Прејди на содржината

Француско-пруска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Француско-прусакта војна

Француско-пруската војна, понекогаш позната како Германско-француска војна, е име за оружeниот конфликт помеѓу 19 јули 1870 и 10 мај 1871 година кој се водел помеѓу Франција и сојузот на германските држави на чело со Прусија.

Наполеон III, император на Французите

Причина за војната била зајакнување на влијанието на Прусија во Германија и Европа после победата во Пруско-австриската војна во 1866 година, како и создавање на Северногерманскиот Сојуз кој имал потенцијал да стане, ако биде обединет со јужниот дел на Германија, поголема сила од, до тогаш, доминантната Франција.

Непосредна причина за војна бил неуспешниот обид на пруската династија Хоенцолерн да го постави еден од своите членови на шпанскиот престол. Хоенцолерн Хоенконер отстапи по францускиот ултиматум, но Ото фон Бизмарк ја објавил целата афера во весниците во таканаречениот Емски телеграм, чиј навредлив тон ја натерал француската влада, под притисок на шовинистичката јавност да ѝ објави војна на Прусија. На Конгресот во Виена во 1815 година, Метерних и неговите конзервативни сојузници ја воспоставиле шпанската монархија под кралот Фердинанд VII. Во текот на следните четириесет години, големите сили ја поддржувале шпанската монархија, но настаните во 1868 година дополнително би го тестирале стариот систем. Револуција во Шпанија ја соборила кралицата Изабела II, а престолот останал празен. Шпанците, барајќи соодветен католички наследник, им ја понудиле функцијата на тројца европски принцови, секој од нив бил одбиен од Наполеон III.[1] Конечно, во 1870 година Регентството му ја понудил круната на Леополд од Хоенцолерн - Сигмаринген, принц од католичката линија Хоенцолерн. Бизмарк го охрабрил Леополд да ја прифати понудата. Доколку шпанскиот крал би бил од династијата Хоенцолерн - Сигмаринген би значело дека две земји од двете страни на Франција ќе имаат германски кралеви со потекло од Хоенцолер. Можеби ова било пријатна перспектива за Бизмарк, но било неприфатливо за Наполеон III или за Агенор, војводата од Грамонт, неговиот министер за надворешни работи. Грамонт му напишал остро формулиран ултиматум на Вилијам I, како глава на семејството Хоенцолерн, наведувајќи дека доколку некој принц од Хоенцолер треба да ја прифати круната на Шпанија, француската влада ќе одговори - иако тој оставил двосмислена природа на таквиот одговор. Принцот се повлекол како кандидат, со што се смирила кризата, но францускиот амбасадор во Берлин не дозволил ова прашање да лебди во воздухот. Тој директно му пришол на прускиот крал, додека Вилијам I летувал во Емс Спа, барајќи од кралот да објави соопштение во кое вели дека никогаш нема да поддржи инсталирање на Хоенцолерн на престолот на Шпанија.[2][3] Вилијам I одбил да даде ваква опфатена изјава и му испратил на Бизмарк телеграма во кое ги опишувал француските барања. Бизмарк ја искористел телеграмата на кралот како образец за кратка изјава за печатот. Со својата формулација, скратена и изострена од Бизмарк - и понатамошни измени направени во текот на неговиот превод од страна на француската агенција Хавас - телеграмата предизвикала бес во Франција, а француската јавност побарала војна.

Франција во војната влегла уверена во брза победа поради постоењето на професионалната војска која била прославена во Кримската војна, војната со Австрија во 1859 година како и во бројни колонијални движења. Французите биле наоружани со пошката „Шаспо“ која во тоа време била најмодерното стрелачко оружје во светот, а нивните сили располагале и со римитивни митралези. Од другата страна Прусите имале надмоќ во артилеријата, но главната предност била во поставувањето на главниот штаб на чело со Moltke- институција која пред тоа со години правела детални воени планови и која детално го координирала движења на војсакта, во потполност користејќи ја новонаправената железничка мрежа.

