Прејди на содржината

Фитопланктон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фитопланктонот е група на планктонски организми како што се автотрофните микроскопски алги (Chlorophyta, Chrysophyta, Phycophyta, Euglenophyta, Dinophytа, Bacillariophyta) и цијанобактериите (Cyanobacteria). Но не мора еден вид да биде микроскопски за да сочинува дел од планктонската заедница. Пример за ова е кафеавата алга Sargassum. Таа припаѓа во редот Fucales (се нарекува и Fucus natans) и слободно плива на површината на водата со помош на меурчиња исполнети со гас. Фитопланктонот е најраспространет во живеалишта со високо ниво на хранливи материи.

Карактеристични особини на фитопланктонот

[уреди | уреди извор]

Многу планктонски алги поседуваат рогчиња, испакнатинки или крилести структури за да ја зголемат нивната површина во однос на волуменот, што не само ја зголемува можноста за земање на и онака ретката храна од околината, туку и ги штити од хербивори. Исто така, повеќето имаат гасни вакуоли кои претставуваат адаптација за полесно лебдење во водата.

Иако во фитопланктонот припаѓаат фотосинтетски организми, сепак, тоа не мора да е секогаш така. На пример, многу видови на динофлагелати се миксотрофни, што значи дека може да станат хетеротрофи по потреба.