Вакцина
Вакцина или цепиво — биолошки препарат кој го зголемува имунитетот кон некоја болест.
Видови
[уреди | уреди извор]Онеспособени вакцини
[уреди | уреди извор]Вакцини добиени од цели микроорганизми кои се онеспособени по хемиски, топлински или на друг начин. Овие вакцини не можат да ја повратат својата вирулентност, но обезбедуваат послаб имун одговор, поради што е потребно ревакцинирање. Во оваа група спаѓаат вакцината за детска парализа, беснило, колера, инфлуенца.
Атенуирани вакцини
[уреди | уреди извор]Вакцини добиени од живи микроорганизми, кои се ослабени, најчесто со култивација во субоптимални услови (процес наречен атенуација) со што се намалува нивната способност да ја предизвикаат болеста. Несаканите ефекти се јавуваат кога ќе дојде до неконтролирано размножување на бактеријата од вакцината поради имунодефициенција.
Токсоид вакцини
[уреди | уреди извор]Токсоид вакцините се добиени од онеспособени токсини од бактериите кои произведуваат токсини. Примери за вакви вакцини се вакцините за тетанус и дифтерија.
Вакцини со подединици
[уреди | уреди извор]Овие вакцини се добиени од подединици на микроорганизмот кој ја предизвикува болеста, како што се специфични белковини и полисахариди.
Историја
[уреди | уреди извор]Првата откриена вакцина е вакцината против големи сипаници од страна на Едвард Џенер во 1796 година. Втората генерација на вакцини била воведена во 1880-тите од страна на Луј Пастер, кој ги развил вакцините за птичја колера и антракс.
Вакцината како тема во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Вакцина“ - краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[1]
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|
- ↑ Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 200.