Сојузи и дипломатија

[уреди | уреди извор]

Германски држави

[уреди | уреди извор]

Дипломатски и воено, Наполеон III барал поддршка од Австрија, Данска, Баварија, Баден и Виртемберг, бидејќи сите неодамна изгубиле војни против Прусија. Сепак, Наполеон III не успеа да обезбеди реваншистички сојузи од овие држави. Данска двапати се борела со Прусија за време на Првата и втората шлезвишка војна и не била подготвена повторно да се соочи со Прусија. Како дел од решавањето на Австро - пруската војна во 1866 година, биле потпишани тајни договори за меѓусебна одбрана меѓу Прусија и Баварија, Баден и Виртемберг.

Австрија и Италија

[уреди | уреди извор]

Австрискиот канцелар Фридрих Фердинанд фон Беуст бил „нетрпелив да му се одмазди на Бизмарк за Садова“. Како прелиминарен чекор, Австро - унгарски компромис од 1867 година со Унгарија бил „брзо склучен“. Сепак, Австрија не ја поддржувала Франција, освен ако Италија не била дел од Алијансата. Виктор Емануел II и италијанската влада сакале да ја поддржат Франција, но италијанското јавно мислење било остро спротивставено сè додека Наполеон III имал француски гарнизон во Рим, штитејќи го папата Пиј IX, со што го негирал на Италија поседувањето на нејзиниот главен град.

Покрај проблемите со кои се соочувал Наполеон III при добивањето потенцијални сојузници, Бизмарк трескавично работел да ја изолира Франција од другите европски сили. Од 1863 година, Бизмарк се обидувал да ја култивира Русија, соработувајќи, меѓу другото, во справувањето со полските востаници. Овој важен потег ја добил за Бизмарк неутралноста на Русија, доколку Прусија влезе во војна, а исто така ја спречи Австрија да заземе страна со Франција, бидејќи Австрија целосно ги поддржувал Полјаците. Кога Александар II дошол во Франција во официјална посета во 1867 година бил цел на неуспешниот обид за атентат од страна полјакот Антон Березовски. Ова искуство засекогаш ги разбило неговите ставови за Франција и во реакцијата што ја добила неговата посета видел зошто неговиот татко ги презирал Французите.

a tired sick old man in French military uniform, sitting beside an erect senior officer in Prussian uniform, spiked helmet, and sword
Царот Наполеон III (лево) кај Седан, на 2 септември 1870 година, седнат до прускиот канцелар Ото фон Бизмарк, држејќи го предадениот меч на Наполеон. Поразот на француската армија го дестабилизира режимот на Наполеон; револуција во Париз ја формираше Третата француска република и војната продолжи.

Телеграмата „Емс“ од 13 јули 1870 година имала точно влијание врз јавното мислење на Франција што го намерил Бизмарк. Француската мобилизација била наредена рано на 15 јули 1871 година. По приемот на веста за француската мобилизација, Северногерманскиот Сојуз се мобилизирала ноќта на 15 и 16 јули 1971 година. Јужните германски држави веднаш застанале на страната на Прусија.

По тривијалната победа кај Сарбрикен, француските војски под водство на Патрис де Мак - Махон биле поразени кај Висембург и Ворт. Една француска војска под водство на Ахил Франсоа Базаин била потисната во Мец и не успеала да се извлече во двете жестоки битки Марс-ла-Тур и Гравелот. Главната француска војска под раководство на Мак - Махон најпрво се повлекла, а потоа се обидела да го помине крилото на германските сили со цел да го олесни нападот на Мец. Оваа војска била опколена кај Седан и на 2 септември 1871 година била принудена да се предаде. Францускиот император Наполеон III бил заробен и војската на Втората Империја решително поразена.

