Баренцово Море
Баренцово Море | |
---|---|
Местоположба на Баренцовото Море | |
Подрачје | Северноледен Океан |
Координати | 75°N 40°E / 75° СГШ; 40° ИГД |
Вид | Море |
Главни приливи | Норвешко Море, Северноледен Океан |
Сливни земји | Норвешка и Русија |
Површина | 1,400,000 km2 (540,000 ми) км2 |
Прос. длабочина | 230 м (750 ст) м |
Баренцово Море (руски: Баренцево море, норвешки: Barentshavet) — дел од Северноледениот Океан, северно од Норвешка и Русија. Тоа е доста длабоко море, просечно 230м, кое се граничи со Норвешка на запад, островот Свалбард (Норвешка) на северозапад, и островите Земја на Франц Јосиф и Нова Земја (Русија) на североисток и исток. Во средниот век се нарекувало „Мурманско Море“ според крајбрежниот град Мурманск, а денешното име го носи според холандскиот морепловец Вилем Баренц. Има површина од 1.405.000 км2.
Јужните делови на Баренцовото Море до брегот со Русија и Норвешка остануваат одмрзнати преку целата година поради топлите струи од северниот Атлантик.
Морето е богато со рибен фонд и разни видови на птици, и е значаен економски чинител во северните региони на Русија и Норвешка.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- euroarctic.com Архивирано на 27 август 2008 г. News service from the Barents region provided by Norwegian Broadcasting Corp (NRK), Swedish Radio (SR) and STBC Murman.
- WWF Barents Sea Ecoregion Learn more about conservation in the Barents Sea.
- Environment, climate change, and history of exploration (Barents' wintering).
- Oil and gas in the Barents Sea - A perspective from Norway
|