Соломонско Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Соломонското Море

Соломонско Мореморе во Тихиот Океан, помеѓу Папуа Нова Гвинеја и Соломонските Острови. За време на Втората светска војна тука се одиграле повеќе важни битки.

Опфат[уреди | уреди извор]

Според Меѓународната хидрографска организација, Соломонското Море ги има следниве граници:[1]

На северозапад. По југоисточната граница на Бизмарковото Море [Линија од јужниот крај на Нова Ирска долж напоредникот 4°50' ЈГШ до брегот на Нова Британија, по нејзиниот северен брег, а оттаму линија од нејзиниот западен крај преку северниот крај на островот Умбој до ’ртот Телијата, Нова Гвинеја (5°55′ ЈГШ 147°24′ ИГД /  )].

На североисток. По линија од јужниот крај на Нова Ирска до северниот крај на островот Бука, преку него до северозападниот крај на островот Бугенвил, долж јужните брегови на островите Бугенвил, Шоазел, Изабел [Санта Изабел], Малаита и Сан Кристобал [Макира].

На југ. Северната граница на Коралното Море помеѓу островот Сан Кристобал, Соломони и островот Гадо-Гадоа, кај југоисточниот крај на Нова Гвинеја [Островот Гадо-Гадоа кај нејзиниот југоисточен крај (10°38′ ЈГШ 150°34′ ИГД /  ), по овој перидијан до линија од 100 сажени, а оттаму долж јужните рабови на гребенот Улума (Саклинг) и оние кои се протегаат источно сè до југоисточниот крај на гребенот Лавик (11°43′ ЈГШ 153°56′ ИГД /  ) кај островот Тагула [Ванатинаи], а оттаму линија до јужниот крај на островот Ренел и од неговиот источен крај до ’ртот Сирвил, источниот крај на островот Сан Кристобал].

На југозапад. По брегот на Нова Гвинеја и линија од најјугоисточната точка преку архипелагот Луизијада до островот Росел.

Најдлабоко место[уреди | уреди извор]

Во Соломонското Море е сместена Новобританската Бразда, која достигнува длабочина од 9.140 м во Планетската Бездна.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Граници на океаните и морињата, III изд.“. Меѓународна хидрографска организација. 1953. http://www.iho.int/iho_pubs/standard/S-23/S-23_Ed3_1953_EN.pdf. конс. 7 февруари 2010 г.  (англиски)
  2. „Solomon Sea“. Encyclopaedia Britannica. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/553594/Solomon-Sea. конс. 10 март 2012 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]