Веста за катастрофата довела до пад на цраската влада и прогласување на француската Трета република, која ќе трае сè до германската окупација на Франција во 1940 година. Новата републиканска влада сметала дека резултатите на поразот се поради неспособностите на стариот режим, па дека, како и во 1793 година, за време на Француската револуција правењето на масовна војска регрутата ќе успее да ја преокрене состојбата на бојното поле. Во текот додека се водеа преговорите со Бизмарк, министерот за внатрешни работи на француската влада, Леон Гамбета прелетал со балон преку германската линија, побегнувајќи во внатрешноста, за да би собрал доброволци. Успеал да ја формира армијата на Лоара и со неа да го освои Орлеан, додека генералот Федерб ги застанал Германците на север. Но, Германците се зајакнале околу Париз, не попуштајќи ја блокадата. Наскоро во Париз завладеала ужасна состојба, па граѓаните на Париз почнале да јадат стаорци и животни од Зоолошките Градини. На крајот Бизмарк наредил и бомбардирање на исцрпениот град, при кое настрадале голем дел од граѓаните на Париз. Републиканскиот министер за надворешни работи, Жил Фавр, отпочнал преговарање со Германците на 23 јануари 1871, жалејќи се на нехуманата постапка на Прусите кон францускиот народ.

Прогласување на германската империја

[уреди | уреди извор]
painting of well dressed and portly princes and dukes cheering a king on a dais
18 јануари 1871 година: Прогласување на Германската Империја во Салата на огледалата во Версајската палата. Бизмарк се појавува во бело. Големиот војвода од Баден стои покрај Вилхелм, водејќи ги навивањата. Престолонаследникот Фридрих, подоцна Фридрих III, стои десно од неговиот татко. Слика од Антон фон Вернер

За време на војната се воделе преговори за обединување на цела Германија надвор од Австрија. Во септември 1870 година била свикана и одржана конференција на Прусија, Баварија и Виртемберг во Минхен за да разговараат за условите на обединување. Ото фон Бреј - Штајнбург, баварскиот премиер, се спротивставил на кој било вистински сојуз и побарал посебен третман за Баварија. Бизмарк го свртел своето крило со инкорпорирање на Баден во Северногерманскиот Сојуз. Тогаш Баварија и Виртемберг преговарале за посебни договори на унијата, кои биле склучени на крајот на ноември 1870 година. Некои баварски желби биле исполнети. Баварија и Виртемберг имале свои поштенски и телеграфски услуги и биле во можност да наплатат свои даноци за одредени производи. Баварија, исто така поседувала своја војска во мирно време.[4][5]

Останало прашањето за името на новата држава. Бизмарк сакал да ја оживее титулата император, предлог непосакуван за Вилијам I. Бизмарк го натерал Луис крлаот на Баварија да му ја притисне царската титула на Вилијам I. Предлогот бил поддржан од другите германски принцови и поддржан од северногерманскиот Рајхстаг. Во Версај на 18 јануари 1871 година, Вилијам I бил прогласен за германски император. Останатите формалности биле малку. Избран бил Рајхстаг од цела Германија и овој Рајхстаг го прифатил уставот од 1867 година - со отстапки за Баварија - како царски устав на 14 април 1871 година. Новиот Рајх се состоел од 4 кралства, 5 големи војводи, 13 војводи и кнежевства и 3 слободни градови (Хамбург, Либек и Бремен). Алзас-Лорена се третирала како освоена покраина.[6][7][8]

Последици

[уреди | уреди извор]

Додека траеле преговорите, радикалните елементи на Националната гарда, левоориентираните политичари и сиромашните во Париз одбија да се помират со пораз и покренаа бунт што ќе стане познат како Париска комуна. Сепак, ова движење не се здоби со поддршка надвор од околината на Париз и беше задушено со помош на Прусите, кои владините сили пропуштија низ нивните редови.

Според мировниот договор потпишан на 10 мај 1871 година, Франција вети дека ќе плати голем воен надомест и ќе ги предаде во Германија провинциите Алзас и Лорен, каде што имало германско национално малцинство.

