Крвни плочки

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тромбоцит)
Прејди на: содржини, барај
Крвни плочки
Red White Blood cells.jpg
Од лева страна: црвени крвни зрнца, крвни плочки и бели крвни зрнца.
Податоци
Назнаки
Латински thrombocytes
Код TH H2.00.04.1.03001

Крвни плочки (тромбоцити[1]) — цитоплазматични парчиња во крвта и се едни од формативните елементи. Имаат бела боја и се големи околу 4 µ. Тие содржат ткивна материја серотонин и ензим тромбокиназа, кои лесно се ослободуваат при кршење на плочката. Со тоа крвните плочки имаат клучна улога во хемостазата, поточно во згрутчувањето на крвта (за да се спречи крварење). Ако некој крвен сад е оштетен (на пример, со пресекување или со модринки), крвните плочки брзо одат на местото и се групираат за да ја затнат пукнатината.

Недоволен број на крвни плочки може да предизвика често крварење од носот, подолго крварење при пресекување, абнормално добивање модринки, или крварење во столицата, урината или на кожата. Во сериозни случаи, кога бројот на плочките е многу мал, постои опасност од крварење во внатрешните органи или во мозокот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „тромбоцити“ — Лексикон на македонскиот јазик на офф.нет