8
  • Groh, John E. Nineteenth-Century German Protestantism: The Church As Social Model. Washington, D.C., University Press of America, 1982. ISBN 0-8191-2078-2
  • Henne, Helmut, and Georg Objartel. German Student Jargon in the Eighteenth and Nineteenth Centuries. Berlin & NY, de Gruyter, 1983. OCLC 9193308
  • Hughes, Michael. Nationalism and Society: Germany, 1800–1945. London & New York, Edward Arnold, 1988. ISBN 0-7131-6522-7
  • Kollander, Patricia. Frederick III: Germany's Liberal Emperor, Contributions to the study of world history, no. 50. Westport, Conn., Greenwood, 1995. ISBN 0-313-29483-6
  • Koshar, Rudy. Germany's Transient Pasts: Preservation and the National Memory in the Twentieth Century. Chapel Hill, University of North Carolina Press, 1998. ISBN 0-8078-4701-1
  • Lowenstein, Steven M. The Berlin Jewish Community: Enlightenment, Family, and Crisis, 1770–1830. Studies in Jewish history. New York, Oxford University Press, 1994. ISBN 0-19-508326-1
  • Lüdtke, Alf. Police and State in Prussia, 1815–1850. Cambridge, New York & Paris, Cambridge University Press, 1989. ISBN 0-521-11187-0
  • Ogilvie, Sheilagh, and Richard Overy. Germany: A New Social and Economic History Volume 3: Since 1800 (2004)
  • Ohles, Frederik. Germany's Rude Awakening: Censorship in the Land of the Brothers Grimm. Kent, Ohio, Ohio State University Press, 1992. ISBN 0-87338-460-1
  • Pflanze Otto, ed. The Unification of Germany, 1848–1871 (1979), essays by historians
  • Schleunes, Karl A. Schooling and Society: The Politics of Education in Prussia and Bavaria, 1750–1900. Oxford & New York, Oxford University Press, 1989. ISBN 0-85496-267-0
  • Showalter, Dennis E. The Wars of German Unification (2nd ed. 2015), 412pp by a leading military historian
  • Showalter, Dennis E. Railroads and Rifles: Soldiers, Technology, and the Unification of Germany. Hamden, Connecticut, Hailer Publishing, 1975. ISBN 0-9798500-9-6
  • Smith, Woodruff D. Politics and the Sciences of Culture in Germany, 1840–1920. New York, Oxford University Press, 1991. ISBN 0-19-506536-0
  • Wawro, Geoffrey. The Franco-Prussian War: The German Conquest of France. Cambridge, Cambridge University Press, 2005. ISBN 0-521-61743-X

Надворешни врски[уреди | уреди извор]