Многу поважен резултат беше појавата на обединета Германија како најсилна воена сила во Европа, новата држава стана голема индустриска сила која, со време, како и Соединетите Американски Држави во исто време, ќе почне да го загрозува приматот на Британската Империја како единствена глобална велесила.

Меѓутоа, обединета Германија, исто така, беше фатена во сомневањата и непријателството на европските сили, особено Франција во која се развиваше преродбата. Затоа Ото фон Бизмарк вложи голем дел од својата енергија за зачувување на успехот на војната преку дипломатија и создавање комплексна мрежа на воени сојузи. Кога милитантиот император Вилхелм II ја напуштил оваа политика, биле создадени предуслови дека француско-пруската војна ќе добие свое продолжение во форма на Првата светска војна.

Почетокот на индустриската војна

[уреди | уреди извор]

Војната меѓу Франција и Прусија е веројатно најдобриот пример и многу претставителен за природата на војната во втората половина на 19 век - почетокот на таканаречената. "Индустриска војна". Покрај тоа, тој ги илустрира некои од главните теми на воената историја воопшто - самата идеја за војна, влијанието на технолошките иновации врз војната, природата на војските и начинот на кој вообичаениот војник доживува војна.

На прв поглед лесно би се можело да се помисли, како што тогашните посматрачи запазиле, дека исходот на оваја војна бил јасен веќе однапред и дека победата на Французите е загарантирана, лесна и брза. Поради тоа што, недолго пред тоа Француската армија ги победила на Австрија и Русија; водел уште еден човек по име Наполеон и се сметало дека само таја и ниедна друга војска, има способност на Наполеновиот „Прв Впечаток“. Таа империјална Француска армија ја нарекувале „француската фурија“ (фр. furia francese). А Пруската војска Французите ја испејувале така што ја нарекувале „абвокати и очајни лекари“. Меѓутоа, кога изби војната многу брзо се покаќало дека подобрата мобилизација, водењето во војната и артилеријата доминирале во новиот стил на војување

Прускиот генералштаб се состоел од точно 11 офицери - ниеден повеќе, ниеден помалку. Тој генералштаб во 1870 година проценил дека за три седмици може да превезе 484.000 војници преку шесте железнички пруги во Рајнската област. А во реалноста за само 18 дена дури 1.183.000 Пруски војници од редовниот и резервниот состав поминале низ војните бараки, а 462.000 се нашле на границата со Франција. Железничкиот транспорт бил децентрализиран на ниво на корпусот, и секоја единица прецизно знаела на кој ден и во колку часот мора да тргне од гарнизонот, кон својата концентрациска зона. Еден Француски историчар подоцна напоменал дека „уште од денот на легендарниот император Ксеркс од Персија толку огромен број на луѓе не биле излезени на фронтот“.

Веќе во првите битки се формираше шема, која подоцна се повторуваше. Предноста во тоа што имале повеќе војници била клучна, а ширината на фронтот довела до тактика на заокружување и уништување на спротивната единица; Огненото оружје одлично го спречило речиси секој обид за фронтален напад, но артилеријата лесно се надминала.

Имено, во Германија, кон крајот на 1940-тите, Николаус фон Драјсе (Monsieur Nikolaus von Dreyse) развил пушка за ближен напад, многу поудобна за пукање од клекнување или од лазење (лежечки став). Војникот повеќе не мораше да стои исправен, како мускетер. Веќе во 1866. година за време на австриско-пруската војна, пруската војска била целосно вооружена со оружје кое пукало игли - т.н. игличарки, благодарение на кои еден пруски војник можел да испука шест куршуми, додека еден австриски војник можел да испука еден. Во Франција, истата година, Антоан Алфонс Часеп (фр. Chasssepot) изгради напредна верзија на ова: „затворач“ (покретен дел на задниот дел на цевката) запечатен со гумен „прстен“, така што далеку помалку барутни гасови излегувле од пушката. Одеднаш, пушката добива можност да пука 1.600 метри, а не само 600 метри како "cindnadelgever" на Драјзер (германски: Zündnaadelgewer), што во буквален превод би значело "со иглено оружје".

