Чешка (историска област)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чешка
Čechy, Böhmen
историска област
Flag of Bohemia.svg
Знаме
Small coat of arms of the Czech Republic.svg
Грб
Земја Чешка
Главен град Прага (историски)
Површина 52,065 км²
Население ~ 6 милиони
Местоположба на областа Чешка
Местоположба на областа Чешка


Чешка (чеш. Čechy) или Бохемија (лат. Bohemia од герм. Böhmen) е историска област во Средна Европа, која се протега на западниот и централниот дел од денешна Чешка Република. Понекогаш „Чешка“ се користи да се означи и целата територија на Чешка, вклучувајќи ги и Моравија и Чешка Шлеска[1], особено во историски контекст како што е Кралството Чешка (Бохемија).

Областа Чешка има вкупна површина од 52.065 км² и денес е дом на околу 6 милиони од вкупно 10,3 милиони жители во државата. На југозапад, запад и северозапад се граничи со Германија, на североисток со Полска, на исток со Моравија и на југ со Австрија.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Во 2 век п.н.е, Римјаните биле фокусирани кон доминирање на северна Италија, каде имало различни племиња, а меѓу кои и Боите, келтско племе. Боите биле поразени од страна на Римјаните во 194 и 193 година и тоа резултирало со повлекивање на боиското население северно од Алпите.[2]

Новата територија која ја населиле Боите од страна на Римјаните била наречена Boihaemum, а најстар запис за името[2] е во книгата „Германија“ од Такитиј[3]. Така, зборот е составен од зборот за народот „Бои“ и зборот „хајм“ (xaim- - „дом“) што во превод значи „дом на Боите“. Изворно, Чешка ја опфаќала денешна Јужна Чешка и делови од Баварија и Австрија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Columbia Encyclopedia, Sixth Edition. 2001-05
  2. 2,0 2,1 Collis, John. The Celts: Origins, Myth and Inventions. Tempus Publishing, 2003. ISBN 0-7524-2913-2
  3. http://www.thelatinlibrary.com/tacitus/tac.ger.shtml#28

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]