Сала на огледалата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Огледалната галерија во замокот Версај

Галерија на огледала е пространа барокна галерија во замокот во Версај. Таа била изградена во 17 век, како блескава репрезентативна соба на кралот Луј XIV. Била наменета да ги импресионира посетителите на овој апсолутен монарх. Долга е 73 метри, широка 10,5 метри, со 17 големи прозорци од едната страна и 578 огледала од друга страна. Галеријата на огледалата е дизајнирана од архитектот Жил Ардуен Мансар. Била изградена помеѓу 1678 и 1684 година.

Огледалната галерија ги комбинира салоните на војната и мирот. Огледалата биле наместени во 1665 година. Шарл Лебрен насликал повеќе од 1000 m² тавани, со 30 големи композиции. Понекогаш оваа галерија била украсувана со сребрен мебел.

Историски карактер[уреди | уреди извор]

Галеријата на огледала е прославена по свадбата на кралот Луј XVI и Марија Антоанета во 1770 година. На 18 јануари 1870 година тука била прогласена Германската Империја и бил крунисан царот Вилхелм. Со потпишувањето на Версајскиот договор во Огледалната галерија на 28 јуни 1919 година завршила Првата светска војна.