Француската војска отишла уште чекор понатаму со развивање на една машинста пушка со тркала исто како топовите. Таа добила име "митралез" (fr. Mitrailleuse). Како денешните американски getling-топови (обично шест паралелно идентични цевки кои ротираат и ги менуваат позициите за пукање) овој француски митралез имал 25 цевки, а за тие да се вртат и пукаат, стрелецоит имал работа само да врти една цевка. Таков митралез бил долг 2.000 метри и отпуштнувал 150 куршуми во минута. Француската армија го држела во строга доверливост т.е. тајност, па на војниците им било дозволено да вежбаат со него дури во 1870 година.

Артилеријата постаналапресудно оружје на војната. Додека Британците биле „заглавени“ со леаното железо, а Австријците и Французите со традиционалните бронзени топови кои се полнеле од напред, Прусија уште еднаш тргнала пред сите; а и морала да направи нешто радикално, пошто многу ги оштетила Австриската артилерија во текот на војната во 1866. годуна. Во Есен Алфред Круп (Alfred Krupp) веќе експреиментирал со челичните топови, кои имале повеќе предност: биле полесни, по подвижни, но и за полнење од страна со кое давале побрза излезна брзина на гранатата и имале можност за поголеми калибри. Топот го прифатиле т.е. го амортизирале, со контролиран начин на опругата - додека на инженерските столови веќе постоеле први нацрти за нов, хидрауличен систем на амортизерите. Артилерија со мазно поле можела да пука до 1000 метри во далечина и да пука две до три гранати во минута, а Круповите челични топови пукале и до 5.000 метри, до десет гранати во минута. Гранатите од издолжен облик екплодирале веднаш пред ударот во целта бидејќи во себе биле полни со експлозивен и значајно подобрена „запалка“. Ваквите гранати, со метална „чаура“ го олесниле полнењето, испукувале празни „чаури“. Алфред Нобел (1833 – 1896 г.) на основата на нитроглицеринот, пронашшол динамит, кој овозможил да се воведе безчадни барут. После тоа бојните полиња повеќе не биле прекриени со замрачени густи облаци од барутниот чад, па артилеријата можела значително попрецизно и пострашно да пука во противникот.

Во Прусија била отворена и едно специјално училиште само за запознавање на војниците со овие нови оружја.

Имаше дури и експерименти со „recoilless“ оружје - во Германија, Villas (гер. Wille.), а во Франција Langlois (фр. Langlois.) - што е очигледна предност тоа што тие беа во можност да се пука без прекин, бидејќи тие ќе мораат по секоја испукана граната да се чека топот да се тркала наназад, а потоа повторно да се враќа на истото место.

За Германската тактика во текот на таа војна се формирал нов збор - „auftragstaktik“, што би можело да се преведе како „тактика за исполнувањње на налогот“. Била едноставна но многу ефикасна и делотворна. Командантите на фронтовните (предните) единици имале, во рамката на општата стратешка замисла, слободно да маршираат во правецот на топовските покања, затоа што можело да се очекува дека пресудниот притисок е таму каде што стојат топовите кои пукаат. Стратешката генијалност на генералот Хелмут фон Молтке (гер. Helmuth Karl Bernhard Graf von Moltke) - (1800—1891 г.) се состоела во тоа што бил способен да се прилагоди на околностите со тоа темпо со кое околностите произлегувале, а не ја присилувале својата армија да се вклопат како „коцки“ во некој однапред нацртан план - накратко, фон Монте, за своето време, бил брилијантен опортунист.

