Сината светлина повеќе е распрскана во гасови кои ја сочинуваат Земјината атмосфера од светлина на други бранови должини, што и дава на Земјата синовиден прстен кога се гледа од вселената.Состав на воздухотОпит колку кислород има во воздухот.
Воздухот — гасовита материја составена претежно од азот (78%), кислород (21%); останатиот 1% го сочинуваат материи како јаглерод диоксид, водород, хелиум, водена пареа и други. Воздухот е неопходен за опстанок на животот на Земјата. Најважен елемент на воздухот за одржување на животот на Земјата е кислородот. Него го користат и растенијата и животните. Животните и човекот не можат да издржат без воздух повеќе од неколку минути. Растенијата, низ процесот фотосинтеза, се најголеми производители на кислород. Водните алги и фитопланктоните се исто така производители на кислород, но со помал интензитет. Уништувањето на шумите и загадувањето на воздухот и водите се фактори кои ја зголемуваат опасноста од намалување на кислородот.
Воздухот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]