Имунитет

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Електронско-микроскопска слика на нормална човечка крв која циркулира. Можат да се забележат еритроцити, неколку округли леукоцити (вклучувајќи лимфоцити, моноцит и неутрофил) и многу мали, дисковидни тромбоцити.

Имунитетот е способност на организмот да дава отпор на болести со идентификација и уништување на туѓи супстанци или организми. Иако сите животни имаат некои имуни можности, малку се знае за немамалискиот имунитет. Цицачите се заштитени со различни заштитни механизми, од кои некои се неспецифични (на пример, бариери каква што е кожата), а другите се високоспецифични (на пример, одговорот на антителата).

Имун одговор[уреди]

Електронско-микроскопска слика на еден човечки лимфоцит.

Главните делови на имуниот систем се коскената срж, тимусот, лимфниот систем, тонзилите и слезината. Лимфните јазли, крајниците (тонзилите) и слезината дејствуваат како стапици и ги уништуваат антигените од лимфата, воздухот и крвта, соодветно. Антигените се молекули на кои телото реагира со производство на антитела, високоспецифични протеини познати и како имуноглобулини. Во антигени спаѓаат бактериите и нивните токсини, вирусите, малигните клетки, туѓите ткива и слично. Нивното уништување се доостварува со белите крвни клетки (лимфоцитите, гранулоцитите и моноцитите спомнати погоре), кои се произведуваат и постојано се заменуваат од страна на клетките во коскената срцевина. Двата типа на лимфоцити се наречени В- лимфоцити (В-клетки) и Т-кимфоцити (Т-клетки). В-клетките се одговорни за производството на антитела во т.н. "хуморален имунитет".

Моноклоналните антитела се користат за дијагноза на малигните тумори, за следење на болеста после терапијата, но се користат и во третман на некои малигни болести.

Во терапијата се употребуваат самостојно, или се врзани за токсини, радиоизотопи или цитостатици, со цел да се зголеми нивната антитуморска активност.

Предноста на терапијата со моноклонални антитела е во нивното селективно дејствување на туморското ткиво и минималната токсичност.

Проблеми кои сеуште ја ограничуваат нивната поширока примена се:

  • ниската количина на инјектираните антитела кои фактички доспеваат до туморот,
  • слабата дифузија на имуноглобулинските молекули низ поголема туморска маса,
  • нивно инхибирање од страна на растворливи антигени, кои, врзувајќи се со нив го спречуваат нивното врзување за туморскиот антиген.

Голем проблем е НАМА – фемомонот (human anti-mouse antibodies), односно создавање на антитела против имунизираните глувчешки клетки, од кои се добиваат моноклоналните антитела. Тие антитела ги инактивираат инектираните моноклонални антитела. Продукцијата на НАМА е ублажена со произведување на рекомбинирани моноклонални антитела, кои имаат хумани антитела и глувчешки антитела во имуноглобулинот.

Во клиничка употреба, засега најефикасно дејство има Rituximab, моноклонално антитело кое се користи во третманот на не-Хочкин лимфомите од Б-типот. Тој се врзува за антигенот CD20 на мембраната на незрелите или зрелите Б-клетки, како и за клеките на лимфомот.

CD (cluster of differentiation) претставуваат „обележувачи“ т.е. антигенски молекули кои се наоѓаат на површината на лимфоцитите. Rituximab ја активира апоптозата (програмираната смрт на клетките), го спречува размножувањето на малигните клетки, и ја згомелува осетливоста на туморските клетки кон цитостатиците.

Кај пациентите со не-Хочкин лимфом, терапијата со Mabthera дава тераписки одговор кај 50% од пациентие, кои биле претходно лекувани со интензивна терапија и кои не дале одговор на истата.

При лекување на релапс на болеста, исто така, се постигнува тераписки одговор кај 44 % од пациетите.

Терапијата со Mabthera може да се користи истовремено со цитостатската терапија, при што терапискиот одговор е дури 95%.

Несаканите ефекти од терапијата со моноклоналните антитела се: покачена телесна температура, треска, гадење, општа слабост и малаксаност. Овие несакани ефекти се јавуваат на почетокот на терапијата и постепено исчезнуваат.

Моноклоналните антитела може да се врзат со токсини од растително потекло (рицин и други), со бактериски токсини (токсини од corinebacterium diphteriae, pseudomonas aeruginosa), со цитостатици (doxorubicin) или со радиактивни изотопи (радиоактивен јод Ј-131 и радиоактивен итриум Y-90).

Целта на врзувањето на моноклоналното антитело со радиактивен изотоп е да комплексот антитело-изотоп, вRзувајќи се за антиген позитивната туморска клеткa, ги озрачи и соседните антиген - негативни клетки. Засега, изотоп кој најмногу ветува е итриум-90 поради неговите поволни физикални својства. Тој е бета емитер со просечна продорност на зраците од 6 mm.