Пешадијата многу брзо научиле дека одењето „построен“, напред, вопресрет на цевките на пушките е исто што и самоубиство, сега кога пушките биле со полнење и репетирање одстрана. Бидејќи сега пушките сега „сечеле се живо“, уништувајќи ја армијата. На Шпихерен (гер. Spicheren), 8 август 1870 година, околу 12% од 420.000 построени Пруси биле убиени или ранети во рок од 12 часа - најчесто од артилериското и пукањето од пушки од близу. Подоцна, Прускиот генералштаб ќе ја анализира Битката кај Шпихерана и ќе направи математички таблици за бројот на мртви и ранети. Десет дена подоцна, на 18. август, кај местото Гравелот Сен Прива (фр. Gravelotte St. Privat), принцот Август од Виртемберг му наредил на еден „гардијски пук“ да јуриша во збиена формација, без поддршка од артилеријата, но затоа со звуците на трубите и тапаните, на Француската пешадија наоружана со пушки „Шасповки“. Резултат бил потполн масакр: за време од околу 20 минути загинале 8.000 војници и офицери - 68% од вкупниот состав на таа единица. Никој од Прусите не успеал да се доближи на 550 метри до Французите. Оваа случка била само почеток од она што ќе се дешава за 40 години.

Меѓутоа, Пруската армија извлекла поука од случката на Гравелот. Како прво, во Битката кај Седан на 1 септември Пруската пешадија малку причекала, препуштајќи артилеријата да го заврши главниот дел од реботата. Исход: во таа голема битка погинале само 850 Пруски војници повеќе но во релативно малатабитка кај Гравелота.

Друго, Прусите на 30 октомври во близина на Париз пронашле нова тактика. Протвнапад на Пруската гарда бил ов јасно построени формации, туку од еден до друг војник биле големи растојаниа и секој се заштитувал и се сокривал позади разни нерамнини на теренот и со тоа никаде не биле „голема мета“, во јуриш тргнувала, час едната, час другата група, но секогаш со жестока огнена поддршка од останатите - кои кои тогаш најчесто ги гаѓале Французите. Дури во 1917 година Германската армија ќе се врати на оваа тактика, со употреба на таканаречените „јуришни одреди“.

Коњаницата сè уште се сметала за елитен дел од војската. Но, оваа војна ќе го разоткрие фактот дека сега оваа коњаница имала само две можности - да изврши самоубиство трќајќи напред или да не прави ништо. На 5 август 1970 година, генералот А. Е. Мишел (фр. Michelle) ја испратил својата бригада да се приближи, низ една падина, на пруската пешадија, кај местото Мосброн (фр. Morsbronn-les-Bains). Биле уништени девет одреди од бригадата, а колку е познато до денес, не умрел ни еден пруски војник. На 14. август, Француските коњаници, припадниците на еден врв на Француската Царска гарда, биле жртвувани кај Резонвил (фр.Rezonville), во сличен самоубијски јуриш кон Пруската пешдаија. А кај Седан на 1 септември 1970 година, Француската коњаница со која командувал генералот Жан А. Маргерит јуришала повеќепати без престан на Германската пешадија. Тоа било херојски чин, па дури и Прускиот крал Вилхелм II од Хоенцолерн, се воодушевил на Француски јазик „Ah! Les braves gens!“, но всушност, и тие извршиле самоубиство. Оние последни неколку преживеани Француски коњаници се вратиле без никаква борба, во тишина, полека, накај Француските позиции - никој не го чепкал; Прусите се разотишле и не ги забележале.

Командантите во следните војни напросто ги игнорирале масакрите кај Мособорн, Резонвил и Седан. Наместо тоа, тие покажувале на еден свети пример: во Битката кај Вионвил (фр. Vionville), на 16. август, шест ескадрони на пруската коњаница во јуриш ја прегазиле Француската топовска линија, и на тој начин ја спасиле Германската пешадија, која до тој момент била во критична ситуација, под неподнослив оган. Адалберт фон Бредоу (гер. Adalbert von Bredow), командант на коњаницата која толку добро се покажала тој ден, и тој напаѓач беше запаметен како "јавање во смртта". Веројатно е последното масовно јуришање на коњаницата, чизма до чизма, во историјата на европските војни. Сепак, оваа победа ја држеше репутацијата на коњаницата како армија до следната војна. Во други ситуации за време на француско-пруската војна, коњаницата била корисна само за извидување и за ненадејни напади врз спротивните линии на противникот.

Артилеријата сигурно влијаеше врз конечниот исход на војната. Купови на „челик топови“ кои се полнеле од назад, со гранати коишто експлодираа веднаш кога ја погодиле метата, со голема прецизност, беше воведен од страна на човештвото во една нова ера на применетата на технологија. Битката кај Седан ја покажа супериорноста на артилеријата. На пример на локацијата наречена Boa de La Garen, десет германски батерии ги изубиле Французите кои беа во една шума. Секоја батерија е насочена на друг сектор шума и во секоја батерија секој топови беше отпуштен на различни височини и затоа со различен опсег, така што целата шума повторно и повторно беше испукувана со гранати. Французите се обиделе да се повлечат, но излегувањето на отворениот простор се влошило, па биле принудени да се вратат во шумата каде што постојано ги напаѓале прусите. На крајот, целата Француска војска го фрлила оружјето и се предаде. По битката, Прусите, по видени резултатите од своја артилерија биле импресионирани: "... купишта урнатини а бранителите ... лежат насекаде, гадно растурени од гранатите; тука труп, а 30 или 40 метри подалеку, рака; на карпести и песочни делови на теренот, на многу места буриња со крв. Сите околу пиштоли и ножеви, ранци и муниција, и голем број на коњи, жестоко искинати и расфрлани ... ".

Битката кај Седана исто така ја демонстрираше и ладнокрвноста на Германските водачи. Канцеларот Ото фон Бизмарк по дипломатски пат ја припремил победата, така што ја информирал владата на Белгија дека ако војниците на Францускиот маршал Патрик Мак Маона (фр. Marie Edmé Patrice Maurice, comte de MacMahon), таканаречени „шалонски војници“ преминат во Белгија, а Беллгијската влада не им ги одземе оружјата, тогаш Прусија го задржува правото да ги брка низ Белгија. На основата на ова, генералот фон Молтке бил сигурен дека сига ги има Француските воници во стапица. После тоа, потполно смирено се дошетал до висините позади местото Фреона, за потоа заедно со Вилхелм I и група на Германски принцови, со кои одеа и бројни странски воени надгледувачи - меѓу нив и американскиот генерал Шедридан (анг. Philip Henry Sheridan) – (1831-1888. година), еден од главните команданти на Северот, да гледаат маси од Француски војници како беспотребно умираат. Битката кај Седана ја зацврситла Германската војно-оперативна вештина наречена „кеселшлахт“ (гер. Kesselschlacht), што би можело да се преведе како битка во опкружување, т. е. битка ссо опколување и потполно уништување на противникот. Тое се одвивало така што се опколувале големи непријателски сили, а потоа со одбранбена тактика, со супериорен оган (пукање врз нив), ја дочекува и уништува секоја единица која би пробала да се пробие низ „опкружувањето“.

Французите никако не успевале да ги пронајдат своите единици. Куририте им залутале, бидејќи не го знаеле патот и не можеле да го пронајдат. Командантите, без мапи, и наредувале на војската де тргне во погрешна насока. Од мртвите коњи не можело да се помине низ многу битните „ниски делови“ на многу од патовите. Војниците марширеле сè додека не би се судриле со другите, исто така Француски војници, кои оделе во спротивна насока а да не знаеле каде одат. Накратоко, тоа било, може слободно да се рече, Марфијавиот закон применет за војување. Меѓутоа Битката кај Седана ги присилила и Прусите да сватат дека Францускиот народ одбил да го прифати поразот на својата империјална армија и заробувањето на Наполеон III. На чело на движењето кое барало „војна до крај“ (фр. la guerre a outrance) биле Леон Гамбета (фр. Léon Gambetta) (1838—1882) и Шарл де Фрејсине (фр. Charles Louis de Saulces de Freycinet) – (1828—1923). Потоа повторно доаѓаат идеи од 1793 - се воведува принудно читање на патроитски текстови, реквирирање на намирниците и се друго што му е потребно на фронтот, лекари, архитекти, инженери и научници; а и почнале повикувања да се вратат масовните регрутации и комитети за јавна безбедност - накратко, цела нација да земе оружје во раце. Благодарение само на тоа што на море била појака од Прусија, Франција успеала да внесе, од Велика Британија и САД, огромен број на оружје.

Француско-пруската војна предизвикала голема бура на национализам во Франција и во Германија.

Последици на природата од војувањето

[уреди | уреди извор]

Како главни последици од оваа војна, најважните се двете најважни работи кои ја разликуваат севкупната, досега позната, природата на војувањето: појавата на Генералштабот и унапредувањето на воената медицина.

Центарот на нервите на целата армија, генералштабот, беше модернизиран, така што се состоеше од специјално обучени офицери кои би го координирале функционирањето на сè друго. И повторно Прускиј прво започнала. Нејзиниот генерал Герхард фон Шарнхорст (гер. Gerhard von Scharnhorst) прв на свтот воспоставил таков генералштаб во 1806 година, спосоен да владее со стратешки, тактички и оперативни аспекти на технолошката револуција во војската.

Фон Молтке, со надмоќната сила на неговиот интелект и личност, го подигна овој генералштаб на ниво на неспорна доминантна сила во рамките на воената организација. Никој, или речиси никој, не се обиде да го оспори. Генералштабот послушно не прифаќаше нешто што би се му паднало на некој во Министерството за војна; тој доби право да комуницира директно со командантите на единиците, па дури и привилегија за директен пристап до кралот.

Брилијантните Пруски победи во Кениграк (Königgrätz) во 1866 и Седан во 1870 година многу други земји биле принудени да го имитираат овој Пруски систем на Врховниот штаб - Австроунгарија ги усвоила во 1871 година, Франција 1883, САД 1903, Велика Британија и Русија 1906 и поголемиот дел од Латинска Америка до 1914 година.

Во Прусија војната со Австрија ги разоткрила сите слабости не само на артилеријата, туку и на војната медицина. На совет на армискиот хирург Г . Ф Ф. Лефлера (гер. Löfler), кралот Вилхелм I Хоенцолерна повикал конференција на водечките хирурги, а како резултат на тоа било извршување на комплетната реорганизавија на војно-медицинската служба. Покрај тоа зголемени се доброволните одреди на болничари.

Во Француско-Пруската војна точно се знаело кој хирург бил надлежен да командува со медицинските единици приклучени во секоја армија... Еден главен хирург команувал со воено-медицинските служби на цела армија. Ранетите биле евакуирани од местото. Точно оваа војна, влегла во историјата по тоа што по првпат во некоја голема војна во која број на умраните на бојното поле бил поголем од умрените од разни болести - туфус, дизентеријa, вариола верa и сл. Дел од одговорот на ова прашање лежи во фактот дека Пруските војници, за разлика од Француските, пред војната добиле вакцина против некои болести, т.е. од вариола вера. Така од неа се разболеле само 4.835 Пруски војници, а 14.178 Француски.

  1. Howard, pp. 55–56.
  2. Howard, pp. 56–57.
  3. Howard, pp. 55–59.
  4. Howard, pp. 222–230.
  5. G.Wawro. The Franco-Prussian War. The German Conquest of France in 1870–1871. Cambrige University Press.2003. p.235
  6. Taylor, Bismarck, p. 126
  7. Howard, pp. 357–370.
  8. Die Reichsgründung 1871 (The Foundation of the Empire, 1871), Lebendiges virtuelles Museum Online, accessed 2008-12-22. German text translated: [...] on the wishes of Wilhelm I, on the 170th anniversary of the elevation of the House of Brandenburg to princely status on 18 January 1701, the assembled German princes and high military officials proclaimed Wilhelm I as German Emperor in the Hall of Mirrors at the Versailles Palace.